Автор Тема: Проект, промена на мотор од бензин во дизел на форд ескорт  (Прочитано 17861 пати)

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
А баш сакав да те прашам дали си рчкал нешто со ауспухот,гледам цевката надоле.. :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Стрелката на обртометарот као В-ТЕК да си му ставил ;D ;D

Браво, експресно сработено.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
е јбг... обртомерот нема да работи... кога го откачив компјутерот се изврте до таму и се заглави... отиде накај комшии стрелката :)

па 3 дена се во прашање... вкупно некаде околу 40 раб. саати од кои боро присуствуваше едвај на 25, и тоа со молење и заканување по телефон со сериозни претњи кон него, неговото здравје и фамилијата... се зезам нормално, ама како и сите мајстори така и боро се понаша како да нејќе пари да земе...

п.с.  НУМЕ, спремај се утре попладне сензорите да ги средиме... сега ми текна...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
 ;) moze

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Честитки Онак, операција успешна пациентот склопен ;D ;D ; D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8519
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Бајпас! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
фала лепо...

денес востановивме дека капе масло... и тоа кај нуме у гаража додека средувавме паркинг сензорите... а таман сакав да идам да одмарам дома, си викам како чоек да си дојдам еднаш во нормално време... се разбира, не се деси тоа и си отидов во гаража на дијагноза... брц колата на канал... и значи марфи пак забите си ги покажа и својата безобразна страна... единственото ебано нешто кое не го предихтував на моторот, мораше од него да капе масло... вакум пумпата... е срање у боја... за 5 капки силикон и 3 штрафа....

рачунај среѓено...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Хммм, чудно нема дим позади.

сега го прочитав ова... зашто чудно? секој дизел, па макар и на олд скул технологија, ако дизните му се ок, бош пумпата ок, клипови и карики се ок,  палењето е ок, нема дим... нема чурење, т.е. има целосно согорување на горивото т.е. исто како и кај бензинец... на почетокот реков јас дека моторот на пикапот  Е СРЧА... никој ништо не искоментира, како со недоверба го прифатија тоа сите, зашто некако, како по дефиниција е дека стар тип на дизел е по штракачки т.е. е доста бучен и ЧУРИ многу... е па не е така... сите оние параметри од погоре што ги опишав ако се во ред, нема да биде бучен, нема да има вибрации и нема да чури... и нај битното, малку ке троши... јас лично се потрудив да го истестирам периодов, значи за овие неколку дена нешто сопругата ама повеке јас, му пројдов по веке од 400 километри и до сега има потрошено нешто малку повеке до 20 литри нафта, од кои 100 км е на отворено а другото е во градска средина... тоа се околу 5,5 литри нафта на 100... па што повеке да дискутираме? ајде жеа ми е со малку по неконтролирано стискање на гаста и кај нејзе ке троши 6 нафта... мала ли е разликата од 11-12 бензин до 6 нафта? ич... ситница... е сега, ако имаше моторов сјебани дизни, полураштракана бош пумпа, моторот и ке чукаше (бучен) и ке тресеше цела кола и потрошњата ке идеше до 9 нафта... еве синоќа беше една фиеста со потполно истиот мотор.. сите овие симптоми што ги набројав ги има... и потрошња до 9.. стариот е задоволен нели, ама тоа е затоа што не видел и осетил поинаку... кога го запаливме се дешаваше ракетата за бришачи од што тресеше сама да се вклучи, т.е. да падне надоле.. е тоа е тресење... а за штракање да не прајме муабет...

туку ја мака си мачам со вакум пумпата... 3 сменив и сите до сега течеа од разлиучно место... еден од лисиче што растура фордови рече во вторник-среда ке донел пумпа... а од него и ги зедов претходниве...

може членот со двата форда чив татко беше сервисер на фордови да се произнесе по муабетов дали има вакум пумпа на располагање и која цена би му била, ако случајно неделава не завршам со овој мајстор... така работите не ги оставам.. ебаго... сменив сите семеринзи, сите дихтунзи, се со цел да не капе ни капка маслчо и сега ке ме ебе у мозок една вакум пумпа? па да и го начукам, ке си купам од негде на друго место... ке мењам дур не ја погодам правата... на крај ако треба и ке земам една ке ја растурам цела и ке ја средам одпочеток, па нек е стопати под преса склопена... ке и го најдам крајот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Ова со препаравање од бензин на дизел мортор ми е многу познато , но добро знзм дека и мењаците не се исти во нај мал сслуцај се разликуваат во деференцијал. Бензинецот има поголем вртеж а помал торк на ниски а дизелот на ниски има поголем торк преносот на дизелот во слуцај со бензински мењац ќе му биде краток.
Јас го знам ова поради што работам со мерцедес и таму има вакви работо а сум правем и на VW и кај нив има огромни разлики не знам за форд но како и да завртиш кога се димензионта мењач се зима во фактор вртежот и торкот а и силата КС.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
во право си... иако надворешно се исти, и звоно и се им е исто, сепак внатре не се исти а и во возењето се разликува... ке кажам само дека поради тоа што остана бензинскиот мењач колата се понаша тромаво на ниски обртаи, односно на тргање... сака малку повеќе гас.. уствари, се понаша како бензинец... тром на тргање, ама кога ке дигне над 1800-900 обртаи повлекува сосем солидно за стар тип дизел, а од друга страна пушти го кумплунгот без гас и ке тргне... чудно... требаше и мењачот да го сменам, ама ме секираше моментот со полуосовините.. не ги меревме дали пашат или не... сега отпосле кога се заврши цела работа измерив и видов дека и на тој мењач ке одговарал... здравје... на пролет, кога ке ми биде досадно, ке земам и него ќе го сменам... го имам, ми стои, ете го таму во пикапот...

инаку околу потрошњата... јас знаев, ама жена ми беше скептик... “зачудена“ е како може со толку помалку пари да возиш... она не гледајки ја стрелката за гориво идела и дотурала нафта на бензинска цело време, со она темпо као што турала бензин... секој 2-3 дена по 1000-че нафта... пред 2-3 дена пумпашот и рекол: г-ѓо, резервоарот ви е полн до горе.. а она со миљон прашалници околу глава... ;D и после ми кажува... аман бе женска главо... имаш стрелка за гориво, ГЛЕДАЈ ЈА НЕЈЗЕ... за тоа служи истата... а она ми вика: ја па мислев дека нешто се расипало.. цело време ми покажува над пола или скоро цело  ;D  па да... никад не ја видела до таму стрелката  ;D ;D јбг... опростиво е, пошто она е нели, само женски шофер... или шофер без м*да...  :D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
денес и последната прикаска од промена во бензин на дизел во звтомобил е завршена, а тоа е АТЕСТ на моторт... чисто за да влезе во евиденција колку и како и секако што е потребно еве го редоследот:

-технички преглед, да востановат дека имаш друг мотор, со сериски број и тип
-уплатница од банка на таксени марки, и услугата на техничкиот
-упат ДО МВР од технички преглед
-МВР шалтер бр.3, па шалтер бр. 1 за упат за на атест (бираш каде сакаш на атест сам).
-уплатница со таксени марки+услугата на МВР
-атест. јас го правев во АМСМ во север, до порше македонија
-плаќаш за атестот
-фершпед или било каде кај што имаат царинска вага, мораш да ја мериш колата со 90% наполнет резервоар, и да донесеш нивни документ ЗА МАСА НА ПРАЗНО ВОЗИЛО. ова се плаќа кеш и е евтино.
-пак се враќаш да ти го дадат конечниот документ од атестот
-повторно на технички да ти заверат тоа папирчето зелено, заедно со атетсот.
-МВР на промена на сообраќајната со новите податоци

се на се околу 150 евра кошта овој “подвиг“... подвиг е зашто се растретев од трчање, а се пројде од прва.. што ако за само 2 работи ме вратеа по еднаш-двапати? тогаш ке беше ХЕРОЈСКИ подвиг :)

инаку ниту една замерка немаше од комисијата за атест, па нели и од прва си поминав... испосликаа се што е направено, сите држачи, дури и сијаличките за греачи ми ги бараа да ги сликаат. на канал ово оно.. броеви на шасија, броеви на мотор бла бла бла... од документи ја бараа на увид оригиналната сообраќајна, копија од истата (за моторот зборам) и договор за купопродажба на истиот...  ми беше објаснето и дека со фактура за мотор се завршува работа... ова за сите мотори важи. да се избрише празниот муабет дека ке направиш атест само со копија од сообраќајна... да моторот е потрошен материјал, но никако неможе да го смениш бројот ако немаш доказ за сопственост... само ист мотор ако се мења може со сообраќајна-копија...

она што е сменето од порано е дека се бараше на увид оригиналната сообраќајна од моторот.. сега не треба тоа...


ПРОЕКТОТ ЗАВРШЕН ВО ЦЕЛОСТ... фала многу, пријатно :)

www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
и пред 5 дена, регистрација на колава... внесува типот податоци за осигурањето, ми се врти и ми вика сообраќајнава кој ти ја даде? го гледам у очи и му викам ТИ ми ја даде пред 25 дена. види чив е потписот доле...а откако се разбравме што е што, ми вика па у систем сеуште ти стои бензинскиот мотор...

е ја тоа друже незнам. тоа си е ваша работа. за тоа и ви платив, да си ја завршите. еве ти сообраќајната, ја идам кафе да пијам.. доволно ке ви биде 15 минути?

испив кафето, ми дадоа документите се средено.. види мајката. се средија за 15 минути, вклучувајки и печат у сообраќајната за регистрирано возило, а претходно повише од 3 недели малку им беше... свашта...

вака јадев јас стап со едно возило од мвр купено... 6 месеци се објаснувавме, зашто возилото не е црвено туку е бело, зашто кај нив пишувало 4 седишта наместо 5, зашто нема маса на празно возило, зашто пишувало на сообраќајната ЗА РАСХОД (според некои таму тоа значело за отпад а не за расходување од службите) и зашто има сменето 2 сопственика во рок од 3-4 месеци...

што има да се објаснувам бе... маката беше што колата отиде надвор од скопје и сите срања излегоа кога дојде ред да се сменат таблици на другиот град... за малку ке ми ја вратеа колата назад.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43561
  • Il Moderatore
Што не му кажа „бензин е, само варијаторот ми е за мењање, затоа тропа ко` дизел“ :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Со нашиве ништо не ме чуди, особено со постарите џандари. Кога ја регистрирав колата во Сојуз на Возачи во Карпош 4, у пм, мука додека да истераш најнормална работа. Сега идам во ПСС и завршувам работа за 15 минути без никакво ебавање.

Кога го регистрирав Голфот прв пат, ми ја утнаа сообраќајната, и тоа регистрацијата ја згрешија. Ми ја сменија следниот ден (кога приметив) без збор.