Еден совет за тие што не работат.
Најдете работа и работете со мала плата, меѓу време барајте друга работа со поголема плата.
Џабе да не седите.
си работал за 8.000 месечно за да видиш какво е чувството па за да делиш таков совет?
Значи сум работел за 3000 месечно од кога завршив машински факултет и тогаш мислев ебати факултет за ова ли учев.
Сега имам скоро 10 години искуство работа и тоа во производни фирми така да сега сум на сосема друго место. И сега работам по 10 саати на ден сигурно некогаш и повеке ама од мрчење и лежење не бива ништо
Еден совет за тие што не работат.
Најдете работа и работете со мала плата, меѓу време барајте друга работа со поголема плата.
Џабе да не седите.
си работал за 8.000 месечно за да видиш какво е чувството па за да делиш таков совет?
Друже во Битола можиш да најдиш работа како шофер на комбе/камион(Ц кат.) за плата над 250е,ама работно време ќе ти биди од ноќ до ноќ.Можеш да најдеш во РЕК да возиш за околу 1200 ден. дневница ама 12 саати плус одење идење од работа,се на се 13+ ч си излезен.3 пати надвор ќе јадиш и ке седиш во најголемата кал/прашина која неможеш да ја замислиш.
Оној кој не може тоа да го работи ќе бара друга работа,келнер,такси,магационер и сл...
Јас работев пред 7-8г за 9000плата,5 месеци и после самиот му предложив нешто на газдата па се најдовме во муабет па после тоа земав процент и имав доста солидна плата,ама одкако го пробив на пазарот ме одпушто,не му требав повеќе.
На крај краева,ако имаш некој кој треба да го нахраниш,а мментално немаш друг излез ке работиш и за 8000ден. а во меѓувреме ке си бараш друга работа,несмееш никако да се помириш со тие 8000денари.
Ама ако твоите ги плаќаат сметките,те облекуваат и сите други работи ги исполнуваат тие,ке седиш дома и ке пишиш на нет дека ова е вака ова е така.
не ме знаете а одма ме ставате у тој кош на мрчатор без искуство кој живи на грб на неговите, и ја имам и тоа какво искуство, дур сум одел во средно после школо сум работел за 4.500 денари, ама тоа не било пред 10 години кога зејтинот и бензинот биле 30 денари, пред 4 години беше. одкако завршив имам сменето 7 работи, плата ми варирало од 7.000 до 30.000 најчесто била околу 10. тие 30 сум ги земал за 30 дена во месецот, физичка работа на отворено, од кој 2 паузи по 10 ебани минути, цел ден на отворено без никаква сенка, и на +30 во мај и на -10 у декември, и да истура дожд не се прекинувало со работа, 12 сата, па ко што се зголемуваше денот накај 13 идеше. од јутра до сутра што се вика, плус неполни 2 сата на пат сум губел, тоа се 14 сата надвор. @Mecheto немора да ми кажуваш за амалски работи, зашто за амалски работи тетово ти гарантирам е на прво место, можеш кога сакаш да најдеш за солидна плата, ама остај тоа што е амалска во тетово инспекции и такви ствари никогаш не постоеле, така да ко мене ќе смениш којзнае колку работи и ќе немаш ниту еден ден стаж а ќе работаш работи кај што се губи здравје и тие пари ќе ги дадеш по болници после, згора на тоа ќе бидеш секогаш изложен на мобинг од тие газди, и ко ќе нема работа ќе ти викаат да чистиш wc само затоа што неможе да поднесе да те плаќа а да те гледа без работа, ќе заборавиш на недела затоа што недела во тетово е работен ден, без разлика која националност си, ако газдата оди во петок во џамија и за тебе тоа ќе биде неработен ден, сакаш нејќеш тоа е. Жениве у конфекции скоро секој велигден го работаат, а за бајрам седат дома. Ова не сакам да биде сватено како неш против албанците, напротив има има исклучоци и кај нив од кои многу семејства се ранат без да се изложат на ваква тортура само секој со ксметот нели, ја досеа сум немал таква среќа. Сакам да ви кажам дека приватњак во тетово што сака прави затоа што тука не стапнуваат тие инспекторчињата од Грујота. Ти што викаш си работел за 9.000 пред 8 години, епа земи најди ја сметката од струја пред 8 години да видиш колку ти била тогаш а колку ти е сеа

И поентата ми е дека си патиме од "Боље ишта него ништа" и сите вие што ги одобрувате овие плати, најверојатно не сте работеле никад за толкава плата, или сте работеле пред 10 години, кога цените за живот беа нормални