Во сетот на лук одат optiblelt каиши, но зависи кој како ги увезува. Обично увозниците на повеќе истородни брендови ги носат оние кои по набавна цена им се поефтини. Па така во реномирана продавница на авто делови, можеш да најдеш сет, а можеш да најдеш и башка, ама од различен производител.
Секако и гледано во серија. Ако производителот пушта голема серија лагери на пример ( над 200.000 парчиња ) цената е поевтина.
Кога би се прашувал за каиш, јас би ставил само Optibelt . Тоа се каиши во прво вградување кај повеќето германски возила. Кај нас имаше еден увозник од с.Боговиње кој добро тераше, ама не знам како е сеа состојбата.