точно е никола... тука сум под напон постојано. “таму“ (некдаде далеку) ако така работиш многу ке постигнеш. финтата е што таму и државата не ти дозволува толку да работиш, ако толку работиш те пернува со поголеми даноци, за да те подзапре, не за друго, на некој друг му ја зимаш работата, а нели. за сите треба да има, што е многу разумно и правилно...
сепак, останува вистината дека за оваа (малку поише) деценија што ринтам тука со ова темпо, до сега таму можда не од 50 ама од 0,5 милиони ке имав сопствена куќа и бизнис во кој сега веке јас ке седев во офис, ке држев пенкало, а други ке работеа за дневници (саатници поточно). сликата тука е поинаква... и после деценија ринтање, јас сеуште сум теренец, од регуларно-целосно вработување ВО МОЈАТА фирма нема ни Р (за мене зборам а не па за трети лица), јас сум и алфа и бета и гама во фирмата т.е. се од мене се чека (набавки, договарања, превоз, проект, монтажа, сервис, преговори, обезбедување, возење и се друго) и сите одгвороности се по моја глава. тами негде, тоа не е така. тоа се 10-15 работни места она што јас го правам, да не речам, работам ко вол за слама... тука во овие услови 10-15 вработени...? само ако се согласат да работат за 100 денари дневница, па и тоа е дискутабилно дали можам да го издржам.
ама јас сеуште сум оптимист и се надевам дека ке тргне на подобро, дека еден ден ке имам барем неколку вработени за трајно, т.е. со решение и дека ке заживее мојата идеја за сопствена добро разработена фирма... иако вака на изглед шансите се мали. премногу големи успони и падови... во принцип работам како скот-сам за сите 10-15 луге што треба да работат, а заработувам 2 плати (сопругата моја работи со мене во офис и е целосно пријавена). тоа е тоа, толку се можностите тука...