Автор Тема: Вработување  (Прочитано 578921 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #1635 на: 15 Јули 2014, 12:25:53 pm »
Затоа велам Австрија или Германија, не Австралија :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #1636 на: 15 Јули 2014, 12:29:17 pm »
Е добро де Австралија не е окупирана од Македонци,пример сестрами кај шо живеат со стап да бараш други Македонци околу нив нема.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Вработување
« Одговори #1637 на: 15 Јули 2014, 12:29:38 pm »
За брдото пари дека преку ноќ ќе ги напраиш, тоа потешко, за тоа се согласувам комплетно. Не знам ни дали пред 20 години било така.

У најмала рака, квалитетот на живот е драстично подобар. Не се замараш со глупости, пропаганди, квази-пропаганди, „експерти“, влади, партии, Бени, Панки, сељачизам со лопата да го ринеш...

Порадо би идел на фарма у Австрија или Германија, него ли тука да седам.

Таму да можеш (а неможеш) скрос да се изолираш од Македонци ти е најубаво.

Македонците таму се посебна категорија на луѓе. Очекував да се страшни, ама она биле БОЛНИ луѓе.

Иначе поделени се со црквата. Едните со МПЦ, едните со нивната.

Се растураат бракови, 50 години пријателства, ...зошто едните биле од една црква другите од друга.

Пример ако си крстен во Св.Петка во Мелбурн, а жената во Св. Наум...не ти дозволуваат да се венчаш.

Таму нели даваат сертификат за брак од црквите. Епа нема да ти го дадат ако двата сте од „различна црква“.

Сите нив ги следат (Македонците), им давале ГМО...плаќале повеќе данок од другите...сакаат да се вратат во МК да отворат фарма ...и сл. муабети :)

Се палат ко млади мајмуни на секоја певаљка шо ќе стапни таму (оти таа е чесна и е од стари крај).

Сите се оговараат меѓу себе, дека тие се најработиливи, а овие другите дека биле мрзливи, не наоѓале работа, на буко имале 500000 долари (заштеда), ...итн итн.

СИТЕ гледаат Сител (да, сите МК канали ги има и таму Канал 5, Алфа, Сител, Телма) ...коа ќе видиш...


Вакви такви ама истите си работат и си печалат. Ти правејќи се подобар, пософистициран, попаметен од нив си дојде дома.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #1638 на: 15 Јули 2014, 12:31:34 pm »
Би сакал да прочитам паралела за едно просечно македонско семејство, во Македонија. Значи истите ставки од анализата на Карпатиан, само заменети со македонски цени и македонски еквиваленти. :)
Доколку за многу луѓе е табу тема да си го откријат домашниот есап, ќе седнам јас и ќе напишам како моите дома се снаоѓаат со нивните "плати" и зошто мислам дека и 5 долара за леб е подобро од ова што го "живееме" овде.
Мајка ми - 300 евра плата, татко ми - 400 евра пензија, јас 400 евра плата, се вкупно 1100 евра. Сметки 7000 денари, трошоци за храна 13000 денари, вкупно 20000 денари. 70000 - 20000 = 50000:3= 16000 денари по човек месечно остануваат :) 16000:30 = 520 денари за ни лук јал ни лук мирисал дневно :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #1639 на: 15 Јули 2014, 12:33:26 pm »
Daj 100 evra na zaem? :D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #1640 на: 15 Јули 2014, 12:38:31 pm »
Немам  ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #1641 на: 15 Јули 2014, 12:40:02 pm »
Иначе поделени се со црквата. Едните со МПЦ, едните со нивната.

Се растураат бракови, 50 години пријателства, ...зошто едните биле од една црква другите од друга.

Пример ако си крстен во Св.Петка во Мелбурн, а жената во Св. Наум...не ти дозволуваат да се венчаш.

Таму нели даваат сертификат за брак од црквите. Епа нема да ти го дадат ако двата сте од „различна црква“.

Интересно. Не сум знаел дека е до толку. А што ако некој не е од ниту една црква?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Вработување
« Одговори #1642 на: 15 Јули 2014, 12:49:22 pm »
Би сакал да прочитам паралела за едно просечно македонско семејство, во Македонија. Значи истите ставки од анализата на Карпатиан, само заменети со македонски цени и македонски еквиваленти. :)
Доколку за многу луѓе е табу тема да си го откријат домашниот есап, ќе седнам јас и ќе напишам како моите дома се снаоѓаат со нивните "плати" и зошто мислам дека и 5 долара за леб е подобро од ова што го "живееме" овде.
Тоа е таа комедија за која зборувам, ама некако не се сфаќа изгледа тоа. :) :) :)

@Карпат, значи за тазе дојденец математиката пак ти испаѓа во соооолиден плус. Се надевам дека може да си направиш една проекција за како би ти било после 20 години - односно како би и било на следната генерација.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1643 на: 15 Јули 2014, 12:49:59 pm »

Вакви такви ама истите си работат и си печалат. Ти правејќи се подобар, пософистициран, попаметен од нив си дојде дома.

Ти ич да не му ја сеќираш...си ја средив јас работата...ти гледај си ја чергата ;)


@Карпат, значи за тазе дојденец математиката пак ти испаѓа во соооолиден плус. Се надевам дека може да си направиш една проекција за како би ти било после 20 години - односно како би и било на следната генерација.

Точно, не велам дека не се прават пари ако си роден, растен таму и имаш соодветно нивно образование.

Реков јас, големи пари не се прават ни по 20 години (за нас зборам) за идните генерации со многу труд и соодветна професија можно е.

Но, по 20 години ќе биде уште полошо,...благодарение на отворената врата за Кинезите и outsourcing-от на Индијците.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #1644 на: 15 Јули 2014, 14:05:12 pm »
@Carpathian, јас разбирам кукање, кукање, ама ја претера брат. Моја братучетка, која добро работеше тука, со завршен економски факултер, заедно со сопругот, имаа пристоен живот, обезбеден стан и солидна заработка, ставија клуч на фирмата на сопругот, напушти работа, и се отсели во Автстралија. Пред 5 или 6 години. Таму, мажот - столар по занимање, веднаш најде солидно платена работа, она најде работа во книговодствено биро, а во меѓувреме дополагаше испити за нивните книговодствени стандарди. Ќерката ја запишаа во државна градинка, сега е веќе голема и во школо. Сега имаат и второ дете, родено таму, уплатено куќа, добро им оди и на двајцата, живеат во прилично елитна и мирна населба во Мелбурн, и нема шанси да се вратат назад. Тетка ми и тетин ми, секоја година се таму на по неколку месеци, и цело време се фалат за стандардите на живот таму.

Значи, не е се` така црно, не е лошо како што кажуваат тие кои не успеале. Многу луѓе, многу прикаски. Јас имам уште двајца први братучеди отселени за време на школување од МК, ама тие се друга прикаска, нив не ги кажувам пошто ајде, се школувале и нашле работа и живот во странство.

Искрено, мене да ми се пружи сега прилика, јас веднаш би ги спакувал куферите за да се отселам од државава сосе фамилија. Пред се`, за да им обезбедам пристоен живот на моите деца. Да, можеби ќе црнчам во две смени (ништо поразлично од тука), ама барем на крајот од денот кога ќе си легнам и затворам очи, ќе видам посветла иднина за моите деца. За мене - па веќе и не е толку битно :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Вработување
« Одговори #1645 на: 15 Јули 2014, 14:06:20 pm »
За брдото пари дека преку ноќ ќе ги напраиш, тоа потешко, за тоа се согласувам комплетно. Не знам ни дали пред 20 години било така.

У најмала рака, квалитетот на живот е драстично подобар. Не се замараш со глупости, пропаганди, квази-пропаганди, „експерти“, влади, партии, Бени, Панки, сељачизам со лопата да го ринеш...

Порадо би идел на фарма у Австрија или Германија, него ли тука да седам.

Таму да можеш (а неможеш) скрос да се изолираш од Македонци ти е најубаво.

Македонците таму се посебна категорија на луѓе. Очекував да се страшни, ама она биле БОЛНИ луѓе.

Иначе поделени се со црквата. Едните со МПЦ, едните со нивната.

Се растураат бракови, 50 години пријателства, ...зошто едните биле од една црква другите од друга.

Пример ако си крстен во Св.Петка во Мелбурн, а жената во Св. Наум...не ти дозволуваат да се венчаш.

Таму нели даваат сертификат за брак од црквите. Епа нема да ти го дадат ако двата сте од „различна црква“.

Сите нив ги следат (Македонците), им давале ГМО...плаќале повеќе данок од другите...сакаат да се вратат во МК да отворат фарма ...и сл. муабети :)

Се палат ко млади мајмуни на секоја певаљка шо ќе стапни таму (оти таа е чесна и е од стари крај).

Сите се оговараат меѓу себе, дека тие се најработиливи, а овие другите дека биле мрзливи, не наоѓале работа, на буко имале 500000 долари (заштеда), ...итн итн.

СИТЕ гледаат Сител (да, сите МК канали ги има и таму Канал 5, Алфа, Сител, Телма) ...коа ќе видиш...

tie mora da gi soberat i da gi vratat tuka pod itno, pa ke se sobereme entuzijasti da gi zamenime

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1646 на: 15 Јули 2014, 14:08:53 pm »
OK :) Јас дали успеав или не, моја работа ;)
По мојот есап, јас си се снајдов :)

Работата е во тоа што Австралија не е она што беше порано. Дека брдо пари се прават таму мало морген.
Кој сака нека ме убедува, кој сака нека ми се фали, ја знам приказната на мнозинството.

Се разбира има некои што им се трефнало. Таман работа.

А за генерациите што ќе се родат и пораснат таму. Тоа е друга приказна и за нив е добро.

Само пак ќе кажам, можеби за 20 години нема да постои форумов, ама ќе видете како ќе биди во таа Австралија и ќе сфатите дека сум бил во право ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Вработување
« Одговори #1647 на: 15 Јули 2014, 14:31:59 pm »
Во најлош, апсолутно најлош случај, во Австралија за 20 години ќе биде вака:

Мајка ми - 300 евра плата, татко ми - 400 евра пензија, јас 400 евра плата, се вкупно 1100 евра. Сметки 7000 денари, трошоци за храна 13000 денари, вкупно 20000 денари. 70000 - 20000 = 50000:3= 16000 денари по човек месечно остануваат :) 16000:30 = 520 денари за ни лук јал ни лук мирисал дневно :)

Додека во Австралија се живее така за 20 години, во Македонија како ќе се живее? Т’нка работава.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #1648 на: 15 Јули 2014, 14:38:56 pm »
@Carpathian, сакам да кажам дека има луѓе кои не пателе за леб тука, па отишле и им е подобро него тука. Секој со својата прикаска. Треба да се проба, треба да се види. Тука во најмала рака, дури и како не-странец, си во лоша состојба. Тука ти нема спас. Ќе најдеш работа, само колку да те замајава од бедотијата тие 10-12 саати додека те експлоатираат во денот. После тоа, пак се враќаш на сиромаштијата како и да немаш работа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Вработување
« Одговори #1649 на: 15 Јули 2014, 14:55:57 pm »
OK :) Јас дали успеав или не, моја работа ;)
По мојот есап, јас си се снајдов :)

Работата е во тоа што Австралија не е она што беше порано. Дека брдо пари се прават таму мало морген.
Кој сака нека ме убедува, кој сака нека ми се фали, ја знам приказната на мнозинството.

Се разбира има некои што им се трефнало. Таман работа.

А за генерациите што ќе се родат и пораснат таму. Тоа е друга приказна и за нив е добро.

Само пак ќе кажам, можеби за 20 години нема да постои форумов, ама ќе видете како ќе биди во таа Австралија и ќе сфатите дека сум бил во право ;)

Карпатиан,пробемот е во тие што мислат дека за 3 месеца ќе направат брдо пари.За 3 месеци,ако искочи од минус е добро.А дека се прават брдо пари,се прават,нормално АКО ти се работи.А ако не ти се работи,ќе кукаш како било тешко и таму.
People should not fear their government.The goverment should fear its people.