Значи Кими и маци, поентата е ВООПШТО ДА НЕ СЕ ПИШУВААТ такви постови. Џабе се трудите кога секако ќе бидат избришани.
Целосно ја поддржувам идејата на класниот сите да се еднакви на форум и форумов да биде едно од ретките места кое е изолирано од политика.
Муабетите "што треба и како треба да биде" најмалце заслужуваат да бидат во пишана форма. Тие што сакаат да дискутираат на таа тема слободно можат да се соберат на пиво и да оправаат.
Ни тој ни ти не сте во право што се буните за избришани постови околу такви теми.
Не ме сфаќај погрешно, гледаме сите што се дешава со државата, ама форумов Зеро отворено кажа дека е место за дневен одмор од тие работи.