Некако сите сакаме да се бориме да станеме пр. Словенија, но сите гледаме да избегнеме давачки кои се за општото добро. Проблемот не е колку пари компаниите за кои работиме одвојвуваат за даноците, проблемот е што тие пари не се распределуваат како што треба. И наместо фокусот да биде удрен на распределбата, нашиот фокус е удрен на "дај помалку да се одвојува".
Симо убаво го долови фактот. Нас треба да не интересира колку кеш ќе ни дојде во џеб за трошење (нето), а компаниите да ги интересира колку ќе ги коштаме ние како вработени (бруто).
Откако ќе легне кешот нас треба да не интересира зошто не го добиваме здраството, образованието, правдата што ја заслужуваме.
Се додека во странство се однесуваме како дома, а дома како во странство ќе имаме проблем. И се додека главните и најплатени државни професии во државава се политичарите, од оваа држава нема ништо да биде.