Глупости во последниве пар страници од темава.. Чудо едно.
Прва забелешка - вокабуларот, мешањето на одредени населени места во негативна конотација, како и "етикетите" за луѓето што не се од Скопје, да се поднамалат. Го донесовте муабетот, као - вие од Скопје што сте, имате сина крв. А прашање е, потеклото од каде ви е. (Пре)многу си го цените.
Друга работа - земјоделието ако била лесна и тоооолку доходовна работа, вие што продавате памет први ќе трчавте да го работите. Од земјоделие, денес, во РМ, имаат ќар само откупувачите. Земјоделците - не. И тоа дека 3 месеци ќе работиш, а после 8 месеци ќе живееш од таа работа, мало сутра. Тоа може само да го каже човек што нема поим од земјоделие. Едно невреме, еден град - и се отиде у курац.
Трета работа - иако знам случај што живее во Скопје, работи таму, баш колку да се каже дека е во Скопје (неговите му ја плаќаат киријата и нешто џепарац, ако зима плата), гарантирам дека никој - ама баш никој не седи во Скопје за 300 денари дневница. Проста математика - 26х300=7.800 денари, односно, народски - куров мој што ќе преживее во Скопје, со неполни 8.000. Тие пари не се доволни за живот во периферијата, каде истиот е дааааалеку поевтин за разлика од ценетото ви Скопје. Едно излегување низ вратата во Скопје, 500-ката се остава на прагот. Живеев во Скопје, цели 10 години, и тоа баш периодот кога беше евтин животот таму, па сите поскапувања, па до неодамна.
Четврто - се, буквално се е во Скопје. Централизацијата е доведена до тоа ниво, што се што е надвор од Скопје, е лефт фор дед. Па, од тука, нормално е секој да си го бара чарето. Не ќе трпи за леб..
Петто - факт е дека луѓето што не се од Скопје, работат повеќе. Ете, сами си кажавте - onak за 50 евра со се материјали, не местел клима. Последици од тоа - не коментирам, иако се слагам со тоа дека така не треба - секоја работа треба да се цени, се слагам дека пазарот на труд си го прави своето, ама.. Тоа е - ќе треба да се прилагодите (за вас од Скопје е муабетот). Не само да се мрчи и да се вреѓа..
Шестто - дисперзирани студии, запиши се на факултет, знаењето е сила, знаењето е моќ, курчеви карики.. Е па, нормално, сум завршил факултет - куров ќе ме натераш да работам физичка работа. Или било кој - завршил, мало морген ќе се врати дома да црнчи за беспари. Ќе црнччи за беспари, ама во Скопје, и (претежно) на струка. Со чест на исклучоци.. Сите се денес со факултет - уште една грешка на Владава - покрај дневно-политичките активности за напредок само на Скопје, која ќе ја плаќаме доооолго време.
Ебате државата, на кино не сум бил едно 7-8 години, од што најблиско кино ми е на 170 километри. Театар.. Ех..
Што е убав животот во Скопје, нема збор. Под вистински околнотсти, веднаш и јас би се преселил.
Сфатете веќе еднаш - никој не се двои од домот, ако не мора. Точка.