Ја читам подолго време темата и не можам да чактисам за што поточно е. Испаѓа како да се повеќе теми за вработувањето споени.
Нема врска, ќе дадам коментар околу последната мисла, работата во Скопје и работата во провинција.
Ќе се надоврзам на @Vasil што кажа дека и во Скопје имало луѓе кои работеле за 8000 денари. Тоа е точно. Според мене, Скопје има многу повеќе работодавци во однос на другите градови што е и логично и можеш многу побрзо да најдиш работа, но тоа не значи дека е повеќе платена. Пример со мене, уште дури бев Скопје, пред да дипломирам ми нудеа работа за 15000 денари. Као демек почетна, ќе растела, бла, бла.. Не се нафаќав бидејќи таа истата работа ќе ја најдев и Битола за тие пари. Разликата беше што минимум 11-12000 денари од тие пари ќе ги давав за кирија и јадење/пиење. Зборам за најобично живеење.
Во последно време и Битола има се повеќе и повеќе компании за ИТ. Само кај мене во зградата каде што работам има 6-7. Си ја викам силиконската зграда
Некои работат на свои проекти, некои аутсорсинг, но тоа не е битно тука..
..ти ти тииииит (завршија 2 минути)