Како што рече Deni - променлива суспензија.. Само секако не се согласувам со тоа да биде ниска без разлика на цврстината. Цврстината помага за помал бодирол.
Со потврдата суспензија се менува и пренесениот звук од надвор, внатре во кабината, колата станува малку побучна. Поминувањето преку дупки преминува од „ТУП!“ во „БААМ!“
Со поцврста суспензија се менува и риспонсот на шасијата, не е веќе „млитава“ кога ќе завртиш нагло лево/десно со воланот. Нема вееќе кревање/спуштање на предниот дел кога тргнуваш/застануваш.
Мала кола може да биде удобна за возење, ако сакаш да биде таква, не мора да биде цврста и напорна. Пример, новото поло. Удобно е, и дири и малку повеќе по кривини да го „напнеш“ нема да попушти лесно - добро држи.
Некои гајдлајни за амортизација што јас сум ги искусил до сега: Ако ставаш апрејтид (пониски) спирали, стави и апрејтид амортизери.
Ако смениш само спирали, ќе добиеш грубо поминување на дупки и нерамнини, а кога ќе имаш депресии и ипакнувања на патот колата ќе ти скока и плива. нема да биде многу пријатно. Ботиролот ќе се намали, но рибаундот (повратната сила од набивањето) од тврдите спирали нама да биде пригушен од стандардните амортизери.
Ако ставиш апрејтед амортизери на стандардните спирали е подбора варијанта, ама спеак ќе имаш бодирол по кривини и ќе се навалува ко и` претходно, пред да си сменил амортизери. Сепак, ќе се осети подобрување во квалитетот на возењето (за разлика од промена само на спирали, каде генерално го нарушуваш квалитетот на возењето.)