Автор Тема: Вработување  (Прочитано 772286 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Вработување
« Одговори #5310 на: 12 Април 2026, 21:51:35 pm »
Треба да имаш некој фетиш за самонаранување ако имаш голема бруто плата да инсистираш да платиш за истата придонеси и да си земеш значително помала плата наместо да платиш минималец и тие пари да ги испумпаш преку автомобил на лизинг, бонус со 10 проценти данок и слични методи.

Најдобра реформа што треба да се спроведе е луѓето да почнат да се договараат на бруто плата и фирмата целата сума да и ја префри на сметка па сами да си платат давачките кон државата за да сфатат колку државата ги пегла месечно.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Вработување
« Одговори #5311 на: 12 Април 2026, 22:20:10 pm »
Треба да имаш некој фетиш за самонаранување ако имаш голема бруто плата да инсистираш да платиш за истата придонеси и да си земеш значително помала плата наместо да платиш минималец и тие пари да ги испумпаш преку автомобил на лизинг, бонус со 10 проценти данок и слични методи.

Најдобра реформа што треба да се спроведе е луѓето да почнат да се договараат на бруто плата и фирмата целата сума да и ја префри на сметка па сами да си платат давачките кон државата за да сфатат колку државата ги пегла месечно.
тоа нема да се случи ни за 200 години.Тогаш нема да има политичари од што плата ке земат ?
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15116
  • Пудингот на шоферството
Одг: Вработување
« Одговори #5312 на: 12 Април 2026, 22:36:55 pm »
Треба да имаш некој фетиш за самонаранување ако имаш голема бруто плата да инсистираш да платиш за истата придонеси и да си земеш значително помала плата наместо да платиш минималец и тие пари да ги испумпаш преку автомобил на лизинг, бонус со 10 проценти данок и слични методи.

Најдобра реформа што треба да се спроведе е луѓето да почнат да се договараат на бруто плата и фирмата целата сума да и ја префри на сметка па сами да си платат давачките кон државата за да сфатат колку државата ги пегла месечно.
Државна администрација освен цицање на буџет не допринесува со ништо,а им се уплаќа за пензија на полна плата,додека во приватен сектор уплата за придонеси на минималец,друго на рака и преку разни додатоци.

Административец(читај штеточина) не допринесува со ништо во општеството освен штета на буџет шо прав,а за да тој безрбетник земи плата и пензија мора да има прилив на средства во буџет,затоа тоа што викаш да се исплаќа бруто плата нема шанса да се случи.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4058
Одг: Вработување
« Одговори #5313 на: 12 Април 2026, 22:45:51 pm »
Треба да имаш некој фетиш за самонаранување ако имаш голема бруто плата да инсистираш да платиш за истата придонеси и да си земеш значително помала плата наместо да платиш минималец и тие пари да ги испумпаш преку автомобил на лизинг, бонус со 10 проценти данок и слични методи.

Најдобра реформа што треба да се спроведе е луѓето да почнат да се договараат на бруто плата и фирмата целата сума да и ја префри на сметка па сами да си платат давачките кон државата за да сфатат колку државата ги пегла месечно.
Плата на вработен од 40.000 денари ,20.000 ти ги зима државата…

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Вработување
« Одговори #5314 на: 14 Април 2026, 18:21:40 pm »
Треба да имаш некој фетиш за самонаранување ако имаш голема бруто плата да инсистираш да платиш за истата придонеси и да си земеш значително помала плата наместо да платиш минималец и тие пари да ги испумпаш преку автомобил на лизинг, бонус со 10 проценти данок и слични методи.

Најдобра реформа што треба да се спроведе е луѓето да почнат да се договараат на бруто плата и фирмата целата сума да и ја префри на сметка па сами да си платат давачките кон државата за да сфатат колку државата ги пегла месечно.

Особено да ги плаќаш тие придонеси и пак да не знаеш дали државниот пензиски фонд ќе постои кога ќе ти дојде тебе редот за пензија, или па не дај Боже да треба да користиш државно здравство во Македонија за нешто посериозно (за кое пак ќе платиш на приватно после).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #5315 на: 14 Април 2026, 18:59:44 pm »
Треба да имаш некој фетиш за самонаранување ако имаш голема бруто плата да инсистираш да платиш за истата придонеси и да си земеш значително помала плата наместо да платиш минималец и тие пари да ги испумпаш преку автомобил на лизинг, бонус со 10 проценти данок и слични методи.

Најдобра реформа што треба да се спроведе е луѓето да почнат да се договараат на бруто плата и фирмата целата сума да и ја префри на сметка па сами да си платат давачките кон државата за да сфатат колку државата ги пегла месечно.
Плата на вработен од 40.000 денари ,20.000 ти ги зима државата…

Sent from my iPhone using Tapatalk

Не, не ти ги зима државата. Ги плаќа твојот работодавач за тебе. Не добиваш ти бруто плата, па државата да ти ги зема. Едноставно не функционира така.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Вработување
« Одговори #5316 на: 14 Април 2026, 19:53:50 pm »

Во договор за вработување (бар по правило) треба да стои бруто плата. Таа е твојата плата. Не ги плаќа работодавачот за тебе, само што системот кај нас е направен да автоматски се плаќаат тие при исплата на плата. Инаку се твои пари што одат во твој пензиски и здравствен фонд за тебе (односно државниот пензиски и здравствен кај нас се социјални, но се во твое име за да добиеш ти пензија и здравствено осигурување).

Има повеќе ЕУ држави кај што работодавецот врз бруто платата треба да плати екстра придонеси од свој џеб. Тие пари ги плаќа работодавачот, да. Ама не кај нас.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #5317 на: 14 Април 2026, 19:59:15 pm »
Не знам дека мора во договор да стои бруто плата, ама и така нека биде. Сè додека на крај добиваме нето плата, а не бруто плата - тоа е. И сме го правеле и претходно муабетот - не е дека ако се намалат давачките, некој работодавач од миле воље ќе му ја даде разликата на вработениот. Едноставно нема да се случи тоа.

И (според мене) треба работодавачот да ги плаќа (и уплаќа) давачките за пензиско и здравствено, пошто иначе никој нема да плаќа здравствено и пензиско осигурување, дури и да е законска обврска.

Ама тек тоа па е сосем друг муабет.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Вработување
« Одговори #5318 на: 14 Април 2026, 20:01:39 pm »
Не знам зошто би стоела бруто плата во договор. Тука може да се деси за*еб, државата да зголеми некоја давачка (на пример уделот за пензиско или социјално осигурување да го качи) и работодавецот да ти ја намали нето исплатената плата за да си ги задржи трошоците на исто ниво.
За работникот е подобро и најдобро, да преговара за нето плата, плус услови и придобивки на работа (службен тел., службена кола, платен оброк и сл.). 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Вработување
« Одговори #5319 на: 14 Април 2026, 20:11:50 pm »
Не знам зошто би стоела бруто плата во договор. Тука може да се деси за*еб, државата да зголеми некоја давачка (на пример уделот за пензиско или социјално осигурување да го качи) и работодавецот да ти ја намали нето исплатената плата за да си ги задржи трошоците на исто ниво.
За работникот е подобро и најдобро, да преговара за нето плата, плус услови и придобивки на работа (службен тел., службена кола, платен оброк и сл.).

Само кај нас е пракса да се договара плата во нето сума. Скоро цела Европа плата договара во бруто при интервју/разговор за работа и во договорот стои бруто. И кај нас сите пресметки се засноваат на бруто плата (придонеси, данок на личен доход, највисока основица за придонеси и така натаму и така натаму). Што ако се случи обратното од тоа што викаш, односно драстично се намали највисоката основица за придонеси (нема во пракса, ама да речеме)? Ако договорот ти е на нето плата, ти нема да видиш бенефит од тоа, туку работодавецот само ќе ти намали бруто плата за да ја добиеш истата нето. Ако договорот ти е во бруто тој е обврзан да ти ја исплаќа таа бруто плата што значи дека нето платата ќе ти порасне.

А ако државава одлучи да ги крене придонесите и не се дигне цела држава на нозе како што направија Бугарите во декември, тогаш заслужено ќе биде.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #5320 на: 14 Април 2026, 20:18:13 pm »
Затоа како вработен е подобро Да Не Те Интересира колку се давачките. Колку и да се - на товар на работодавачот се. Ако државата ги намали, супер за него, ако државата ги зголеми, лошо за него, ама тебе како вработен не ти прави разлика. И тоа е добра работа. Договарај си за нето, не се замарај за бруто.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Одг: Вработување
« Одговори #5321 на: 14 Април 2026, 20:27:14 pm »
Затоа како вработен е подобро Да Не Те Интересира колку се давачките. Колку и да се - на товар на работодавачот се. Ако државата ги намали, супер за него, ако државата ги зголеми, лошо за него, ама тебе како вработен не ти прави разлика. И тоа е добра работа. Договарај си за нето, не се замарај за бруто.

Супер тоа, но колку од луѓето мислиш си ги прочитале договорите за вработување и знаат дали им е на бруто или нето плата договорот? Пошто дури и да си се договарал на нето на разговор за работа, ако во договорот за работа ти стои бруто плата, и давачките се накачат, работодавецот нема никаква обврска да ти ја накачи бруто платата пошто ти си потпишал договор за работа кај што стои бруто плата.

Пример мене во сите македонски фирми кај што сум работел договорите сите биле на бруто плата, иако договарањето било на нето. Кога воведоа прогресивен данок еден краток период, фирмата кај што работев беше доволно фина да ми даде анекс за да ми ја накачи бруто платата за нето платата да ми остане иста, ама колку фирми надвор од ИТ би го направиле тоа?

Јас не се согласувам со вас. За вакви работи *мора* да се замараме, за да знаеш кај одат парите и колку пари одат за што затоа што е битно.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Вработување
« Одговори #5322 на: 14 Април 2026, 20:28:14 pm »
А зошто мислите дека парите што ќе ги даде работадавачот на државата не влијаат на вашата нето плата? На крајот од денот ти си вкупен трошок за работодавачот он те гледа како бруто. Од друга страна истотака е битно работадавачот да има јасен договор со тебе и кога проектира годишен буџет да знае колку ти како вработен ќе го кошташ. А не тоа да зависи од тоа дали државата ќе реши да качи придонеси.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Вработување
« Одговори #5323 на: 14 Април 2026, 20:31:32 pm »
Супер тоа, но колку од луѓето мислиш си ги прочитале договорите за вработување и знаат дали им е на бруто или нето плата договорот? Пошто дури и да си се договарал на нето на разговор за работа, ако во договорот за работа ти стои бруто плата, и давачките се накачат, работодавецот нема никаква обврска да ти ја накачи бруто платата пошто ти си потпишал договор за работа кај што стои бруто плата.

Во сите фирми од 2019та наваму каде што сум работел, во договорот за вработување и потоа сите анекси за продолжување (нели најчесто почетните година-две си на определено), во сите тие договори ми стоела бруто плата, а потоа и нето.

И на пресметка на плата се гледа целиот износ што го плаќа работодавачот, нето што го зимаш ти, остатокот што го плаќа за пензинско, здравствено, придонеси, персонален данок и сето тоа збирно го дава износот на бруто.

Секогаш сум знаел точно колку ми е бруто плата и од тој цел износ колку одат према државата, и на крајот колку останува нето лично за тебе.

Изигрувањето на законот за работните односи најчесто е во неплаќање на прекувремена работа, ноќна работа, теренска работа, дежурство, работа во ден предвиден како слободен, празник итн.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Вработување
« Одговори #5324 на: 14 Април 2026, 20:34:58 pm »
Супер тоа, но колку од луѓето мислиш си ги прочитале договорите за вработување и знаат дали им е на бруто или нето плата договорот? Пошто дури и да си се договарал на нето на разговор за работа, ако во договорот за работа ти стои бруто плата, и давачките се накачат, работодавецот нема никаква обврска да ти ја накачи бруто платата пошто ти си потпишал договор за работа кај што стои бруто плата.

Пример мене во сите македонски фирми кај што сум работел договорите сите биле на бруто плата, иако договарањето било на нето. Кога воведоа прогресивен данок еден краток период, фирмата кај што работев беше доволно фина да ми даде анекс за да ми ја накачи бруто платата за нето платата да ми остане иста, ама колку фирми надвор од ИТ би го направиле тоа?

Јас не се согласувам со вас. За вакви работи *мора* да се замараме, за да знаеш кај одат парите и колку пари одат за што затоа што е битно.

Добро е да замараш и одлично е да знаеш. Камо сите да бевме информирани како што треба, така и повеќе одговорност ќе се бараше од власта.

Ама сепак сметам дека подобро и пологично е да се договара нето плата. Така си заштитен од потенцијални флуктуации предизвикани од зголемени давачки. Едноставно, го добиваш тоа за кое си се договорил, без разлика што се случува со давачките.

А зошто мислите дека парите што ќе ги даде работадавачот на државата не влијаат на вашата нето плата? На крајот од денот ти си вкупен трошок за работодавачот он те гледа како бруто. Од друга страна истотака е битно работадавачот да има јасен договор со тебе и кога проектира годишен буџет да знае колку ти како вработен ќе го кошташ. А не тоа да зависи од тоа дали државата ќе реши да качи придонеси.

Затоа и цело време зборувам дека државата не ни ги зема „нас“ парите. Ние добиваме толку колку што добиваме, дополнителниот трошок не ни е земен нас, туку е платен од работодавачот.