Ако си ја рачунаш бруто платата кај нас или фирмата не ти го плаќа данокот, исто ти е. Само што кај нас си сметаме нето плата. Исто.
а не друже, грешка си... фирмата посекако плаќа данок за вработениот. на секја сума што се исплаќа на вработен, точно има колку проценти од исплатената заработувачка треба да доплати фирмата на државата како данок...
или на кратко кажано низ бројки изгледа вака:
јас земав 6.000 долари плата. за нив фирмата плаќаше 33% на државата што би било околу 1890 долари, а мене одма уште во банка ми одбиваа околу 23% што е околу 1290 долари. значи од моите 6.000 јас реално зимав 4710 долари. значи на таа сума што јас сум ја заработил и ја имам како сирова пара во џеб (на сметка) државата земала точо 3180 долари...
или кратко срочено.
јас зимам 4710 долари, државата зима 3180 долари.
и да продолжам... во нив (сумата према државата) немаш осигурување. имаш само осигурување додека си на работно место, но не и дома. твоето семејство ни оддалеку не е осигурано здравствено. ако сакаш да имаш такво осигурање, државата ке ти земе уште парички, за на крај да дојдете колку ти толку државата...
да продолжам понатака... оние 23% што ми ги зима државата, се нај малата ставка на оданочување. колку поглема плата толку поголем процент. во еден момент тој стига до 47% од твоите лични примања и 55% од фирмата.
фала многу пријатно. (п.с. зборев за Нов Зеланд, на кој во суштина сите закони и правила се копи паст од австралија, само со изменети бројки)
сега скептиците што мислат дека треба само да отидеш у странство и ке се збогатиш нема да веруваат... да господа, во странција само вас ве чекаат да дојдете и да ви ги дадат парите... МА ИМА БРЕ ДА РИНТАШ КО КОЊ првите неколку години додека да стекнеш каква таква-некаква стабилност... разликата од таму до тука е што за неколку години ринтање добиваш одредена финансиска стабиност, застануваш на свои нозе и тука веќе поочињаш ти да бираш што ке работиш. а кај нас се тоа се сведува на ринтање како коњ (за цркавица) цел живот до пензија.