за плачење сите можеме да плачаме.. македонскиот народ (сите националности) се комплетно склони да си најдат причина за плачење... еве примери:
-работи во администрација, не ебе жива сила во 15ч дома е на ручек и попладневна дремка, зима редовна плата, ама мала била. ајде на плачење...
-приватна фирма, се ротираат бројки низ сметка кои за административецот изгледаат УУУАУУУ големи, ама расходи еден куп, малку се задржува кај тебе. ајде на плачење
-легач, кој го мрзи да работи, нема работа за него.. е јбг, нема легачка работа у задње време. ајде и тој на плачење...
-земјоделец, со години праи пари кои неможе да ги преброи, чека за наплата некој месец, крка субвенции од државата (пак наплатени од даноци на приватниците и казни од граѓаните) и на крај вика дека нема за леб, а во двор паркиран ганц нов трактор, со еден куп додатни тракаташки за него кои коштаат повеке од мојот стан.. ама ете нема за леб, зашто оваа година паднало град па потепало се, или суша била или незнам што... ај и тој на плачење, иако веке неколку години постои осигурање на род, кој те обесштетува при временски непогоди... ама з’ш бе да даам 200 евра за осигурање (годишно) кога е пројдам и без нив... е па плачи бе...
и мене ми се плаче... знам само дека во оваа држава многу работи тропаат и трокираат. и тоа одамна.. не е крива оваа власт... криво е почната работата од сефте. криви сме ние луѓето.