Автор Тема: Вработување  (Прочитано 578211 пати)

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Вработување
« Одговори #2040 на: 13 Септември 2014, 19:09:39 pm »
Јас па на пример не познавам ниту еден што му е шема да живее во Скопје и оставил и семејство и другари само и само за да живее во Скопје па макар и да работи за 250-300ден. дневница.
Тоа е пазарот и таа е конкуренцијата, само времињата се менуваат...
Доаѓаат нови генерации што тек сега пробуваат да створат некаков капитал за да го прехранат семејството, а квалитетот ќе си се покаже, нема таму бегање, не сега во ова време кога е многу лесно да дознаеш информација.
Го следам муабетов уште од вчера и никако да се одлучам кој facepalm да го ставам :) не очекував вакви размислувања овде.
Зар вие тоа стварно мислите дека "провинцијалците" се дојдени пошто не им се работи по нивите дома во Пичкиндимово, зар стварно мислите дека надвор од Скопје има само работа по ниви и чување овци...
И на крај на крај што би работел еден студент на кој ајварот му е главен адут за егзистенција, кај да одат двајца од различни места провинции што ги викате, што се сретнале во текот на студирањето и останале да живеат заедно?

Барем на пола да беа средени работите во државава голем голем дел од овие "провинцијалци" ќе си живееа и ќе си ствараа дом и семејства дома покрај своите блиски.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Re: Вработување
« Одговори #2041 на: 13 Септември 2014, 19:48:00 pm »
Da vi kazam pravo vrska si nemate. Koj ste Vie da posocuvate koj sto treba raboti I kaj da raboti. Ako si go ispotite gzot Ke si lapate paricka, a koj Kako zarabotuva I kolku ic takvoto da ne ve boli.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2042 на: 13 Септември 2014, 20:31:02 pm »
Трпе, тоа е наједноставниот полу-одговор на прашањето кој во исто време е неточен. Што да се прави, тоа е.

А еве пошто ние Скопјани ги „мразиме“ провинцијалците (патем од каде курац таков збор провинцијалци, ко македонија да е некоја империја па има покорени провинции) и сме говеда вредни за facepalm, нејсе некој друг размислувал на таа тема и дошол до истите заклучоци, ама веројатно и во америка се такви форумите и лобито провинцијалско исти како тука па морале тоа да го прикажат во форма на пародија: http://southpark.cc.com/full-episodes/s08e06-goobacks
« Последно менување: 13 Септември 2014, 20:41:44 pm Миле Џонтра »

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Re: Вработување
« Одговори #2043 на: 13 Септември 2014, 20:48:35 pm »
Eve Kazi kaj da odat ljugeto da rabotat. Vo amerika avstralija..... Mesto da doagaat vo Skopje..... Vol Probistip na primer nema rabota a zavrsil elektro..

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Вработување
« Одговори #2044 на: 13 Септември 2014, 20:51:59 pm »
Џонтра, абе ти едно време не бараше стан под ќирија во Битола, за да се вработиш во една реномирана фирма, фирма над фирмите?
Шо бара некој од „метрополата“ во провинција ако смеам да знам? ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Вработување
« Одговори #2045 на: 13 Септември 2014, 20:56:17 pm »
Џонтра, абе ти едно време не бараше стан под ќирија во Битола, за да се вработиш во една реномирана фирма, фирма над фирмите?
Шо бара некој од „метрополата“ во провинција ако смеам да знам? ;D

Уууу  ;D ;D



Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2046 на: 13 Септември 2014, 20:59:21 pm »
Гледај ја епизодата па ќе правиме муабет :)

Шала на страна, велиш завршил електро па што ќе прави во пробиштип? Па во пробиштип имаат ли струја или на газје се осветлуваат?
Што не завршил полјоделство?

Абе луѓе, што коментирате кога не се разбирате од проблематиката?? Знаете ли дека постојат научници од областа на економската мисла и социологијата кои формирале школа која учи дека земојоделството е најважниот двигател на светските економии? Истите тие школи школи формираат модел според кој бруто домашниот производ треба да се калкулира исклучиво според вредноста на земјоделското производство. Знаете ли вие дека во секоја друга гранка може да постои превработеност освен во земјоделството? Земјоделството е единствена либерална гранка каде не постојат никакви ограничувања од страна на државата и никакви оданочувања?

Аман, оставете ја гордоста на страна за момент, образувајте се малку.

@ Ipkisija друже јас сум работел и во поголема дупка од Битола односно Сети Николе. МИК Свети Николе ме најмија да бидам консултант за нив и ме платија колку цело маало во Свети николе што има приходи. Немаше ли интердисциплинарни економисти-информатичари? Мораше ли јас да се акам од Скопје секој ден до таму? Мораше ли Битолската фирма по истиот модел да ме бара за во Битола? М?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Вработување
« Одговори #2047 на: 13 Септември 2014, 21:02:42 pm »
Е па слично и случајов со овие пријателиве мои. Немаа квалитетен кадар во Скопје, па мораа да увезуваат од провинција. Фирмата мора да оди напред, а не можи со секој тоа ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2048 на: 13 Септември 2014, 21:08:52 pm »
Нејќам да се правам „курац“ тука, но потребно е информирање прво, зошто гледам постовите погрепшно се интерпретираат.

Сериозно, погледнете го филмчето од линкот, крајните 50 секунди го даваат одговорот на сите ваши прашања.
« Последно менување: 13 Септември 2014, 21:19:33 pm Миле Џонтра »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #2049 на: 13 Септември 2014, 21:19:56 pm »
Дискусијата ја терате во сосема погрешна насока.

Проблемот јас го гледам во неинвестирање во помалите места, за локалното население да има работа, а со тоа и начин да преживее.

Пример кој можам да го дадам е следниот - пред 2 години бев во Битуше. Мало селце позади Маврово, односно над Ростуше. Многу убаво место. Тивко и мирно. Во самото село има неколку огромни хали, останати од времето. Ме интересираше што се, па напраив муабет со еден-двајца локалци. На времето, во таа хала, во тоа селце во планина се произведувале некакви автомобилски делови за потребите на Застава (ако ме лажеле мене, и јас ве лажам вас). Халите се забележливо големи, се гледаат и на Google Earth.

Е сега, приказната што локалците ја раскажуваат е дека порано се живеело од работата што ја имале луѓето во тој погон. Мал погон, реално, ама ете, имало работа за локалците. Многу од нив завршувале некое средно техничко училиште, некои од нив и факултет, и се враќале за да работат во тој погон. Сите среќни, бидејќи си биле блиску до семејствата и до домовите.

Неколкумина тука спомнаа дека во малите места нема работа. Нема, се слагам. Срање е, и за тоа се слагам. Има некоја иницијатива да се живнат работите, ама нити можеме, нити смееме да очекуваме дека државата ќе ни ги реши проблемите. Имам неколку другари, односно бивши колеги кои се вратија во родните градови откако ќарија странски клиенти па можат да работат од дома, или пак да основаат мали фирмички во своите помали градови и таму да функционираат, и значително да си ги намалат трошоците.

Дека Скопје се преплави, се преплави. Дека станува жабокречина, станува. Јас разбирам зошто младите доаѓаат во Скопје - затоа што не гледаат потенцијална егзистенција во своите родни градови. Не е Македонија само Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија, Охрид и уште пар други поголеми градови. Македонија е и Македонски Брод, Пробиштип, Кратово, итн. Места каде има прекрасни луѓе, кои маката ги натерала да избегаат. Да не праиме муабет дека живеењето во помалите места, во споредба со живеењето во Скопје е драстично поограничено - нема кино, нема театар, нема ништо од оние работите кои се потребни за нормален живот.

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Вработување
« Одговори #2050 на: 13 Септември 2014, 21:31:00 pm »
^ Потполно се сложувам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вработување
« Одговори #2051 на: 13 Септември 2014, 21:38:48 pm »
Порано кога немало телевизија луѓето од селата не ни знаеле што има таму далеку зад ридот.
Сега кога се гледа свашта на телевизија и секој се информира какви убаини има таму далеку некаде, тогаш на сите им доаѓа на идеја да го напуштат селото и да _________ за да останат во грaдот ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #2052 на: 13 Септември 2014, 21:46:48 pm »
Да не праиме муабет дека живеењето во помалите места,(....) е драстично поограничено - нема кино, нема театар, нема ништо од оние работите кои се потребни за нормален живот.

Тоа е основната причина зошто сите си патиме. И тие што дошле, и ние што родителите(на нашите родители) ни` дошле во Скопјево.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Вработување
« Одговори #2053 на: 13 Септември 2014, 21:52:53 pm »
да да баш кино и театар е тоа што е потребно за нормален живот :D јас ви гарантирам дека со плата од 40к месечно во штип нема ни да ви текне да живеете во скопје. и сопругата да зема 18к ете ги 1000 евра. багатела живот овде секој ден да си јадеш по ресторани и пак ќе ти останува.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #2054 на: 13 Септември 2014, 21:57:30 pm »
Ах бе кими, некогаш многу ме веселат твоите плитки размислувања :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.