Еден совет за тие што не работат.
Најдете работа и работете со мала плата, меѓу време барајте друга работа со поголема плата.
Џабе да не седите.
си работал за 8.000 месечно за да видиш какво е чувството па за да делиш таков совет?
Друже во Битола можиш да најдиш работа како шофер на комбе/камион(Ц кат.) за плата над 250е,ама работно време ќе ти биди од ноќ до ноќ.Можеш да најдеш во РЕК да возиш за околу 1200 ден. дневница ама 12 саати плус одење идење од работа,се на се 13+ ч си излезен.3 пати надвор ќе јадиш и ке седиш во најголемата кал/прашина која неможеш да ја замислиш.
Оној кој не може тоа да го работи ќе бара друга работа,келнер,такси,магационер и сл...
Јас работев пред 7-8г за 9000плата,5 месеци и после самиот му предложив нешто на газдата па се најдовме во муабет па после тоа земав процент и имав доста солидна плата,ама одкако го пробив на пазарот ме одпушто,не му требав повеќе.
На крај краева,ако имаш некој кој треба да го нахраниш,а мментално немаш друг излез ке работиш и за 8000ден. а во меѓувреме ке си бараш друга работа,несмееш никако да се помириш со тие 8000денари.
Ама ако твоите ги плаќаат сметките,те облекуваат и сите други работи ги исполнуваат тие,ке седиш дома и ке пишиш на нет дека ова е вака ова е така.