Автор Тема: Вработување  (Прочитано 859418 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Вработување
« Одговори #4560 на: 24 Јули 2023, 01:52:47 am »
Епа така де, ко си способен или ќе се побуниш или ќе си најш подобро. Што мислиш другите оти не се бунат? Не е секојпат до газдите. Таков народ сме, само да се надгледуваме со другите, никако првода се видиме самите.

Да, ама останатите мои колеги ми беа 50-55+ години стари. Кое бунење ? И да си отидат пак на иста позиција во друга фирма. Исти к*рац различно паковање.
А шефовите/претпоставените не беа нешто стари, ама тие беа баш онакви како што ги опишав.

Отиди пробај па види дали со знаење и идеи ќе просперираш во такви фирми. Бидејки имаш знаење, имаш идеи, имаш погледи и визии, нема да трпиш неправди. А во такви фирми со таков начин на функционирање итекако ги има. И веднаш ќе влезеш во клинч со највисокото раководство/газда.

Сигурно има и фирми каде што се цени идеа, размислување, ама тие се многу ретки.
Pa nemalo kaj da odatz zatoa ostanale tuka i ne se bunele.
 Abe ja ako ima tolki znaenje ja gazda kje si bida :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Вработување
« Одговори #4561 на: 24 Јули 2023, 01:58:28 am »
Да треба да имаш знаење за газда, треба да познаваш доста луѓе за да не ти дојдат двајца да ти кажат недај боже може да се случи нешто, куршлус, пожар итн


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Вработување
« Одговори #4562 на: 24 Јули 2023, 08:02:37 am »
Toa ti velam, ne e plukni-zalepi.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Вработување
« Одговори #4563 на: 24 Јули 2023, 09:00:52 am »
Абе има луѓе да прашаш, ќе ти речат дека е далеку од саглам.

Еве, без разлика што се работи за таква компанија, пак има недостиг на работници во производство.

Зашто е тоа така, ако компанијата е ОК?

Младината е килава...

Сакаат одма повисока плата од некој што е таму 15 години, не трпат авторитет, свилени се и нежни...

Sent from my Xiaomi 12x



Алкалоид, жена ми е таму веќе 13 години, си има соодветен систем за унапредување. Ако си бараба нема да ти одговара сигурно.

Се си е транспарентно, бодовен систем, се како што треба.

Е сеа напорно е, ама имаш доста бенефити, башка посигурна фирма во Македонија - амин.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Вработување
« Одговори #4564 на: 24 Јули 2023, 09:08:26 am »
Пивара, алкалоид и цементара се сигурни фирми. Ама додека да влезеш, еж ќе родиш.

Патем, каде може да се "најдат" огласи за влез во алкалоид и пивара? На кариера и вработување, не сум видел ниту еден оглас.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Вработување
« Одговори #4565 на: 24 Јули 2023, 09:37:52 am »
Алкалоид има редовни огласи за "дополнување на датабаза на кандидати".

Даваат приоритет на тие што некогаш аплицирале, па ако немаат соодветен кадар во датабаза, пуштаат јавен оглас.

Во Пивара (без врски) иде принцип на докажување и унапредување, особено во комерција и маркетинг. За тие почетни позиции секогаш има огласи, и интервју процесите се сериозни, т.е. за комерцијалист другар решаваше математички задачи ;D

Мене ме контактираше регрутер од Грција пред 2 години за маркетинг позиција за една платформа за нарачки што ја развиваа нашиве од Пивара, и муабетот течеше одлично додека не стигнавме да збориме за плата - во тој момент ми беше супер кај што бев и барав многу повеќе да си заминам па откако ја слушна сумата гркот, му падна ентузијазмот ;D

Никој не ме праша да си раскажам приказна, ама поентата ми беше дека позиции има.

Во производство генерално уште им стои персоналот од стара Пивара, имав познаничка што работеше БЗР и задача и беше да ги обучува старите вработени за нови регулативи за безбедност при работа.

Најчест одговор? - Ти со 28 години ќе ме учиш мене, ја цел живот ова го работам ;D
« Последно менување: 24 Јули 2023, 09:47:55 am MartinAlfista »
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Вработување
« Одговори #4566 на: 24 Јули 2023, 10:05:44 am »
Пивара, алкалоид и цементара се сигурни фирми. Ама додека да влезеш, еж ќе родиш.

Патем, каде може да се "најдат" огласи за влез во алкалоид и пивара? На кариера и вработување, не сум видел ниту еден оглас.
Imat od pivara 100%
I od nelt se falat.
Intek misla baraat ajiti ( IT )

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Вработување
« Одговори #4567 на: 24 Јули 2023, 10:19:14 am »
Алкалоид квартално објавува оглас за обновување на база на податоци. Кога ќе се исцрпи базата, има оглас или интерен оглас во рамки на фирмата.

На страната на Алкалоид, имаш подмени кариера.

https://career.alkaloid.com.mk/career_opportunities

Таму можеш да видиш активни огласи, или да си направиш профил за во базата на кандидати. Откако ќе завршиш со внесување податоци, самата страна ти генерира CV, и автоматски си во игра.

Јас можам само да кажам дека работници за во производство требаат практично цело време. Особено машки.

Бар за оваа позиција шансите да се вработиш се огромни.



Абе има луѓе да прашаш, ќе ти речат дека е далеку од саглам.

Еве, без разлика што се работи за таква компанија, пак има недостиг на работници во производство.

Зашто е тоа така, ако компанијата е ОК?

Младината е килава...

Сакаат одма повисока плата од некој што е таму 15 години, не трпат авторитет, свилени се и нежни...



Алкалоид, жена ми е таму веќе 13 години,  си има соодветен систем за унапредување. Ако си бараба нема да ти одговара сигурно.

Се си е транспарентно, бодовен систем, се како што треба.

Е сеа напорно е, ама имаш доста бенефити, башка посигурна фирма во Македонија - амин.

Тоа е тоа. Исто, 13 и пол години сум таму, невестата скоро 12, имаше времиња кога беше стварно невозможно да се вработиш, сега е многу олеснет целиот процес. Башка, подобро е од порано во секој поглед, на страна еден куп новини кои се најавуваат...

Луѓето се генерално задоволни, освен нели оној мал процент што секогаш ќе мрчи... Ама па не можеш на секого да удоволиш...

Sent from my Xiaomi 12x
« Последно менување: 24 Јули 2023, 10:30:54 am KaZaN »

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: Вработување
« Одговори #4568 на: 24 Јули 2023, 10:32:15 am »
Пивара не е како што беше, затоа и многу луѓе си одат, особено од производство и точилница.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Вработување
« Одговори #4569 на: 24 Јули 2023, 10:46:22 am »
Не знаев дека е така. Јас очекував класичен оглас, Вработуваме електро-инженер/планер...


Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6995
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Вработување
« Одговори #4570 на: 24 Јули 2023, 11:04:57 am »
За помлади кои сакаат "канцелариска" работа пуштете CV на Taskforce BPO, почетна плата во одредени сектори е 26000 денари, но за кратко време се добива покачување на платата и се стигнува до 35000 и повеќе. Има работна позиција само трета смена каде платата е 45000. Се работи за америчка компанија, односно нешто како call center (поточно customer care) каде што на клиентите им помагаш да ги решат своите проблеми(закажуваш термини најчесто) во гранката на insurance, healthcare и слично во зависност од твојата работна позиција. Работиш 7 часа на ден и имаш неколку паузи, од кои една голема) и вкупно сѐ на сѐ имаш 1 час пауза. Имаш два слободни дена во седмицата, односно работиш 5 дена и 2 дена имаш слободни. Македонските празници ги работиш и си платен празнично, а америчките празници(ги има повеќе отколку македонските државни) не ги работиш и имаш слободен ден. Задолжително е средно образование и добро познавање на англиски јазик. Првиот месец поминува во обука и учење неколку фрази на англиски јазик и е платена од 24-26 илјади денари. Седиштето на фирмата е во Битола, но се распоредени во повеќе градови - Прилеп(неколку км од Прилеп), Скопје, Велес, Куманово, Кавадарци, Штип, Струга...
Препорачливо е за тој што сака да седи пред компјутер и да не работи физичка работа и да биди еднаков со останатите.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: Вработување
« Одговори #4571 на: 24 Јули 2023, 11:47:53 am »
Алкалоид квартално објавува оглас за обновување на база на податоци. Кога ќе се исцрпи базата, има оглас или интерен оглас во рамки на фирмата.

На страната на Алкалоид, имаш подмени кариера.

https://career.alkaloid.com.mk/career_opportunities

Таму можеш да видиш активни огласи, или да си направиш профил за во базата на кандидати. Откако ќе завршиш со внесување податоци, самата страна ти генерира CV, и автоматски си во игра.

Јас можам само да кажам дека работници за во производство требаат практично цело време. Особено машки.

Бар за оваа позиција шансите да се вработиш се огромни.



Абе има луѓе да прашаш, ќе ти речат дека е далеку од саглам.

Еве, без разлика што се работи за таква компанија, пак има недостиг на работници во производство.

Зашто е тоа така, ако компанијата е ОК?

Младината е килава...

Сакаат одма повисока плата од некој што е таму 15 години, не трпат авторитет, свилени се и нежни...



Алкалоид, жена ми е таму веќе 13 години,  си има соодветен систем за унапредување. Ако си бараба нема да ти одговара сигурно.

Се си е транспарентно, бодовен систем, се како што треба.

Е сеа напорно е, ама имаш доста бенефити, башка посигурна фирма во Македонија - амин.

Тоа е тоа. Исто, 13 и пол години сум таму, невестата скоро 12, имаше времиња кога беше стварно невозможно да се вработиш, сега е многу олеснет целиот процес. Башка, подобро е од порано во секој поглед, на страна еден куп новини кои се најавуваат...

Луѓето се генерално задоволни, освен нели оној мал процент што секогаш ќе мрчи... Ама па не можеш на секого да удоволиш...

Sent from my Xiaomi 12x

Ептен ми е мило што имате позитивни искуство но реалноста на Алкалоид не е таа и компанијата не е истата од пред 5 години а да не збориме повеќе. Впечатокот е дека во моментов има едно генерализирано незадоволство и недостаток на кадар поради истото. Turnover на кадар е еден од поважните критериум за задоволство/незадоволство во компанијата и истиот е прилично голем. Во последните 8 години има ~ 150-250 нови вработувања годишно (што би рекло 1200 - 2000) додека вкупниот прираст на комапнијата е ~400 вработени во истиот период. Тоа би рекло дека во тој период компанијата ја напуштиле 800 -1600 вработени. Да потсетам, пред 8 години компанијата имала околку 1600 вработени во МК додека денес има околу 2000.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7638
Одг: Вработување
« Одговори #4572 на: 24 Јули 2023, 11:50:55 am »
Тие имаат филијала и во Скопје, работат логистика-диспеч за амерички фирми. Познавам 3-4ца (работници луѓе, не мрзливи флегми) што напуштија од таму. ;D
За помлади кои сакаат "канцелариска" работа пуштете CV на Taskforce BPO, почетна плата во одредени сектори е 26000 денари, но за кратко време се добива покачување на платата и се стигнува до 35000 и повеќе. Има работна позиција само трета смена каде платата е 45000. Се работи за америчка компанија, односно нешто како call center (поточно customer care) каде што на клиентите им помагаш да ги решат своите проблеми(закажуваш термини најчесто) во гранката на insurance, healthcare и слично во зависност од твојата работна позиција. Работиш 7 часа на ден и имаш неколку паузи, од кои една голема) и вкупно сѐ на сѐ имаш 1 час пауза. Имаш два слободни дена во седмицата, односно работиш 5 дена и 2 дена имаш слободни. Македонските празници ги работиш и си платен празнично, а америчките празници(ги има повеќе отколку македонските државни) не ги работиш и имаш слободен ден. Задолжително е средно образование и добро познавање на англиски јазик. Првиот месец поминува во обука и учење неколку фрази на англиски јазик и е платена од 24-26 илјади денари. Седиштето на фирмата е во Битола, но се распоредени во повеќе градови - Прилеп(неколку км од Прилеп), Скопје, Велес, Куманово, Кавадарци, Штип, Струга...
Препорачливо е за тој што сака да седи пред компјутер и да не работи физичка работа и да биди еднаков со останатите.

Тие имаат филијала и во Скопје, работат логистика-диспеч за амерички фирми. Познавам 3-4ца (работници луѓе, не мрзливи флегми) што напуштија од таму. ;D

Ти ова го пиша од лично искуство или?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6995
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Вработување
« Одговори #4573 на: 24 Јули 2023, 11:53:16 am »
Да, од искуство, имам и другари и роднини кои се подолго време во таа фирма, во Прилеп и Битола, за млади подобро според мене нема. Нема да работиш физичка работа за 20.175 ден.
За истата фирма се работи? Или за логистика со камиони?

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Вработување
« Одговори #4574 на: 24 Јули 2023, 12:09:46 pm »
Ептен ми е мило што имате позитивни искуство но реалноста на Алкалоид не е таа и компанијата не е истата од пред 5 години а да не збориме повеќе. Впечатокот е дека во моментов има едно генерализирано незадоволство и недостаток на кадар поради истото. Turnover на кадар е еден од поважните критериум за задоволство/незадоволство во компанијата и истиот е прилично голем. Во последните 8 години има ~ 150-250 нови вработувања годишно (што би рекло 1200 - 2000) додека вкупниот прираст на комапнијата е ~400 вработени во истиот период. Тоа би рекло дека во тој период компанијата ја напуштиле 800 -1600 вработени. Да потсетам, пред 8 години компанијата имала околку 1600 вработени во МК додека денес има околу 2000.

Ова е генерален проблем со многу компании не само Алкалоид.

Се отвори пазарот да речеме, не сме ЕУ се разбира ама доста полесно се добива работа сеа во ЕУ, особено Германија.