Автор Тема: Искуства со овластените сервиси  (Прочитано 39813 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #90 на: 28 Декември 2012, 15:22:24 pm »
За жал изгледа така е ! Никогаш не ме пуштиле во сервис да гледам како работат на колата иако сега кога бев последниот пат побарав да гледам ако може, ми рекоа оди горе пиј кафе.

Во Бугарија сервисерот ме замоли да дојдам со него ако сакам да гледам што прават !


Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #91 на: 28 Декември 2012, 15:24:08 pm »
Не знам дали луѓево немаат пари или што е ама за нигде станавме. Мастика да купиш ќе гледа превара да ти напраи некој. Идам во продавница барам за брат ми колачи некој таа ми вика нема, ама земи си од овие, за да накрај ми понуди чипс, па уште благ е вика. Бог да чува, мене повеќе срам ме фати...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #92 на: 28 Декември 2012, 15:24:50 pm »
Ахахаха :D :D :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #93 на: 28 Декември 2012, 15:27:05 pm »
Подолго врме се размислував дали да го споделам ова со вас и на крај заклучив дека е подобро да се сподели и лошото искуство на форум а не само доброто, може ќе спасиш некого да го забеат!

За што се работи?

Се до пред дваесетина дена можев да се заколнам во сервисот и услугите на МАС (Мак Ауто Стар), секогаш биле љубезни, на време, прецизно и педантно си ги извршувале сите работи. Колата од кога ја купив редовно ја носем таму на сервис и почесто од колку што е прошиано, по сервисна книшка пишува на 15.000, јас ја носам на секои 10.000.

Но, ние не би биле македонци ако смислиме како да го поебеме некого или да му земем париче ако го намирисаме дека вртка тро појќе шо би рекле и знаеме дека ќе плати за да си ја среди колата.

Имено за што се работи? Уште кога помислив да правам промени на озвучувањето  во колата, прво се обратив до МАС со прашање и барање за пресметка, колку би коштало нешто такво кај нив?

Веднаш  ми рекоа дека оригиналното озвучување со ДВД, вуфер и други тракатанци кошта многу, над 5.000 евра и да не се замарам со тоа. Ми понудиа опција за Clarion DVD со задна камера без промена на звучници и без појачало со цена од 1.500 евра плус ДДВ !!

Веднаш им кажав дека е тоа превисока цена за нешто такво и се одлучив сите измени на колата да ги направам во Overdrive Sofia http://www.overdrive.bg .

Кога се беше готово (фолии, дампирање на цела кола, двд со задна камера, промена на цело озвучување плус вградување на вуфер во гепек, монитори назад) си ја земав колата и си заминав за МК.

По пат додека возев назад ми се појави порака на бордот, Airbag Service Required. Се јавив во Овердрајв и ми рекоа дека е највероватно поради тоа што се вадени седиштата па треба да се ресетира компјутерот. И ми рекоа или да се вратам или да одам кај нас во сервис пошто е 5 минути работа.

Не ми се враќаше назад и решив да отидам кај нас во сервис.

Добар ден, добар ден...вака и вака ми се јавува на Бордот. И не да праша од кога како зошто, туку одма на прва....кој ти ја праеше колата, каде местеше тоа шо си местел, кој знае како ти имаат напраено и што ти имаат измешано?

Кога го однесов да види како е направено и како изгледа се, си подголтна малку и праша....Каде е правено ова, сигурно не е во МК. Не реков, Во Софија во Овердрајв !

Ок, дај ја колата ќе ја стаиме на дијагностика па ќе ти кажам што и како!

Чекав скоро саат и половина, не знам што и како правеа на колата, дали си седеа само внатре и си слушаа музика ама после час и поливина дојдоа и ми викаат, еееее сега вака, ќе закажеме за понеделник, мораш да дојдеш и да оставиш колата 4 или 5 дена да седи овде пошто сета треба да ја разглобиме за да најдеме каде е грешката, односно има некаде скината жица, прекинат контакт и треба да се најде пошто грешката е активна и не се брише од компјутер.

Се шокирав, знаев дека нешто не е во ред веднаш. Приказната ми изгледаше премногу излитена за да ја залапам јадицата, реков добро ќе се слушнеме и заминав. "Ама обавезно да дојдеш немој да не дојдеш ова е озбилна работа".  Нема проблем, ќе се чуеме!

После 3 дена морав службено да заминам за Софиа, отидов прво во Овердрајв и им кажав за проблемот и што ми рекоа кај нас! Човекот ме фати под рака и ми рече, дојди сега со мене.

Седи ја ќе возам, одиме во Митсубиши во Софиа.

Отидовме таму, очигледно се познаваат со луѓето, им го објаснив проблемот вика сега ќе провериме.

Ја ставија на дијагностика, го ресетираа комјутерот и пораката ја снема од екран.

Вика, това е нормално кога вадиш некакви нешта од колата кои се под контрола на комјутера, требва само ресет и ште стане.

5 минути работа, сакаат да ми ја држат колата 4 или 5 дена и да ми го изгорат газето после ?

Не знам што да кажам, комплетно сум разочаран, нека ми помине гаранцијата имам уште еден сервис до тогаш и да не даде господ ама мислем дека нема да стапнам повеќе таму!

Еден тон пари ми земаа со редовни сервиси и што се немам купено од кај нив, се знам со повеќето и пак лаги, шмеќерлаци, обиди са превари и сл.

СРАМОТА !

ne e samo ova i ne e samo vo ovlasteni servisi. Štom ne ti dava da gledaš što raboti, dalavera e. Kako rezultat na toa cenite na kolite  ( i na novi, ne samo na polovni) vo Makedonija ima da tresnat mnogu nisko, ke se vozat klasični postari koli koj što može sekoj da gi poprava, a ima i avtobusi  i taxi zdravje, ako e tolku zort zaman za godišen odmor ima i RENT a Car.....  se sećavam čovek so astra vo ovlasten servis menuva sijalici, mu dosadi a i bajagi skapi se, mu kažuvaat kolata ispravna e... ami sijalicite da ne se ćuruk ( a po 350 H4)?? ... Ne, se e OK, normalno e...Pa ako treba da se menuva 2 sijalici mesečno poeftino so Taxi će se vozime,  ne mu misliš ni na kvalitet na gorivo ni na parking ni na soobraćajni nezgodi...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #94 на: 28 Декември 2012, 15:38:51 pm »
@nefer a be postarite koli se pospartanski ama glava ne boli koga ke otides na servis barem. Ne mu se mislis i vekje se provereni. Elektronikata e precizna i mnogu osetliva rabota. Koga vo Anglija, Germanija retko znaat da popravat takvi defekti da ne zborime za kaj nas. A cenive na novite koli posle 2-3 godini ke gi vidime padnati salam. Prasanje e
Na vreme i lugjeto da sfatat deka za nivno odrzuvanje se plakja dosta povekje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #95 на: 28 Декември 2012, 15:40:46 pm »
Bugar, значи во случајов едноставно не станува збор за дефект... не знам како да ти објаснам. Нема дефект. Сервисот сака да украде пари. Ако нема дефект, а они нешто „поправаат“, значи крадат. Остави ја електрониката на страна.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #96 на: 28 Декември 2012, 15:43:31 pm »
Interesno Simo... Dobra logika i jas pomisliv na toa. Moze da ima i druga sasma na primer zamena t.e. Swap na
Nekoj modul...... Pa posle preobucuvanje na ECU-to da go prepoznae.... Nesto ima trulo vo drzava Danska

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #97 на: 28 Декември 2012, 15:46:35 pm »
Во случајот на Спортекс, дури и да ја избришале грешката и пак да се појави, можеле едноставно да му кажат „дојди да видиш, еве ние ја бришеме, но на следен рестарт, повторно се запишува во ОБД“. Не го направиле тоа. И паметно спортекс што отишол пак кај луѓето што местеле аудио опрема.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #98 на: 28 Декември 2012, 15:47:03 pm »
Бугар влезе во форма. :D :D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #99 на: 28 Декември 2012, 15:52:30 pm »
Kako i da e sepak ako nastanala greska POGOTOVO vo takva bezbednosna oprema bi trebalo vednas nazad na toj sto posleden pipal po instalacijata na kolata.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #100 на: 28 Декември 2012, 15:53:28 pm »
Тоа и направи Спортеџ.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #101 на: 28 Декември 2012, 15:56:40 pm »
Ama ne vednas nazad :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #102 на: 28 Декември 2012, 15:59:05 pm »
Прави тоа разлика некоја?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8962
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #103 на: 28 Декември 2012, 16:02:38 pm »
абе nefer шо да ти дава да видиш шо работи. ти кога работиш нешто сакаш да ти стои некој над глава нон стоп секој ден различен човек?

не е муабетот овде дали гледаш или негледаш

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #104 на: 28 Декември 2012, 16:06:24 pm »
абе nefer шо да ти дава да видиш шо работи. ти кога работиш нешто сакаш да ти стои некој над глава нон стоп секој ден различен човек?

не е муабетот овде дали гледаш или негледаш

Така е, и да ме нудат не влегувам да гледам како работи (правам муабет за официјален сервис) бидејќи и на најдобриот мајстор поради твоето присуство може да му се случи да заебе нешто бидејќи нема да се осеќа слободен и повеќе ќе внимава на тебе отколку на неговата работа. Ама пак затоа официјалниот сервис дава гаранција и има кому да му се пожалиш.

Башка ако не си мајстор џабе и да гледаш кога нема што да разбереш од она што се прави и како се прави, ако му е да те заебе ќе те заебе и тогаш.