Ќе ја објаснам целата ситуација по втор пат, и се надевам дека конечно ќе се заврши целиот муабет. На самиот почеток ќе кажам дека учеството на форумов е доброволна работа. Ако на некого не му се допаѓа, може слободно да престане да доаѓа тука. Никој не е тука со сила донесен.
Опомените за недолично однесување на форумот се прават
исклучиво во приватни пораки. Ако нема ефект, се прави јавно со надеж дека особата која е опомената малку ќе размисли, и дека ќе го смени своето однесување.
Кими Македонски е до сега неколку пати опоменат за изливи на национализам и навредување. Кими Македонски го провоцираше Едонос без никаква провокација и работите ги извади целосно од контекст.
Муабетот е во тема на Викацот. Викацот имаше излив на емоции на кој соодветно се реагираше. СалеСк даде мислење дека за таков однос на било кој форум се добива бан. Сликата на Едонос кон Викацот со снајперистот е во таа конотација.
Изјавата на Кими Македонски „порано или подоцна инстинктот преовладува“ е со сосема јасна намера. Не сме од вчера, да не си играме играчки и да не се лажеме.
Повеќе од јасно е со која цел го напиша тоа. Едонос реагираше на тоа (повеќе отколку што треба), но со реална причина.
Во целата таа ситуација, беше направен муабет и со Едонос. Тој
самиот предложи да биде баниран и самиот си ја примети грешката. Кими беше баниран заради несоодветно однесување цели 3 дена, па уште бараше извинување.
Ќе си дозволам (се надевам дека нема никој да ми се налути) да цитирам приватни пораки од Едонос кон мене во јавност.
Daj mi i mene ban posto i jas go ispcuv.
Луѓето мене не ме гледаат ко крив или не,туку како шиптар.Ретки се тие на форумов ко тебе кои во мене гледаат сонародник и чиста душа без никакви зли намери кон тебе првенствено и кон форумов,па и кон другите членови..
НИКОЈ на форумов не е привилегиран.
Значи,
муабетов завршува тука. На сите што форумов не им одговара можат слободно да престанат да доаѓаат тука. Јас сум горд што на форумов има и Македонци, и Албанци, и Роми, и Грци, па и христијани и муслимани, и атеисти (и сосема сигурно некој будист). Во контекст на дневно-политичките глупости кои ни се случуваат прошливе 20 години, и прошливе 20 дена, сакам едно место во државава каде ќе може таа тема да се избегне, и да праиме муабет за други, побитни работи.
Луѓето како Едонос мене ми даваат надеж дека може да има соживот. Кој како сака нека го прифати тоа.