И викаш да излезе татко ми од работа ако не му чини, последните 16000 денари плата што ќе му ги исплатат да ги вложи во нешто и бизнис да почне? Со 16000 само процедура за регистрирање фирма нема да помине.
И што сме напраиле? Ни бизнис почнат, Мартин ненахранет од татко му, ни испран од мајка му.
Убаво си рече, не чини да солиш памет.
Кога сме веќе кај бизниси и дејности: татко ми е референт за јавни набавки во градската болница во Гостивар. Во сите нормални држави од нашата околина, колегите на татко ми уживаат 6 кратно поголема плата, службено возило слободно на располагање 24/7/365 со покриени трошоци за гориво и сервис и службен телефон.
Во Република Македонија, татко ми ужива мочана нето плата, 1200 денара за бензин ако мора службено да оди до Скопје при што експлоатира сопствено возило, и ужива во извонредни 0 денари поддршка за масивните сметки за телефон кои ги прави за потреба на болницата. И покрај тоа, зошто е среќен што не пита по улици и другари за пари, освен што ја врши својата работа, им помага на неспособните рамковци во својот сектор, секторот за финансии и секторот за сметководство во болницата, зошто нив ги праќа партија на работа, и да можат по цели денови би прателе спортска и би четувале преку Скајп со роџаците од Швајцарија.
Понатака, пред да се дрзнеш да кажеш лош збор за татко ми конкретно, јави се во било кој оддел од гостиварската болница и прашај "каков работник е Гаве?". Ако добиеш негативен и лош одговор, лично ќе дојдам кај тебе во канцеларија и пред камера ќе ти се извинам тебе а видеото ќе платам да стои еден месец на портал.
До тогаш, имај на ум дека не само ти од таа страна на шалтерот страдаш. Македонскиот јавен сектор страда од многу подлабоки структурни проблеми кои тебе на дневно ниво не ти текиња дека постојат, и се истураш на службеникот кој често е ни крив ни должен.
Поздрав и секое добро.