денес и последната прикаска од промена во бензин на дизел во звтомобил е завршена, а тоа е АТЕСТ на моторт... чисто за да влезе во евиденција колку и како и секако што е потребно еве го редоследот:
-технички преглед, да востановат дека имаш друг мотор, со сериски број и тип
-уплатница од банка на таксени марки, и услугата на техничкиот
-упат ДО МВР од технички преглед
-МВР шалтер бр.3, па шалтер бр. 1 за упат за на атест (бираш каде сакаш на атест сам).
-уплатница со таксени марки+услугата на МВР
-атест. јас го правев во АМСМ во север, до порше македонија
-плаќаш за атестот
-фершпед или било каде кај што имаат царинска вага, мораш да ја мериш колата со 90% наполнет резервоар, и да донесеш нивни документ ЗА МАСА НА ПРАЗНО ВОЗИЛО. ова се плаќа кеш и е евтино.
-пак се враќаш да ти го дадат конечниот документ од атестот
-повторно на технички да ти заверат тоа папирчето зелено, заедно со атетсот.
-МВР на промена на сообраќајната со новите податоци
се на се околу 150 евра кошта овој “подвиг“... подвиг е зашто се растретев од трчање, а се пројде од прва.. што ако за само 2 работи ме вратеа по еднаш-двапати? тогаш ке беше ХЕРОЈСКИ подвиг
инаку ниту една замерка немаше од комисијата за атест, па нели и од прва си поминав... испосликаа се што е направено, сите држачи, дури и сијаличките за греачи ми ги бараа да ги сликаат. на канал ово оно.. броеви на шасија, броеви на мотор бла бла бла... од документи ја бараа на увид оригиналната сообраќајна, копија од истата (за моторот зборам) и договор за купопродажба на истиот... ми беше објаснето и дека со фактура за мотор се завршува работа... ова за сите мотори важи. да се избрише празниот муабет дека ке направиш атест само со копија од сообраќајна... да моторот е потрошен материјал, но никако неможе да го смениш бројот ако немаш доказ за сопственост... само ист мотор ако се мења може со сообраќајна-копија...
она што е сменето од порано е дека се бараше на увид оригиналната сообраќајна од моторот.. сега не треба тоа...
ПРОЕКТОТ ЗАВРШЕН ВО ЦЕЛОСТ... фала многу, пријатно