Уште првиот работен ден по американските обвинувања за лажирање на резултатите од тестирањата на издувните гасови на дизел моделите на Volkswagen беше погубен за германската компанија - берзата реагираше со драстичен пад на неговите акции од 18%, или во пари изразено 12,2 милијарди евра. Цената што акционерите на најголемиот светски производител на возила ќе мора да ја платат беше дури и поголема - во еден момент акциите од почетните 161,25 евра паднаа на 125,40, што е еквивалент на 15,6 милијарди загуба, за да на крајот од тргувањето се вратат на 132,20 евра бришејќи околу четвртина од неговата вредност, односно 15,6 милијарди евра. Со тоа, акциите на Volkswagen се најдоа на најниското ниво во последниве повеќе од три години.
Денеска е нов ден за тргување. Што ли ќе донесе тој?!
http://www.avtomagazin.com.mk/volkswagen-vekje-zagubi-12-milijardi-evra.nspxDa razjasnime..pricinata za ova sto mu se slucuva na VW spored mene e bezvezna, a cenata previsoka.
Ima nesto pogolemo tuka.