Да ја освежиме темава со едно негативно искуство.
Вчера возејќи по угорница со Корсата (1.2 бензинец), по никаков пат со дупки, кога вратив од 2ра во 1ва брзина и нагло стиснав гас, колата наеднаш снема сила, моторот почна чудно да работи и светна Check engine.
Сигурен бев дека не удрив на ништо и се сомневав дека некој дел од моторот или електрониката откажа.
Симптомите беа многу лоша работа на моторот, работеше како некој стар дизел, и кога ќе притиснев гас до даска не мрдаше од 2000 обртаи. Исто така не работеше сервото на кочниците.
Бидејќи неќев да ризикувам со возење да ја однесам колата до сервис ја влечевме со друга кола. Во недела никој не работи, па ја однесовме кај еден пријател кој до скоро имаше сервис да ја види. Се сомневаше во бомбината и EGR вентил.
Ја извадивме и преместивме бомбината од Астрата која е потполно иста со онаа на Корсата, но проблемот не се реши. Од таму не упати кај пријател со професионална дијагностика да види која грешка ја јавува.
Грешката беше P2101 Throttle Control Motor Malfunction B-031 односно грешка на електромоторот во клапната.
Мајсторот со дијагностиката имал слични проблеми со Опели, каде што во 3 случаеви со грешки кај клапната бил цркнат дел кај моторниот компјутер.
Тука веќе почнав да пребледувам бидејќи тоа беше најлошиот можен проблем.
Се вративме пак кај пријателот да се консултираме. Му текна да го извади цревото за воздух кај клапната и да провери.
Тука помеѓу клапната најдовме заглавено пластично парче, едно 5цм во должина. После 2-3 часа проверки констатиравме дека тоа парче не припаѓа на колата, нити па е можно да поминало низ цревото или филтерот. Што значи дека тоа парче таму некому му паднало.
Кога ќе го вратам филмот, пред 3 месеци кога ја однесовме колата на редовен сервис во Олимпија моторс, менувавме црево за уљето кое испарува и оди дирекно во клапната позади. Моја претпоставка е дека го извадиле главното црево за воздух за попристапно да се работи.
Освен тоа, пред 2 месеци инсталиран е плински уред во Плимонт и сигурен сум дека и тие морале да ги извадат цревата за воздух.
Откако го извадивме парчето, ја запаливме колата и веднаш почна да работи како што треба, грешката се избриша и проработе сервото за кочниците. Сите симптоми исчезнаа, проблемот беше поправен.
Од една страна ми олесна бидејќи не е до колата, од друга страна многу ме изнервира фактот што станува збор за човечка грешка. Несакам да тврдам и да погодувам дали биле сервисерите од Олимпија криви или сервисерите од Плимонт.
Сепак мислам дека доколку биле овие од Олимпија, луѓето од Плимонт кога го ваделе цревото сигурно би го приметиле парчето кое било кај клапната, на кое сега му дошло моментот да падне и да ја заглави клапната.
После ова, сериозно ќе размислам дали ќе ја носам колата по сервиси или сам ќе си менувам се‘. Веќе немам никаква доверба нити кон оние "најпрофесионалните".
Што ќе се случеше доколку настанеше некој поголем проблем поради невнимателноста на некој сервисер? Дали Олимпија моторс ќе ја покриеше штетата? Или Плимонт?
Исто сигурен сум доколку ова се случеше во некоја понормална земја, ќе летаа казни и откази.
Отварајте очи, вршете детален преглед после сервис дали се е на свое место. Очигледно и ќори и сакати се сервисери.