сум заборавил да пишам... афата е продадена и тоа пред 2-3 месеци одприлика...
денес случајно на улица се разминав со нејзе. ја возеше некоја госпоѓа. едниот фар од ксенонот не и свети. застанувам до нејзе и ја гледам колата... кеиф невиден ми се направи затоа што ја видов исперена, без зрно прашина на нејзе и со восок заштитена... фрлам поглед онака преку прозор, ентериерот исто така зачувано и се на свое место... значи во добри раце отишла колава.. ке ја чуваат и ке ја имаат подолг период... ке и се изнавоза а јас АЛАЛ им ја дадов.... а бојата на сонцево силно онака чиста СВЕТИ ма Л’ШТИ на сите страни и дефинитивно одскокнува од другите коли...
се пали зелено. намерно не тргнувам, а госпоѓава поооооооолеееека ептен полека си тргнува, кеифлиски си ја вози. тргнувам и јас, возам на кратко позади нејзе, приметувам дека 100-те грама боја што им ги дадов ги искористиле и браникот позади што беше заебан т.е. ми го сјеба некој на паркинг го средиле... претпоставувам и хаубата ја средиле, ама несакав да идам и возам поред нејзе ке помислеше дека ја маниачам. на прва раскрсница свртев и ја оставив... дефинитивно е појава колата. едно од возилата во кое сум се внел максимално за да го направам перверзно добро...