Момци, вака, ми требаат совети и мислења, треба да сменам ребраст и 2 пк комплет.
Понуда бр.1
Митревски, 6000 ден комплет со работна рака, ребрастиот dayco другите 2 некои си хачинсон или како ми ги кажа таму. Гаранција 2 год или 80 к км. Цел ден колата да сум им ја остаел што малку не ми одговара и неќам. Нема повеќе од 3 часа работа така да сакам да сум таму присутен.
Понуда бр.2
Жарко-геге, треба да ми се јави за неговите каиши, иначе рака со негови 1500, со мои 2000. Не очекувам да биде над 6к со негови. Гаранција дава само на нови коли, а пошто мојата е нова ќе ми даде. 4 год или 50 000. Брендовите не ми ги кажа.
Понуда бр.3 од Автолидер со мои каиши, SKF сет ребраст и Power Grip 2-та Pk + рака кај жарко 6170 денари.
И како 4-та опција за која нема да ти дадат гаранција е да си купам Contiteh ( пошто најмногу сум за тие) од Мега Ауто или Солид 3 комада и со сите математики + рака кај Жарко ми испаѓа исто тука некаде 6к.
Јас сакам да знам какви каиши ќе иам у кола, без разлика што ми дава некој гаранција. Не гледам причина да не знам.
Нема ли да згрешам со Contitech? Да одам на таа варијанта? Или да одам со варијантата skf +powergrip? Некако за кај митревски немам кејф да менувам. Кога веќе менувам со делови на мајстор ќе одам кај жарко, ем поголема гаранција во време што ми е побитно, ем фордови работи.