Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 396920 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #525 на: 22 Септември 2015, 13:50:12 pm »
http://www.bloomberg.com/news/articles/2015-09-22/vw-to-set-aside-7-3-billion-as-diesel-emissions-scandal-widens

Акциите 30% за два дена. VW си тргнал на страна 7.2 милијарди долари за сваки случај... 
Кај и да е ќе си дое голфчето на реални 12.000 евра малопродажна цена :D
Тоа сакав да прашам, ќе влијае ли ова на цената на возилата?
Да си купам една седмица 150 коња за 12 000 евра. ;D


Ако ги помине еко тестовите ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #526 на: 22 Септември 2015, 13:53:12 pm »
http://www.bloomberg.com/news/articles/2015-09-22/vw-to-set-aside-7-3-billion-as-diesel-emissions-scandal-widens

Акциите 30% за два дена. VW си тргнал на страна 7.2 милијарди долари за сваки случај...  
Кај и да е ќе си дое голфчето на реални 12.000 евра малопродажна цена :D
Тоа сакав да прашам, ќе влијае ли ова на цената на возилата?
Да си купам една седмица 150 коња за 12 000 евра. ;D
Ќе има посебен модел во Европа, Golf 7 TDi - US Specs :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #527 на: 22 Септември 2015, 13:55:53 pm »
Ќе има посебен модел во Европа, Golf 7 TDi - US Specs :D

Менуваат шалт табла и готово.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #528 на: 22 Септември 2015, 14:05:08 pm »
Случајот со Volkswagen ја разоткрива практиката во целата бранша

Манипулации околу вредностите на штетите материи во издувните гасови вршат сите производители. Преку Volkswagen, овој проблем конечно го добива неопходниот публицитет, по што мора да следат промени во целата индустрија и политиката што ја штити истата.

Во екот на одржувањето на салонот на автомобили во Франкфурт избива скандалот околу манипулациите со издувните гасови кај возилата со дизел мотор на концернот Volkswagen на американскиот пазар. Но, познавачите на браншата воопшто не се изненадени. Во целата автомобилска индустрија веќе со години се практикуваат овие манипулации со издувните гасови. Единствената разлика е во тоа што место со обични прекинувачи, денес производителите ги лажираат вредностите на издувните гасови преку примена на комплексни електронски системи.

Отстапувањата меѓу реалните и лажираните вредности се фрапантни. Според мерењата што независна институција ги изврши на 15 модели од различни производители со дизел мотор, реалните вредости во просек се седумпати поголеми од вредностите што се пријавуваат пред властите. Производителите ја применуваат оваа практика со цел да го избегнат вградувањето на дополнителна техника колку е можно подолго.

Прекумерната концентрација на азотни оксиди влијае врз здравјето и животната средина

Проблемот е во тоа што директно ѝ се наштетува на животната средина. Станува збор за штетните азотни оксиди во издувните гасови, кои заедно со јаглеводородите влијаат врз озонската обвивка и придонесуваат за зголемување на концентрацијата на неразградливи честички во атмосферскиот воздух. Дополнително се зголемува киселоста на почвата и на морињата. Сето тоа ги загрижува еколозите. Возилата не се единствен, но во секој случај се значаен извор на овие штетни материи.

Секако дека прекумерната концентрација на азотни оксиди влијае и врз човечкото здравје, поради што се воведуваат гранични вредности за концентрацијата на азотни оксиди. Загадениот воздух предизвикува иритација и оштетувања на дишните патишта, а астматичарите се особено загрозени.

Емисијата на штетни гасови при секојдневната експлоатација на возилата се разликува драстично од вредностите што се добиваат при хомологациските мерења. Овие мерења се спроведуваат под точно одредени услови, почнувајќи од температурата, па сé до циклусот на возење. Производителите можат прецизно да ја модулираат контролната електроника на моторот според овие услови, односно електрониката самостојно препознава кога возилото е приклучено на мерење на издувните гасови и активира посебен режим на работа на моторот. Во овој режим се користи драстично намалена моќност на моторот, затоа што пропишаниот циклус на возење предвидува само умерени забрзувања и брзини. Соодветно на тоа се добиваат и вредности што се неколкупати пониски од реалните.

Техниката за пречистување постои, производителите не сакаат да ги мачат возачите

Браншата веќе располага со техника со која што може да се постигне реалната емисија на штетни гасови да биде во границите на дозволеното и на пазарот веќе со години се нудат модели што ги исполнуваат граничните норми. За таа цел се користат акумулациски катализатори или таканаречени SCR-катализатори, кои работат со раствор од уреа. Но, повеќето производители сакаат да ги „поштедат“ своите клиенти од неопходноста во редовни временски растојанија да се дополнува специјалната течност во возилото.

Тоа е банална причина, затоа што овој начин на пречистување на издувните гасови ниту ги поскапува возилата, ниту пак ги прави помалку економични или помалку моќни. Потребно е само незначително да се модифицира издувниот систем за проблемот да се реши. Во основа, потребно е да се зголеми температурата на издувните гасови и да се вшприца уреа. Тоа не доведува до осетно поскапување на возилата.

Volkswagen е само жртвено јагне. Проблемот сигурно не избива случајно во екот на одржувањето на салонот во Франкфурт, а уште помалку е случајно тоа што надзорниот одбор на концернот веќе во петок одржува редовна седница на која што ќе се решава дали шефот Мартин Винтеркорн ќе ја задржи водечката позиција во автомобилскиот гигант. Пред само неколку месеци, патријархот на Volkswagen и внук на Фердинанд Порше, 78-годишниот Фердинанд Пих, го доведе најголемиот европски производител на автомобили во неколкунеделна криза, кому не му се допаѓа Винтеркорн да го води концернот. Значи, ништо не е случајно.


Во петок се одржува редовна седница на надзорниот одбор на Volkswagen. Скандалот случајно избива сега?

Концернот од Волфсбург не е единствен што го има проблемот со прекумерната количина на азотни оксиди во издувните гасови. Постојат евидентирани податоци дека сите производители вршат манипулации при законското мерење на емисијата – некои повеќе, некои помалку. Дизел моторите не се проблемот. Модерните бензински мотори со директно впрскување на горивото го имаат истиот проблем, ако не и повеќе. Покрај азотните оксиди, кај нив произлегува и значително повисока емисија на неразградливи честички од дозволените вредности. Според тоа, мерењата на бензинците се манипулираат исто како дизелите.

Скандалот избива во САД, но тоа воопшто не ја поштедува Европа. Проблемот е во тоа што европските институции ги затвораат очите и не проверуваат колкава разлика се јавува меѓу реалните и манипулираните вредности. Токму поради таа причина, ЕУ подготвува воведување на ново тестирање на издувните гасови во услови на реално возење. Преговорите меѓу политиката и индустријата траат веќе со години и постојано се пролонгираат првенствено поради некооперативноста на производителите на автомобили. Пролетоска се постигна спогодба околу постапката, но сé уште не е решено околу таканаречениот фактор на конформитет, односно околу дозволениот степен на отстапување меѓу реалните и лабораториски измерените вредности. Поинаку кажано, индустријата притиска властите да ѝ дозволат техниката во возилата и натаму да биде надвор од нормите, се преговара единствено околу тоа колкаво треба да биде отстапувањето. Но, зарем е ново тоа што индустријата е милениче на политикатa.

http://automedia.mk/?p=19031


Ме мрзи да копирам веќе..следете си аутомедиа.мк.. очигледно се доста информирани околу случајов.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3280
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #529 на: 22 Септември 2015, 14:10:50 pm »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3837
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #530 на: 22 Септември 2015, 14:15:17 pm »
Не биле само 500.000 возила во америка.

The emission test cheating engine management software at the center of the Dieselgate controversy is installed in 11 million Volkswagen Group cars worldwide

http://jalopnik.com/volkswagen-admits-it-cheated-with-11-million-engines-s-1732283322


Отиде VW во неповрат.


Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #531 на: 22 Септември 2015, 14:18:47 pm »
Отиде да, ама каде. смешки

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #532 на: 22 Септември 2015, 14:20:18 pm »
Neka padnat uste malce pa kinezive da gi kupat :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16734
  • Keep it 100
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #533 на: 22 Септември 2015, 14:24:19 pm »
Небото над Пекинг без и со автомобилите на VW:



 ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3837
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #534 на: 22 Септември 2015, 14:25:49 pm »
Треба и кај нас зимава да се исклучат од сообраќај сите дизел VW-ни. Да подишиме малку... :)
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #535 на: 22 Септември 2015, 14:28:11 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Хахахахах лелелеле солзи ми потекоа човече!! Ѕвер!!! Кај ти текна за сликава хахахахах


И нормално за тие што не го прочитаа текстот до крај  :D
Цитат
Дизел моторите не се проблемот. Модерните бензински мотори со директно впрскување на горивото го имаат истиот проблем, ако не и повеќе. Покрај азотните оксиди, кај нив произлегува и значително повисока емисија на неразградливи честички од дозволените вредности. Според тоа, мерењата на бензинците се манипулираат исто како дизелите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #536 на: 22 Септември 2015, 14:31:20 pm »

Цитат
Дизел моторите не се проблемот. Модерните бензински мотори со директно впрскување на горивото го имаат истиот проблем, ако не и повеќе. Покрај азотните оксиди, кај нив произлегува и значително повисока емисија на неразградливи честички од дозволените вредности. Според тоа, мерењата на бензинците се манипулираат исто како дизелите.

Каков заклучок „според тоа, мерењата на бензинците се манипулираат исто како дизелите...“ Новинарски булшит од големи размери...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #537 на: 22 Септември 2015, 14:36:43 pm »
Каков заклучок „според тоа, мерењата на бензинците се манипулираат исто како дизелите...“ Новинарски булшит од големи размери...

Тој што го пишува текстот, обично не знае основни работи за мотори со внатрешно согорување.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #538 на: 22 Септември 2015, 14:36:58 pm »
Би билo интереснo дa се види 6.2л вo некoј мoнстер трaк кaкo испoлнувa екoлoшки нoрми вo Кaлифoрнијa. Кoнкретнo случaјoв, није лoпoв крив штo је крao, негo штa су гa ухвaтили. Епa чoрбa.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #539 на: 22 Септември 2015, 14:38:42 pm »
Цитат
The “discrepancies relate to vehicles with Type EA 189 engines,” VW writes, which includes Audis, VWs, Skodas, and Seats. “A noticeable deviation between bench test results and actual road use was established solely for this type of engine.”

Може некој поупатен да каже кои се овие ЕА 189, односно дали станува збор за сите тди?