Супер тоа, но колку од луѓето мислиш си ги прочитале договорите за вработување и знаат дали им е на бруто или нето плата договорот? Пошто дури и да си се договарал на нето на разговор за работа, ако во договорот за работа ти стои бруто плата, и давачките се накачат, работодавецот нема никаква обврска да ти ја накачи бруто платата пошто ти си потпишал договор за работа кај што стои бруто плата.
Во сите фирми од 2019та наваму каде што сум работел, во договорот за вработување и потоа сите анекси за продолжување (нели најчесто почетните година-две си на определено), во сите тие договори ми стоела бруто плата, а потоа и нето.
И на пресметка на плата се гледа целиот износ што го плаќа работодавачот, нето што го зимаш ти, остатокот што го плаќа за пензинско, здравствено, придонеси, персонален данок и сето тоа збирно го дава износот на бруто.
Секогаш сум знаел точно колку ми е бруто плата и од тој цел износ колку одат према државата, и на крајот колку останува нето лично за тебе.
Изигрувањето на законот за работните односи најчесто е во неплаќање на прекувремена работа, ноќна работа, теренска работа, дежурство, работа во ден предвиден како слободен, празник итн.