конкуренција? ти тоа го нарекуваш конкуренција? чекај бе ало... јас работам 1,5 деценија во приватен сектор. доаѓа некое пичлеме што не му се орало и копало (не е битно од каде, немора од валандаово да е) и почиња да работи со едвај 10% од реалната цена, само за да остане во скопје, а мање више, појма нема од работата.. и кога ке испосере се, пак клиентите ги викаат професионалците со искуство и пак истиве неможат да наплатата затоа што за основната работа било наплатено многу ниско... како можеш да наплатиш за сервис 100 евра ако иницијалната инвестиција била 50? ме конташ? тоа не е конкуренција, тоа е девалвирање на пазарот на трудот. а на државата тоа и одговара.. после ке читаме дека македонија била промовирана како држава со низок стандард, бенефицирани давачки (за инвеститорите и тоа само странски) и ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА. ке отвараат погони низ македонија а основна плата ке им биде 10.500 денари... е тоа е резултат (нај многу) на девалвирањето на работната рака-сила.
еве конкретно ке те прашам тебе.. зашто не се преселиш во скопје да живееш? зашто си сеуште дома? (нејкам градот да го пишам ти пиши го)... јас го знам одговорот, ама ај ти кажи го јавно (или барем на себеси) и ке добиеш одговор или потврда уствари и на претходниот мој текст...
познавам еден куп успешни луѓе кои се несакаат скопје да го видат... идат во скопје само по работа-состанок, еднаш месечно и кога ке завршат брже боље надвор од него... и така и треба да биде....
еве уште еден пример... бидејки целиов муабет тргна од членот што бараше работа како келнер...
во локалното кафанче што ни е, кога е седнеме.... само газдата е скопјанец. вработените (скараџија, 2 келнерки, 2 келнера, садомијачка, и 1 маркер) сите се од внатрешноста... и сите работат за НЕВЕРОЈАТНИ 300 ДЕНАРИ ДНЕВНИЦА... кој е крив? газдата? не бе брат, не егаздата крив. криви се тие што прифаќаат за толку малку да работат.
ете го мехатроника.. бара мајстор за 300 евра+пријавен и осигуран+бонусчиња за екстра останување после раб. време, да му работи во сервис со полно работно време... е нема да најде бе... неможе да најде 6 месеци више... и сега се преорентира чирак-почетник да бара... а зашто? затоа што автомеханичарската работа е исто така деликатна како и секоја друга професионална, а мајстор како мајстор, ако го бива 300 евра ке ги заработи поправајки од дома во гаража... никој не му се нуди за тиа пари и автоматски не се девалвира тој дел од работниот сектор-работната сила...