20% е малце многу Или ептен некој на пумпа те излажал па уместо 40л ти стаил 36 плин, или си ја потценил (преценил?) потрошувачката на бензин
Не бе Симо, над 30000km извозев на плин. Знам што зборам и знам математика.
BTW,
Ако бензинот има 43МЈ/кг, а плинот има 46МЈ/кг, тогаш во 1Л бензин има енергија од околу 32,6МЈ , а во 1Л плин има 27,6МJ, па лесно се стига до пресметката дека бензинот има отприлика 15% поголема горивна моќ по литар.
32.6 / 27.6 = 1.181 т.е. +18.1% што е поблиску до 20% отколку до 15%. Како и да е, и според ова мојата проценка дека потрошувачка на плин во однос на бензин е поголема од 15% до 20% е на место.
Тука сум и јас некаде со поминатите километри, на плин, 15% ја земав окрлуго не се ни сеќавам како заокружував за масата и волуменот на плинот и бензинот. Битно ми беше да кажам дека нема шааанси 1:1 бензин/лпг да биде со иста кола.
BTW, еве податоци за Giulietta,
фабрички конвертирана на LPG, значи посовршено не може да биде стокмен плинот, па видете ги разликите во потрошувачката:
Fuel consumption - Emissions as per directive 1999/100/EC
Urban cycle (l/100km): 8.5 (P) - 10.9 (LPG); 28%
Extra-urban cycle (l/100km): 5.2 (P) - 6.8 (LPG); 30%
Combined cycle (l/100km): 6.4 (P) - 8.3 (LPG);29%
CO2 emissions (g/km): 149 (P) - 134 (LPG);
Со тоа што мора да кажам дека тука конкретно се работи за турбо мотор, кастм мапа, и никаква загуба на снага и момент.
Значи, ако не сакаш да имаш загуба на снага, ќе треба да арчиш 30% повеќе плин од бензин! Кај гојдо и кај мене, нема загуба на снага, затоа што кога ќе го оптеретиме моторчето, бензинските инџектори се палат, па трошиме и по малку бензинче