Автор Тема: Вработување  (Прочитано 772296 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #5325 на: 14 Април 2026, 20:36:44 pm »
Затоа и постојат бруто и нето. За работодавачот јас сум бруто, ама за мене работата е нето. Јас сакам да знам колку чист ќеш со сите платени давачки (кои не мора да знам колкави се), ќе ми влезе у новчаник. За другата страна, нека му ја мисли работодавачот. Дали државата ќе зголемува давачки или не, мене искрено не ме занима. Мене ме занима, јас колку оданочен кеш ќе имам во месецот за трошење.

Ако ми ја дава цела бруто плата, и јас сам треба да уплаќам пензиско/здравствено/персонален и што друго треба, тогаш ќе преговарам за бруто.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Вработување
« Одговори #5326 на: 14 Април 2026, 20:45:37 pm »
Ама сепак сметам дека подобро и пологично е да се договара нето плата. Така си заштитен од потенцијални флуктуации предизвикани од зголемени давачки. Едноставно, го добиваш тоа за кое си се договорил, без разлика што се случува со давачките.

Заштитен си само ако и во договорот ти стои нето плата. Ако ти ставиле во договор бруто месечна плата, не е воопшто битно на која сума си се договарал. Тогаш фирмата ќе ти ја исплаќа таа бруто плата и ако се накачат давачките пак ќе ти влијае.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4285
Одг: Вработување
« Одговори #5327 на: 14 Април 2026, 20:46:07 pm »
Кај нас многу работи се погрешни. Кога веќе имаме втор пензиски столб, зошто на сите члениви парите им се инвестирани во исти инструменти. Пример, зошто на помладите не им се грото од парите во акции и етф вложени, наместо како сега скоро сите во обврзници. Такаќе оставарат поголем раст првите 15 - 20 години.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Вработување
« Одговори #5328 на: 14 Април 2026, 20:58:10 pm »
Супер тоа, но колку од луѓето мислиш си ги прочитале договорите за вработување и знаат дали им е на бруто или нето плата договорот? Пошто дури и да си се договарал на нето на разговор за работа, ако во договорот за работа ти стои бруто плата, и давачките се накачат, работодавецот нема никаква обврска да ти ја накачи бруто платата пошто ти си потпишал договор за работа кај што стои бруто плата.

Пример мене во сите македонски фирми кај што сум работел договорите сите биле на бруто плата, иако договарањето било на нето. Кога воведоа прогресивен данок еден краток период, фирмата кај што работев беше доволно фина да ми даде анекс за да ми ја накачи бруто платата за нето платата да ми остане иста, ама колку фирми надвор од ИТ би го направиле тоа?

Јас не се согласувам со вас. За вакви работи *мора* да се замараме, за да знаеш кај одат парите и колку пари одат за што затоа што е битно.

Добро е да замараш и одлично е да знаеш. Камо сите да бевме информирани како што треба, така и повеќе одговорност ќе се бараше од власта.

Ама сепак сметам дека подобро и пологично е да се договара нето плата. Така си заштитен од потенцијални флуктуации предизвикани од зголемени давачки. Едноставно, го добиваш тоа за кое си се договорил, без разлика што се случува со давачките.

А зошто мислите дека парите што ќе ги даде работадавачот на државата не влијаат на вашата нето плата? На крајот од денот ти си вкупен трошок за работодавачот он те гледа како бруто. Од друга страна истотака е битно работадавачот да има јасен договор со тебе и кога проектира годишен буџет да знае колку ти како вработен ќе го кошташ. А не тоа да зависи од тоа дали државата ќе реши да качи придонеси.

Затоа и цело време зборувам дека државата не ни ги зема „нас“ парите. Ние добиваме толку колку што добиваме, дополнителниот трошок не ни е земен нас, туку е платен од работодавачот.

Тие бруто пари тој ти заделува за тебе па ако сака државата и 90 проценти нека ти ги земе. Како не ни ги зима нас?

Затоа паметни вработени и фирми се договараат за бонуси наместо поголема плата. Па ќе си купиш "службена" кола на лизинг и наместо 40 проценти придонеси на таа сума ќе платиш 4 проценти годишна камата и слични начини.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Вработување
« Одговори #5329 на: 14 Април 2026, 21:13:44 pm »
Бонус е најголемата лага, како ѓавол би бегал ако фирма ме врбува со бонуси.

Пошто кога ќе дојде тој бонус, стимулација или како сакаш наречи го, најчесто ''лесно'' се пресметува, нешто слично како на видеово:


Или како на ова другово видео:

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Вработување
« Одговори #5330 на: 14 Април 2026, 22:09:32 pm »
Наместо да кажеме 10к годишно бонуси со 1к данок во плата ќе дадеш 4к за придонеси. И што си постигнал? Инаку бонусот не мора да биде годишно може да биде квартално на секои 3 месеци по договор. Не исплаќа бонус му кажуваш чао џаци..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18016
Одг: Вработување
« Одговори #5331 на: 14 Април 2026, 22:59:14 pm »
Во странство се преговара за бруто плата особено на годишно ниво бидејќи има разно разни шеми преку кои ти како индивидуа можеш да ги намалиш придонесите, т.е. да одбиеш персонален данок и да ти останат повеќе од тие договорени бруто суми.

Пример германскиот огранок на фирмата кај што работам нуди некаков пензиски фонд што се одбивал од персоналниот данок, т.е. ја намалувал основицата. Можеби подобро ќе објаснат членови што подолго живеат таму и веќе почнале да ги користат тие бенефити.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5379
Одг: Вработување
« Одговори #5332 на: 14 Април 2026, 23:29:01 pm »
Во странство се преговара за бруто плата особено на годишно ниво бидејќи има разно разни шеми преку кои ти како индивидуа можеш да ги намалиш придонесите, т.е. да одбиеш персонален данок и да ти останат повеќе од тие договорени бруто суми.

Пример германскиот огранок на фирмата кај што работам нуди некаков пензиски фонд што се одбивал од персоналниот данок, т.е. ја намалувал основицата. Можеби подобро ќе објаснат членови што подолго живеат таму и веќе почнале да ги користат тие бенефити.
Gluposti na kvadrat e se toa. Od prazno u supljo preturanje

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2516
Одг: Вработување
« Одговори #5333 на: 14 Април 2026, 23:42:16 pm »
Бонус е најголемата лага, како ѓавол би бегал ако фирма ме врбува со бонуси.

Пошто кога ќе дојде тој бонус, стимулација или како сакаш наречи го, најчесто ''лесно'' се пресметува, нешто слично како на видеово:


Или како на ова другово видео:

Најдобар и најефикасен начин за да добиеш бонус од севернистански газда е барем 2-3 саати додека си на работа, да работиш за себе. Или - 3 саати за себе, 1 за пауза, 1 за разно, 3 за него. Така ќе бидете квит. Пошо секако секој газда глеа да те заебе и да ти даде што помалку пари за што повеќе труд. Нема мерит кај нас и најарно е да не се лажеме дека некогаш ќе има.

Колку шеми имам слушнато што праат пепел со службени коли, машини итн.

Сите го праат тоа, дури и фамозниот ИТ сектор. Ја дур сум бил вработен, секогаш сум терал уште 2-3 комбинации паралелно дур сум на работа. Да не го праев тоа ќе останев на истото место до пензија.
« Последно менување: 14 Април 2026, 23:47:46 pm Bravo »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7207
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #5334 на: 15 Април 2026, 07:46:52 am »
Кој е тој фриленсер шо си плаќа здравствено и пензиско сам, доброволно?

Така и бруто плата ако ни даваат, пола народ вказино ќе ги истури сите пари.  :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7780
Одг: Вработување
« Одговори #5335 на: 15 Април 2026, 09:42:36 am »
Кој е тој фриленсер шо си плаќа здравствено и пензиско сам, доброволно?

Така и бруто плата ако ни даваат, пола народ вказино ќе ги истури сите пари.  :D

Мојата сопруга го прави ова веќе 8 години, и е предмет на честа дискусија, никако не можам да и објаснам дека има 100 пати подобри начини како да ги вложи парите, и дека најверојатно денар нема да види од истиве. Кикерот е што во 90% од случаите, се оди приватно ако има потреба од здравствена услуга. 

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Вработување
« Одговори #5336 на: 15 Април 2026, 09:50:29 am »
Некако сите сакаме да се бориме да станеме пр. Словенија, но сите гледаме да избегнеме давачки кои се за општото добро. Проблемот не е колку пари компаниите за кои работиме одвојвуваат за даноците, проблемот е што тие пари не се распределуваат како што треба. И наместо фокусот да биде удрен на распределбата, нашиот фокус е удрен на "дај помалку да се одвојува".

Симо убаво го долови фактот. Нас треба да не интересира колку кеш ќе ни дојде во џеб за трошење (нето), а компаниите да ги интересира колку ќе ги коштаме ние како вработени (бруто).
Откако ќе легне кешот нас треба да не интересира зошто не го добиваме здраството, образованието, правдата што ја заслужуваме.

Се додека во странство се однесуваме како дома, а дома како во странство ќе имаме проблем. И се додека главните и најплатени државни професии во државава се политичарите, од оваа држава нема ништо да биде.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7207
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Вработување
« Одговори #5337 на: 15 Април 2026, 10:03:57 am »
Кој е тој фриленсер шо си плаќа здравствено и пензиско сам, доброволно?

Така и бруто плата ако ни даваат, пола народ вказино ќе ги истури сите пари.  :D

Мојата сопруга го прави ова веќе 8 години, и е предмет на честа дискусија, никако не можам да и објаснам дека има 100 пати подобри начини како да ги вложи парите, и дека најверојатно денар нема да види од истиве. Кикерот е што во 90% од случаите, се оди приватно ако има потреба од здравствена услуга. 

Вие сте едни од ретките, браво,
а за приватно здравство не е толку розево, од луѓе познаници а и овде се има пишувано кога ќе дојди ептен шитот на фанот, да видиш како креваат раце приватните и те пуштаат на државно.
Ама за тоа во друга тема, и не мора ни да дискутираме, кој како му одговара нека прави.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Вработување
« Одговори #5338 на: 15 Април 2026, 10:14:15 am »
Не е проблем да се плаќа на приватно, секаде во светот има приватно здраство кое некаде е подобро некаде е полошо. Но проблем е ако се нема државно здраствено осигурување, а денешните македонски осигурителни компании бараат упат за да прифатат покритие. Така да идејата да се замени државно здравствено осигурување со приватно паѓа во вода истиот момент.

Приватното треба да го гледате како додатен бенефит за помирен живот, наместо замена за државното.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #5339 на: 15 Април 2026, 10:17:26 am »
Мојата сопруга го прави ова веќе 8 години, и е предмет на честа дискусија, никако не можам да и објаснам дека има 100 пати подобри начини како да ги вложи парите, и дека најверојатно денар нема да види од истиве. Кикерот е што во 90% од случаите, се оди приватно ако има потреба од здравствена услуга. 

Јас би рекол, не дај Дени да треба да види, особено здравство. Ќешки нека дава, ама нека не ѝ требаат. А ако стребаат, верувај ми, подобро е да постои опцијата, отколку да не постои.