Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 396927 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #495 на: 20 Септември 2015, 18:03:45 pm »
Баш ме интересира кои ќе бидат коментарите ако ви сликам корозија на пасат 7мица :)

Се навикнавме корозија да гледаме на Фолцваген, како во кина каросеријата да ја прават.


Корозија на секоја кола може да се појави.


Да се појават неколку точки на некои места ае ок, ама целата да почнува да фаќа корозија како сипаници да има и тоа брендот фолцфаген кое е име за квалитет и премиум.

Квалитетот помеѓу кинеско возило и фолцфаген, шал таблата на фолцфаген не мириса на пластика и мека е на допир.





Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #496 на: 20 Септември 2015, 18:09:57 pm »
Дури и Виндоус го прави истото, мрда по 10,20 минути наназад за да ја достигне зоната полека-полека.
Windows моментално врши корекција и дава порака дека извршил. За други уреди никогаш не сум видел и дека прават постепени измени освен моментални. Не гледам ниедна причина за тоа

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #497 на: 20 Септември 2015, 18:17:19 pm »
Ќе имаме ли признание од фановите дека VW не е ништо повеќе од останатите производители?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #498 на: 20 Септември 2015, 18:20:32 pm »
Ако администрацијата не е толерантна Дихтунг до сега ќе беше 18,5 пати баниран. Туку мене ми пречи тоа што има голема пристрасност кон некој бренд, најчесто кој оној што го поседуваме. Веле штрумф се издвојува како еден од ретките кој е објективен.

Благодарам на комплимент. Само ете, има луѓе на кои и тоа не им одговара.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #499 на: 20 Септември 2015, 18:29:09 pm »
Баш ме интересира кои ќе бидат коментарите ако ви сликам корозија на пасат 7мица :)

Се навикнавме корозија да гледаме на Фолцваген, како во кина каросеријата да ја прават.


Корозија на секоја кола може да се појави.


Да се појават неколку точки на некои места ае ок, ама целата да почнува да фаќа корозија како сипаници да има и тоа брендот фолцфаген кое е име за квалитет и премиум.

Квалитетот помеѓу кинеско возило и фолцфаген, шал таблата на фолцфаген не мириса на пластика и мека е на допир.

Каде тоа? Кај мене не сум видел. Каде точно, да побарам.

Ќе имаме ли признание од фановите дека VW не е ништо повеќе од останатите производители?

Далеку од тоа дека е нешто повеќе. Сите се тука некаде.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #500 на: 20 Септември 2015, 18:33:05 pm »
Сите се тука некаде нормално, особено брендови што не се премиум како Мерцедес, БМВ, Ауди, Лексус итн.

Но таа мала разлика во не-премиум брендови има големо значење за некој, како мене на пример. Голф и Леон немаат ист квалитет на материјали употребени во внатрешноста, звучната изолација е многу подобра кај голфот итн.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #501 на: 20 Септември 2015, 19:19:58 pm »
Ако администрацијата не е толерантна Дихтунг до сега ќе беше 18,5 пати баниран. Туку мене ми пречи тоа што има голема пристрасност кон некој бренд, најчесто кој оној што го поседуваме. Веле штрумф се издвојува како еден од ретките кој е објективен.

Благодарам на комплимент. Само ете, има луѓе на кои и тоа не им одговара.

Тотално си ме разочарал, многу подмукло од твоја страна ..

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #502 на: 20 Септември 2015, 21:51:16 pm »
У право си, стварно требаше да биде оставено, ако не и мултиплицирано, во буквално секоја можна тема на форумот да се стави истиот линк, со истата приказна, и да се ископираат истите мислења и постови на сите членови на форумот кои напишале нешто, за да се избегне било каков пропуст.

Подмукло?! Као зад твој грб бришев непотребни постови, а пред народ викав дека нема бришам? Ај молим те...

Има множество на луѓе кои не би ми било сеедно дали ќе ги разочарам или не. Ти не си во тоа множество. Твоја работа е дали си се разочарал за глупости или не.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #503 на: 20 Септември 2015, 22:16:57 pm »
 ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D
3:00!!!
Nemozam da go nasteluvam!!!

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #504 на: 21 Септември 2015, 01:43:22 am »
Веле штрумф се издвојува како еден од ретките кој е објективен.

и дени се издвојува исто... вози поло на плин, а на сва уста го фали турбо дизелот... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #505 на: 21 Септември 2015, 12:19:10 pm »
..shit`s for real.

Volkswagen ја прекинува продажбата на дизел модели во САД

По откривањето на скандалот со лажните вредности на издувните гасови во САД, Volkswagen реши привремено да ја прекине продажбата на возила на овој значаен пазар. На концернот му се закануваат казни во висина од десетици милијарди евра.

Volkswagen ја прекина продажбата на модели со дизел мотори со четири цилиндри на пазарот во САД, откако агенцијата за заштита на животната средина откри манипулации околу количината на штетни материи во издувот на овие возила. Гигантот од Волфсбург синоќа ја потврди вистинитоста на обвинувањата дека користел посебен софтвер за пред властите да прикаже пониски вредности на штетните гасови од реалните.

Шефот на германскиот концерн Мартин Винтеркорн најави детална истрага околу скандалот со издувните гасови. „Најдлабоко жалам што ја изневеривме довербата на нашите клиенти и на јавноста,“ изјави тој во централата во Волфсбург. Според Винтеркорн, овие случувања имаат врвен приоритет за раководството на концернот, но и лично за него.

Volkswagen наложи надворешна истрага, за да ги спречи прекршувањата на законските прописи и ќе вложи се да ја врати довербата: „Соработуваме отворено и темелно со надлежните институции со цел безо и транспарентно да го решиме проблемот во целиот обем,“ изјави шефот на концернот.

Можна е казна во висина до 16,9 милијарди евра: По 33.000 евра за секое продадено возило

Американската агенција за заштита на животната средина ЕПА го обвинува Volkswagen дека ги прекршил прописите за издувни гасови кај повеќе модели со дизел мотор. Станува збор за близу половина милион возила. Според наводите на агенцијата, на концернот му се заканува казна во висина до 16,9 милијарди евра. Според агенцијата, „во овие автомобили е вчитана софтверска програма, којашто го исклучува ограничувањето на издувните гасови при нормално возење и го вклучува повторно при проверка на издувните гасови.“

Врвните автомобилски експерти се запрепастени и гледаат опасност за целата германска технологија на дизел мотори. На овој начин се наштетува и самиот имиџ на возилата со дизел мотор. BMW и Mercedes се соочуваат со истиот проблем, откако во минатите години инвестираа огромни суми во популаризацијата на дизел погонот во САД, како шанса за постигнување предност пред конкуренцијата, првенствено од азиските марки.

Се јавуваат и еколошките организации во Европа, кои се сомневаат дека овие манипулации се применувани и кај возилата на европскиот пазар. Секако дека овие масивни манипулации со издувните гасови не можеле да бидат извршени без врвното раководство на производителот од Волфсбург да биде свесно за тоа. Другите производители исто така се под сомнение.


http://automedia.mk/?p=19001

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #506 на: 21 Септември 2015, 12:38:16 pm »
Тоа ти е, заради пола милион дизели, ќе го папаат. Неоти загадиле толку многу, ама ај... :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #507 на: 21 Септември 2015, 12:43:14 pm »
Тоа ти се вика закон, а особено во Америка. Нема бегање.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #508 на: 21 Септември 2015, 13:08:51 pm »
Фино напишал Дарко од Аутомедиа, мада малку сензационалистички. Ама ако, тоа привлекува кликови.

VW паузира со продавање на 2-литарскиот TDI. Другите модели со TDI сè уште се продаваат (тие што имаат вбризгување на уреа - AdBlue - за елиминирање на NOx). Не е дека престанале сите да ги продаваат. Environmental Protection Agency (EPA) најави дека ќе тестира возила од другите производители кои продаваат турбодизели во Америка, да се види дали и кај нив има слични дискрепанци. Колку за потсетување, веќе ги казнија Kia/Hyundai и Ford за пријавување нереална потрошувачка.

Дека VW ја ебале работата, ја ебале, тука нема муабет. Веќе самите си побараа 3rd party ревизија.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #509 на: 21 Септември 2015, 13:48:45 pm »
..shit`s for real.

Volkswagen ја прекинува продажбата на дизел модели во САД

По откривањето на скандалот со лажните вредности на издувните гасови во САД, Volkswagen реши привремено да ја прекине продажбата на возила на овој значаен пазар. На концернот му се закануваат казни во висина од десетици милијарди евра.

Volkswagen ја прекина продажбата на модели со дизел мотори со четири цилиндри на пазарот во САД, откако агенцијата за заштита на животната средина откри манипулации околу количината на штетни материи во издувот на овие возила. Гигантот од Волфсбург синоќа ја потврди вистинитоста на обвинувањата дека користел посебен софтвер за пред властите да прикаже пониски вредности на штетните гасови од реалните.

Шефот на германскиот концерн Мартин Винтеркорн најави детална истрага околу скандалот со издувните гасови. „Најдлабоко жалам што ја изневеривме довербата на нашите клиенти и на јавноста,“ изјави тој во централата во Волфсбург. Според Винтеркорн, овие случувања имаат врвен приоритет за раководството на концернот, но и лично за него.

Volkswagen наложи надворешна истрага, за да ги спречи прекршувањата на законските прописи и ќе вложи се да ја врати довербата: „Соработуваме отворено и темелно со надлежните институции со цел безо и транспарентно да го решиме проблемот во целиот обем,“ изјави шефот на концернот.

Можна е казна во висина до 16,9 милијарди евра: По 33.000 евра за секое продадено возило

Американската агенција за заштита на животната средина ЕПА го обвинува Volkswagen дека ги прекршил прописите за издувни гасови кај повеќе модели со дизел мотор. Станува збор за близу половина милион возила. Според наводите на агенцијата, на концернот му се заканува казна во висина до 16,9 милијарди евра. Според агенцијата, „во овие автомобили е вчитана софтверска програма, којашто го исклучува ограничувањето на издувните гасови при нормално возење и го вклучува повторно при проверка на издувните гасови.“

Врвните автомобилски експерти се запрепастени и гледаат опасност за целата германска технологија на дизел мотори. На овој начин се наштетува и самиот имиџ на возилата со дизел мотор. BMW и Mercedes се соочуваат со истиот проблем, откако во минатите години инвестираа огромни суми во популаризацијата на дизел погонот во САД, како шанса за постигнување предност пред конкуренцијата, првенствено од азиските марки.

Се јавуваат и еколошките организации во Европа, кои се сомневаат дека овие манипулации се применувани и кај возилата на европскиот пазар. Секако дека овие масивни манипулации со издувните гасови не можеле да бидат извршени без врвното раководство на производителот од Волфсбург да биде свесно за тоа. Другите производители исто така се под сомнение.


http://automedia.mk/?p=19001


Ќути коначно некој и од нашиве медиумчиња да пише ..