Автор Тема: Проект, промена на мотор од бензин во дизел на форд ескорт  (Прочитано 17859 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
пикапчето што каобајаги го продавав... сепак падна одлука да го извадам моторот од него и да го сместам во ескордот на моја лепша половина... тој нејзиниот се супер, влече како луд арно ама и троши како лудо... башка на гумици на вентили ептен беше ојдено, ребраст каиш не е сменет бајаги време, а и водна пумпа протече... се у свему нејќев тој мотор да го оправам, иако за мали пари се оправа, затоа што за моја лепша половина сепак треба нешто економично, а не нешто што иде 200 ама и троши 12... вака сега дизел ке си тера со 6-6,5 градска...

целата зезанција, заради немањето доволно време во тековниов период ке се одвива во неколку етапи. првата секако е “корнење“ на дизелот од пикапот и негово досредување... ептен греота е кога го имаш на маса пред тебе да не му смениш семеринзи, ребраст каиш, затегачи, лагери ламела, потисна... знаеш средиш сега и мирен си бајаги време...

еве како почнува муабетот: (п.с. со мобилен сликам....)

си седеше така пикапов некое време (а има и регистрација уште 8-9 месеци), качен на оваа бетонскава шахта


и денес конечно го дотркалав (со палење се разбира) пред гаража му отворив хауба за да си евидентирам за последен пат како изгледа тој мотор во оваа школка...





и кога конечно после 2 саати пупење над него (со моите 150- кг не е лесно верујте, кичмата ми ојде) му ги разоткачив сите кабли, црева и цевки од него, пикапот заличе на ова:




секако, 17 години таложење на него прљавштини, веројатно никад до сега не сменет семеринг нитуеден, замастен моторот до коска.. од сите семеринзи по малку капе, од дихтунг на капаче исто така.. иако тоа се смешни пари, јбг... немло кој да ги смени... полесно е да фркнеш литро уље кога ке осетиш дека нема одколку да се зезаш со семеринзи...

и мајстор боро, зеде низ гаража, прибра нешто фамин, нешто нафта и нешто бензин, го измучка во за него познат состав и количина, клекна до него, и почна да прска:







после прскањето, следеше плакнење со вода (на некоја слика и се гледа зеленото црево, цело испокрпено со селотејпи, јбг, мајсторска работа), па одкако одстои околу 15-20 минути, повторно нов микс на хемикалии, од пак само за боро познат состав и количин... пак беше фамин, бензин и овој пат концентриран сјај... овој пат јас прскав... убаво се изнаголтав прашина од хемиклијата... ама кога на крај го прснав со црево моторот излезе како нов... јас сум трљал до сега со четка со бензин или нафта, ама вака чисто ебаго, не сум знаел дека може...

после тоа следеше вадење и промена на ребраст каиш, семеринзи, затегачи, лагерчиња и греачи. секако ако приметивте капакот од главата на моторот има еден црн круг од десна страна.. круг, кој што не треба да го има... во меѓувреме набавив и друг капак, со нов дихтунг и секако и тој беше заменет... вечерва машината е комплетирана... само од целиот замор и трчања по делови лево десно не успеав да го документирам тој момент... утре вфетувам неколку слики од него до сите страни...

патем речено утре “би требло“ од ескордот да го вадиме бензинецот... и тоа ке го докуметирам...

за денес толку...
« Последно менување: 16 Септември 2012, 11:48:13 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
bravo, bas me zanima kako si osmislil se.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
ќе има овде малце зезанции али ајде баш ме интересира,ако е мoжно онак повеќе слики :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Нека е со среќа !

Бензинецот ке го ставаш во пикапот или ?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Onak, признај брат дека на руки го извади моторов  ;D

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Море Онак и тебе место не те фаќа, со среќа проектот. Пикапчево гледам доста здраво каросериски.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ќе има овде малце зезанции али ајде баш ме интересира,ако е мoжно онак повеќе слики :)

од кој апект зезанции? според неколку програми што гледав на држачи се исти... само незнам како со мењачите и полуосовините ке изгледа... тоа денес ке се дознае..
Onak, признај брат дека на руки го извади моторов  ;D

да да.. секако.. му ги бутнав прстите во дупките и го дигнав... и тоа со малите прсти... абе ГУСАН БЛОК, ГУСАНА ГЛАВА, без вадење алтернатор, пумпа, бош пумпа и слично... цел го извадив... да не беше чекркот, ке го извадевме на куково лето....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Нека е со среќа !

Бензинецот ке го ставаш во пикапот или ?

ни случајно.. или ке го растурам или ке го пуштам тука на понуда.. кој сака да си експериментира и да прави некое бесно ауто, поубав мотор од овој нема... пикапот ке иде со копач на него... ке се растура... а има регистрација уште бајаги време  ама ај.. бидна...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Море Онак и тебе место не те фаќа, со среќа проектот. Пикапчево гледам доста здраво каросериски.
поздраво неможе да биде... ама тоа е само “визуелно“... фордовите се такви, однадвор се арабат ама цврсти се... не се како застава на пример или лада... ке скапе и ке почне да се витка...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
тоа тоа,мењачот дали ќе пасува и дали држачите се исти,само нека има слики

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ајде сега вчерашниот ден, т.е. вториот...

прво слика од дизелот, испран, среден, стокмен....





и еве го... ескордот... љубимецот на моја лепша половина... незнам зашто, ама ептен и легна на срце за многу кратко време... дали зашто претходно возеше се некои шупачиња од коли, како матиз, јарис и остали чизмички со 2 наместо со 4 врати, ама фордов дефинитивно си го засака и не го дава...





и машината во него оригинална... 1.6, 16 вентилски, 90 коња... одличен мотор за трки ама и одличен потрошач...



откако го раштрафив и разоткачив сите кабли, црева, жици, сензори и еден куп тракатанци (морам да нагласам дека во споредба со дизелот овој има 5 пати повеќе жици и глупости... компјутер има јбг...) значи по сето тоа, влезе у гаража, на чекрк го закачив и почнав да го чекам  боро конечно да се појави (како и секој механичр вика сега доаѓам а според него сега е 1-2 саати) за да почнеме да го вадиме од држачи...





и ете... се појави боро и со залет и трчање рипна у канал... да беше со вода каналаот гарант и ласта ке напраеше... одма се фати да расштрафува



откако го извлековме моторот надвор, евидентно беше дека буквално се под хауба имаше од 1 до 2 сантими залепени маснотии со прашина, па се тоа така фино се забетонирало... и ете пак боро чучна на земја со неговите хемиски миксови...




зеде пиштолот во рака, и почна да го “бања“ од внатре...






и тука јас го запрев... ми текна на моментот дали ке одговара мењачот или не... зедовме премеривме и испадна дека паше од а до џ... не до ш... има една мала зезанција која не смета ама ете ја има... дупката за друх лагерот е иста, на виљушки е иста, ама на осовина е 1 милиметар по голема, а уствари тоа не мења ништо, се ке си одговара...
и така... го довлековме фордот до нај блиската перална, јас лично му влегов со вап одвнатре и го напраив како нов... свечениот чин на влечење-шлепање не е овековечен...

следно беше да се искомбинира како ке стои сервото, со алтернаторот и затегач... тоа ни зеде бајаги време... во 1.30 по полноќ више ја имавме добитната комбинација... само немаше енергија за понатака... денес треба тоа се да се склопи и конечно моторот да се спушти под хауба... ке видиме и со држачите како ке биде...

во меѓувреме еве, во оваа позиција го оставивме:







се надевам дека денес ке го наместиме, без проблеми со држачите и ке го збрчиме...  а да.. и усисната грана треба да трпи модификации... треба да се сече и врти усисот од друга страна... п.с. пластична е...

www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
interesen proekt

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4163
боро ти е брат или му плаќаш јака дневница чим останува до 1.30 навечер у гаража? :)
него,после промена од бензин на дизел,да не не и се свиѓа на жена ти колава,па да ти рече враќај ми го стариот мотор.
сигурно си размислувал и на таа тема,па со среќа промената,и со лесно да лизга:)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
охоо добра пара ќе му извадиш на 1.6 моторот доста скапи делови имаат

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
боро ти е брат или му плаќаш јака дневница чим останува до 1.30 навечер у гаража? :)
него,после промена од бензин на дизел,да не не и се свиѓа на жена ти колава,па да ти рече враќај ми го стариот мотор.
сигурно си размислувал и на таа тема,па со среќа промената,и со лесно да лизга:)

не се прашува она за тоа... чим јас го полнам резервоарот, нека биде среќна што не и купив тико на плин... ;D ;D ;D

а боро... е па боро има нај чудно раб. време од сите механичари... пред 16 часот не почиња... еве и сега, сеуште го нема. јас спремив држачи за она што вчера го комбиниравме, исеков, избушив, наместив... излегов да барам каиш соодветен, се вратив, него сеуште го нема... а треба да почнеме да го спуштаме моторот во школка... е сам не иде тоа да се прави...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време