Море недај боже Порше да земат, и сега се филмаат со сервисот, закажуваат за 2-3 недели. Недај боже да го фанат тендерот, ќе треба 2 месеци порано да се закажува

А и според мене целиов тендер е претерано глуп и наместен. Зошто на полицијата би и биле 150 исти автомобили. Како може исти автомобили и за автопат и за мали и средни градови. За во апсолутно секој град во Македонија кола од 170кс на полицијата и е апсолутно непотребна и е трошење на буџетски пари безвеза.
Според мене требаше да се направи тендерот на пример 100 коли од Голф класата со некој 1.6 дизел и да ги поделат на полицајците низ град, потоа 30ина Инсигнии како коли на републичката полиција кој би патролирале по автопат, и 30ина коли од типот на јети, Фритрак и таа банда за пристрап до понедостапните терени, кога тоа би било потребно. Но тоа е тоа, ќе си поделат пари кај што треба и ќе возат полицајците во Берово(без навреда за градот) да возат моновулемн со 170кс.
А и целава фама со тендеров е глупости, и стана како јавно наддавање кој ќе понуди повеќе мито кај што треба. Првен ги избраа Јети па нечинел КИБСОТ, потоа Фритрек па едниве хакери ги нападнале(како не) па сеа следниов пат што ќе биде причина за жалба којзнае. И сето тоа само да се извлечат повеќе пари за мито и поткуп онаму кај што треба. За ваков тендер, за да нема глички и расправии собери ги сите заинтересиране во Александар Пала конференциската сала, викни ги сите телевизии нека снимаат и тендерот нека биде јавен. Кој колку ќе спушта нека се гледа, нема да има ни хакерски напади, ни расипани електронски потписи ни никакви слични сра*а.
Ете тоа е моето мислење околу тендеров. Еднаш се зафркнаа со крајслерите, сега ќе се зафркнат со овие, може третиот пат ќе се опаметат.