Автор Тема: Искуства со овластените сервиси  (Прочитано 39816 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #75 на: 28 Декември 2012, 12:23:35 pm »
Подолго врме се размислував дали да го споделам ова со вас и на крај заклучив дека е подобро да се сподели и лошото искуство на форум а не само доброто, може ќе спасиш некого да го забеат!

За што се работи?

Се до пред дваесетина дена можев да се заколнам во сервисот и услугите на МАС (Мак Ауто Стар), секогаш биле љубезни, на време, прецизно и педантно си ги извршувале сите работи. Колата од кога ја купив редовно ја носем таму на сервис и почесто од колку што е прошиано, по сервисна книшка пишува на 15.000, јас ја носам на секои 10.000.

Но, ние не би биле македонци ако смислиме како да го поебеме некого или да му земем париче ако го намирисаме дека вртка тро појќе шо би рекле и знаеме дека ќе плати за да си ја среди колата.

Имено за што се работи? Уште кога помислив да правам промени на озвучувањето  во колата, прво се обратив до МАС со прашање и барање за пресметка, колку би коштало нешто такво кај нив?

Веднаш  ми рекоа дека оригиналното озвучување со ДВД, вуфер и други тракатанци кошта многу, над 5.000 евра и да не се замарам со тоа. Ми понудиа опција за Clarion DVD со задна камера без промена на звучници и без појачало со цена од 1.500 евра плус ДДВ !!

Веднаш им кажав дека е тоа превисока цена за нешто такво и се одлучив сите измени на колата да ги направам во Overdrive Sofia http://www.overdrive.bg .

Кога се беше готово (фолии, дампирање на цела кола, двд со задна камера, промена на цело озвучување плус вградување на вуфер во гепек, монитори назад) си ја земав колата и си заминав за МК.

По пат додека возев назад ми се појави порака на бордот, Airbag Service Required. Се јавив во Овердрајв и ми рекоа дека е највероватно поради тоа што се вадени седиштата па треба да се ресетира компјутерот. И ми рекоа или да се вратам или да одам кај нас во сервис пошто е 5 минути работа.

Не ми се враќаше назад и решив да отидам кај нас во сервис.

Добар ден, добар ден...вака и вака ми се јавува на Бордот. И не да праша од кога како зошто, туку одма на прва....кој ти ја праеше колата, каде местеше тоа шо си местел, кој знае како ти имаат напраено и што ти имаат измешано?

Кога го однесов да види како е направено и како изгледа се, си подголтна малку и праша....Каде е правено ова, сигурно не е во МК. Не реков, Во Софија во Овердрајв !

Ок, дај ја колата ќе ја стаиме на дијагностика па ќе ти кажам што и како!

Чекав скоро саат и половина, не знам што и како правеа на колата, дали си седеа само внатре и си слушаа музика ама после час и поливина дојдоа и ми викаат, еееее сега вака, ќе закажеме за понеделник, мораш да дојдеш и да оставиш колата 4 или 5 дена да седи овде пошто сета треба да ја разглобиме за да најдеме каде е грешката, односно има некаде скината жица, прекинат контакт и треба да се најде пошто грешката е активна и не се брише од компјутер.

Се шокирав, знаев дека нешто не е во ред веднаш. Приказната ми изгледаше премногу излитена за да ја залапам јадицата, реков добро ќе се слушнеме и заминав. "Ама обавезно да дојдеш немој да не дојдеш ова е озбилна работа".  Нема проблем, ќе се чуеме!

После 3 дена морав службено да заминам за Софиа, отидов прво во Овердрајв и им кажав за проблемот и што ми рекоа кај нас! Човекот ме фати под рака и ми рече, дојди сега со мене.

Седи ја ќе возам, одиме во Митсубиши во Софиа.

Отидовме таму, очигледно се познаваат со луѓето, им го објаснив проблемот вика сега ќе провериме.

Ја ставија на дијагностика, го ресетираа комјутерот и пораката ја снема од екран.

Вика, това е нормално кога вадиш некакви нешта од колата кои се под контрола на комјутера, требва само ресет и ште стане.

5 минути работа, сакаат да ми ја држат колата 4 или 5 дена и да ми го изгорат газето после ?

Не знам што да кажам, комплетно сум разочаран, нека ми помине гаранцијата имам уште еден сервис до тогаш и да не даде господ ама мислем дека нема да стапнам повеќе таму!

Еден тон пари ми земаа со редовни сервиси и што се немам купено од кај нив, се знам со повеќето и пак лаги, шмеќерлаци, обиди са превари и сл.

СРАМОТА !

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #76 на: 28 Декември 2012, 12:28:24 pm »
АПП. На дело.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #77 на: 28 Декември 2012, 13:02:28 pm »
Имаш среќа ти Спортекс што имаш работа редовно во Бугарија и соработка со професионалци како овердрајв. Само толку ќе ти кажам :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #78 на: 28 Декември 2012, 13:08:49 pm »
Срамота, многу педерски изиграно.

Иако, да претпоставиме дека дијагностиката во Скопје не била иста како онаа во Софија па не можеле да го избришат проблемчето...Сепак повеќе верувам дека од инает што не си купил озвучување од кај нив сакале да те репнат едно 2-300 евра...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #79 на: 28 Декември 2012, 13:10:22 pm »
Некој друг му правел нешто и ајде да го издудламе на тоа.

Од читанка извадок.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #80 на: 28 Декември 2012, 13:56:43 pm »
Спортекс моја препорака да си се вратиш таму и  да им кажеш бев во софоија во митсубиши и ја средија колата без проблем (ни вака ни така), уште поубаво ќе е ако имаш некој документ од таму дека они тоа го направиле да им дадеш на знаење дека не треба да се заебаваат така. Нормално со малце друг тон да знаат дека не треба да се заебаваат нареден пат.
Иначе друг пат ако имаш некоја потреба за дијагностика за ресетирање на грешки или да се исчита ако си во ск пиши ми, бидејќи земавме Bosch KTS уред кој е универзален и ги фака скоро сите возила.
« Последно менување: 28 Декември 2012, 14:10:56 pm Ogi88 »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #81 на: 28 Декември 2012, 14:20:55 pm »
Некој друг му правел нешто и ајде да го издудламе на тоа.

Од читанка извадок.

Апсолутно точно погрешен пристап - редовен кај нас.

Sportex, следниот пат кога ќе им одиш, кажи им во лице. Дека проблемот бил решен со едноставно ресетирање со дијагностички софтвер, и дека следниот пат ќе размислиш дали ќе купиш кола од кај нив - а можеби и нема да размислиш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #82 на: 28 Декември 2012, 14:30:37 pm »
Aportex, dzabe ti ja resetirale greskata. Taa moze pak da se pojavi. Losoto e toa sto nekoi proizvoditeli baraat ORIGINALNA oprema t.e. Radio i slicno od pricini sto eventualnite fluktuacii na naponi pri pojak bas i slicno se vlezeni vo predvid koga e dizajnirana kolata i instalacijata. BTW Vo koli so airbag ABS moze da napravi golem problem ako se otkaci nekoj kabel. Elektronikata e precizna rabota. Nema igracki so toa.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #83 на: 28 Декември 2012, 14:34:33 pm »
Бугар, слабо читаш:
Цитат
По пат додека возев назад ми се појави порака на бордот, Airbag Service Required.

Какво оригинално радио, каков ABS, флуктуации на напонот,  какви глупости! Башка, на враќање од софија не му се појавила пак грешката.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #84 на: 28 Декември 2012, 14:42:13 pm »
A be delikatna rabota e taa elektronika. Ednas olabaven kontakt ili nekoj pin da ne dopira dobro moze da napravi problemi. inace za originalnata oprema da znaes deka e taka. Kaj nekoi proizvoditeli i originalnoto radio ima vrska so ECU-to. A kaj nekoi proizvoditeli vgraduvanje na NEORIGINALNI elektronski uredi ja povreduva garancijata. A sepak se sto e original ima cena koja SEKADE e istata.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #85 на: 28 Декември 2012, 15:10:48 pm »
Секако темата не е за деликатноста (и нема врска во ситуацијава), али ај да ти одговорам: Само голф 2 и тоа дизел 1.6. Само тоа е спасот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #86 на: 28 Декември 2012, 15:12:03 pm »
Ha ha ha Simo ne e bas taka. Se si ima svoe. Razlicni lugje razlicni vkusovi.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #87 на: 28 Декември 2012, 15:14:45 pm »
Бугар, прво тоа го направија во овластен сервис на  Митсубиши во Софиа, Балкан Стар се вика фирмата, мислам на ресетирањето на компјутерот,

Второ, од тогаш па наваму ми се нема ништо појавено а софтверот кој го користат за АСХ/от е комплетно нов и го имаат само овластените дилери, токму и затоа во Овердрајв ми рекоа да одам на овластен сервис, за да не се соменвам дека е нешто од нив направено или слично.

И е потполно ист како тој кај нас, за балканот софтверот доаѓа од Холандија а и таму одат на обука и нашите и бугарите.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #88 на: 28 Декември 2012, 15:16:09 pm »
Кај нас ако не те ззаебат нигде нема. Најголеми преваранти станавме. Уште пред време гледа како да те заебе. Па иди остави негде кола, пола делови нови ќе ти ги извади стари ќе ти стави. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #89 на: 28 Декември 2012, 15:19:55 pm »
Еееј, бетер од бугарите станавме! Едно време беше со Бугар бизнис да не праиш, сеа ние сме преварантите :(

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.