бидејки сакаш сарказам, ке ти помогнам да ти биде успешен.. значи:
со моите пријатели од плимонт... 100 пати до сега само оваа година сум се видел...
со моите пријатели од плимонт... 100 пати до сега само оваа година сум се видел...
со моите пријатели од плимонт... 100 пати до сега само оваа година сум се видел...
и ниеднаш (за овие неколку илјади пати што сме се виделе до сега) не се десило ПОЛОВИНА ОД ЛУЃЕТО ШТО ЧЕКААТ ДА БИДАТ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА НА НОВИ МОНТИРАНИ УРЕДИ... малку е претерано такво нешто да се каже.. мислам, ок, ги знам кои се и што се луѓето, знам како работат, секогаш има нели, некој не задоволен од икс причини, нормално е и понекогаш да се деси некоја грешка, нели, никој не е безгрешен, ама да поделлиш со пола и таа изјава, не ми е верна, затоа што не сум видел нити доживеал...
а за односот на сервисерот саше, е друг муабет... ти си бил во мида, и кога си дошол си требал да кажеш дека си бил во мида ти провериле тоа, тоа и тоа... и саше НЕ СЕ СЕЦНАЛ 100% ти гарантирам туку се фатил да проба да ти помогне, а не дека си го незнам што направил со тоа што си го кажал... сведок сум на еден куп луѓе што доаѓаат и велат дека плинот нечини, а уствари имаат некаков проблем со колата, кој нема врска со плинот...
да не ти посочувам до кои банали се има идено, ама еве некои примери кои лично сум ги слушнал... на пример, радиото не му работи од вчера во исти момент кога префрлило на плин, наеднаш се изгасило радиото и толку, вие сте криви.... педалата за кочница подоле му фаќала одкако турил плински уред.... жмигавците побрзо му трепкале одкако е турен уредот итн итн... незнаеш дали да плачеш или да се смееш...
има верувал или не и механичари, кои вината ја префлраат на плинашите.. и тоа би рекол не дека има, туку повеќето тоа и го прават... на пример, имаше една алфа, знам дека до тужби стигна работата, затоа што еден од “јаките мајстори“ во скопје, успеа да го убеди газдата дека плимонт е крив, затоа што кога пред 1 година и 45.000 километри (кога е монтиран уредот плински) ја бушеле усисната грана, шпоновите останале во усисната грана и сега наеднаш сите излетали и заради тоа му се искривени вентилите...
види да ти посочам нешто... кој мааааллку од малку се разбира од проблматиката, ке ти каже дека ако колата има некаков било каков, макар и нај минорен проблем со моторот (нај често со струјата и палењето) кога ке вози на плин, тој проблем минимум 10 пати е поизразен и се осеќа... ова ти го тврдам нај одговорно... не е дека не се десило денес да се монтира уред, утре да дојде човекот и да рече дека му сецка на плин и салбо иде... секоја втора кола со нов монтиран плински уред е таква, затоа што се донесоа еден куп канти од дојчланд со само 150.000 пројдени километри а во суштина се по пола миљон и скоро сите имаат некакви такви сокриени проблеми како на пример било кој сензор, бомбина, кабли, свекици, жичка некоја, па дури и компјутер.. и кога ке се монтира плинот, проблемот станува по изразен и кој е крив по дефиниција знаеш нели? нормално, последниот што ја пипал колата... во секој случај му завидувам на саше и на нервите со сите тие да се објаснува И ДА ИМ ДОКАЖУВА каде е проблемот и секогаш муабетот завршува дека човекот да иде и да си ја среди колата, па да дојде во плимонт на уште една проверка и штелка ако треба... ја од поодамна ке кренев раце, или ке истепав некого...
ти си ги слушал и си прозборел со нив пред да влезат во гаража, ама не и одпосле или за време на сервисот... би се почудил и самиот колку нема проблеми со нови уреди... (повторувам никогаш не е тоа идеално и 100% без грешка)