Автор Тема: Искуства со овластените сервиси  (Прочитано 39792 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #195 на: 29 Јули 2015, 07:53:59 am »
Ae... Ozbilno?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #196 на: 29 Јули 2015, 08:17:26 am »
Ziva vistina batko Dzontra

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #197 на: 18 Август 2015, 16:26:55 pm »
Цитат
Steven Jalbert’s a mechanic at A.J.’s Sunoco in Barre, Vermont. Last year he put an inspection sticker on Donald Ibey’s 1992 Chevy Corsica. Two months later the car was involved in a crash that killed Ibey’s wife Elizabeth. As a result Jalbert’s been brought up on charges of manslaughter and reckless endangerment and could face up to 16 years in prison.
http://jalopnik.com/faulty-inspection-leads-to-manslaughter-charge-for-verm-1724129870

Ова треба кај нас... Само со вакви мерки ќе се опаметат сервисерите да не праат глупости и да не се заебаваат кога ќе им однесеш кола на проверка. Да не му текне да ти каже „Терај, немаш гајле уште 2000км со скапаниве јабучици“, а уште помалку да тури фалц или (којзнае како) репариран дел.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Re: Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #198 на: 18 Август 2015, 16:36:04 pm »
Типувам на Плимонт дека ја уплескале работава. Кај мене цел мотор беше со пластични шпулни пошто тешко им било со компресор да издуваат, а на два пати кога бев кај нив, пола што чекаа беа за рекламација на нови плински уреди.
Imas idea i pretstava sto e spulna??

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #199 на: 18 Август 2015, 17:16:27 pm »
Мислев на шпончиња од бушеното а сум пишал друго, нема везе на кој му требаше свати.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #200 на: 19 Август 2015, 02:25:38 am »
Типувам на Плимонт дека ја уплескале работава. Кај мене цел мотор беше со пластични шпулни пошто тешко им било со компресор да издуваат, а на два пати кога бев кај нив, пола што чекаа беа за рекламација на нови плински уреди.
Imas idea i pretstava sto e spulna??

дали кога беше во плимонт ги праша сите таму што чекале, дали се за рекламација за неисправни уреди (нови како што велиш) или се за редовен сервис? или пак паушално си ги вадиш заклучоциве? јас сум почесто таму.. и да, таму има еден куп коли кои доаѓаат на сервис, поточно бројката НА ДНЕВНА БАЗА се движи помеѓу 15 и 60 возила.. еден убав дел од нив не се ни монтирани од плимонт, туку се луѓе кои што си имаат мака со уредите, а монтирани се кај “пеце во гаража“... уште поубав и поголем дел се за редовен сервис... да пробам да ти појаснам низ бројки:

плимонт ПРОСЕЧНО монтираат по 8-9 коли НА ДЕН!! помножи по 6 работни денови, па види ја бројката неделна... ако им се враќаат сите (како што тврдиш) за неисправни нови уреди, отиде плимонт и нивниот бизнис за 2-3 месеци... но јас тврдам дека се тоа за редовен сервис-контрола... значи првиот сервис на плинскиот уред (зависи кој модел) се прави помеѓу 1000 и 3000 километри... вториот сервис се прави помеѓу 10 и 20.000 километри... и одтука натака тој е интервалот за сервис, повторувам километражата зависи од типт на уредот...


и не.. не велам дека се безгрешни, нормално дека чим има човечки фактор во изведба-работа, се греши, се прави превид итн итн и тоа е нормално... но да се тврди дека ПОЛА ОД ТИЕ ШТО ЧЕКАЛЕ СЕ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА НА НОВИ ПЛИНСКИ УРЕДИ е само неосновано правење на негативен маркетинг кон некоја фирма со паушални и непроверени податоци... би те замолил следниот пат, пред да излезеш со вакви тврдења, да провериш.. сепак не само јас, на форумов има уште неколку луѓе кои се чести посетители ВО ПЛИМОНТ и ја знаат и претходната а и сегашната состојба во фирмата и тоа како стојат рабптите околу квалитетот на работа-изведба...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #201 на: 19 Август 2015, 09:19:49 am »
Онак точно е дека не сум бил сто пути во плимонт како тебе него сум бил само два пати (еднаш на 1200км, втор пат на 2000км ) и пошто кај нив нема закажување него се чека да дојдеш на ред па така чекајќи разговарав со луѓето и врз основа на тоа кажувам дека пола од паркираните пред плимонт беа за рекламација на тазе инсталирани плински уреди (таксисти и коли купено на старо со непозната историја на плинските уреди не ги ни бројам ). За вториот пат бев да ја проверат пошто нешто не ми штимаше а требаше да одам на одмор и фино лепо ме одјебаа као тоа не е наш проблем иди си на сервис и откога им кажав дека не сисам весла и дека предходниот ден ја однесов во ми-да и дека се можно проверија, тука се сецнаа и као ај остави ја навечер колата па сабајлечки да ја погледаме.
Моето лично искуство е тоа и нималце не е непобитно од твоето искоство со твоите пријатели од плимонт.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #202 на: 20 Август 2015, 01:22:46 am »
бидејки сакаш сарказам, ке ти  помогнам да ти биде успешен.. значи:

со моите пријатели од плимонт... 100 пати до сега само оваа година сум се видел...
со моите пријатели од плимонт... 100 пати до сега само оваа година сум се видел...
со моите пријатели од плимонт... 100 пати до сега само оваа година сум се видел...

и ниеднаш (за овие неколку илјади пати што сме се виделе до сега) не се десило ПОЛОВИНА ОД ЛУЃЕТО ШТО ЧЕКААТ ДА БИДАТ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА НА НОВИ МОНТИРАНИ УРЕДИ... малку е претерано такво нешто да се каже.. мислам, ок, ги знам кои се и што се луѓето, знам како работат, секогаш има нели, некој не задоволен од икс причини, нормално е и понекогаш да се деси некоја грешка, нели, никој не е безгрешен, ама да поделлиш со пола и таа изјава, не ми е верна, затоа што не сум видел нити доживеал...

а за односот на сервисерот саше, е друг муабет... ти си бил во мида, и кога си дошол си требал да кажеш дека си бил во мида ти провериле тоа, тоа и тоа... и саше НЕ СЕ СЕЦНАЛ 100% ти гарантирам туку се фатил да проба да ти помогне, а не дека си го незнам што направил со тоа што си го кажал... сведок сум на еден куп луѓе што доаѓаат и велат дека плинот нечини, а уствари имаат некаков проблем со колата, кој нема врска со плинот...

да не ти посочувам до кои банали се има идено, ама еве некои примери кои лично сум ги слушнал... на пример, радиото не му работи од вчера во исти момент кога префрлило на плин, наеднаш се изгасило радиото и толку, вие сте криви.... педалата за кочница подоле му фаќала одкако турил плински уред.... жмигавците побрзо му трепкале одкако е турен уредот итн итн... незнаеш дали да плачеш или да се смееш...

има верувал или не и механичари, кои вината ја префлраат на плинашите.. и тоа би рекол не дека има, туку повеќето тоа и го прават... на пример, имаше една алфа, знам дека до тужби стигна работата, затоа што еден од “јаките мајстори“ во скопје, успеа да го убеди газдата дека плимонт е крив, затоа што кога пред 1 година и 45.000 километри (кога е монтиран уредот плински) ја бушеле усисната грана, шпоновите останале во усисната грана и сега наеднаш сите излетали и заради тоа му се искривени вентилите...


види да ти посочам нешто... кој мааааллку од малку се разбира од проблматиката, ке ти каже дека ако колата има некаков било каков, макар и нај минорен проблем со моторот (нај често со струјата и палењето) кога ке вози на плин, тој проблем минимум 10 пати е поизразен и се осеќа... ова ти го тврдам нај одговорно... не е дека не се десило денес да се монтира уред, утре да дојде човекот и да рече дека му сецка на плин и салбо иде... секоја втора кола со нов монтиран плински уред е таква, затоа што се донесоа еден куп канти од дојчланд со само 150.000 пројдени километри а во суштина се по пола миљон и скоро сите имаат некакви такви сокриени проблеми како на пример било кој сензор, бомбина, кабли, свекици, жичка некоја, па дури и компјутер.. и кога ке се монтира плинот, проблемот станува по изразен и кој е крив по дефиниција знаеш нели? нормално, последниот што ја пипал колата... во секој случај му завидувам на саше и на нервите со сите тие да се објаснува И ДА ИМ ДОКАЖУВА каде е проблемот и секогаш муабетот завршува дека човекот да иде и да си ја среди колата, па да дојде во плимонт на уште една проверка и штелка ако треба... ја од поодамна ке кренев раце, или ке истепав некого...

ти си ги слушал и си прозборел со нив пред да влезат во гаража, ама не и одпосле или за време на сервисот... би се почудил и самиот колку нема проблеми со нови уреди... (повторувам никогаш не е тоа идеално и 100% без грешка)
« Последно менување: 20 Август 2015, 01:27:58 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #203 на: 20 Август 2015, 09:07:27 am »
Значи кога ќе кажеш дека Флојд не го бива и недаваш никаков пример тоа не е проблем него сите треба да ти веруваат на збор, а некој кога ќе каже свое искуство (во случајов мое ) е тоа не се важи пошто не е од твоја тастатура пишано. Во ред е низ темиве да си ги браниш пријателите Саше, Боро, Самоил... ама на моменти ептен го претеруваш во нивната одбрана и апла е приметно дека изиграваш нивен ПР и кога треба и кога нетреба.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #204 на: 20 Август 2015, 11:00:18 am »
Значи кога ќе кажеш дека Флојд не го бива и недаваш никаков пример тоа не е проблем него сите треба да ти веруваат на збор, а некој кога ќе каже свое искуство (во случајов мое ) е тоа не се важи пошто не е од твоја тастатура пишано. Во ред е низ темиве да си ги браниш пријателите Саше, Боро, Самоил... ама на моменти ептен го претеруваш во нивната одбрана и апла е приметно дека изиграваш нивен ПР и кога треба и кога нетреба.
јас за флојд нереков дека не го бива... јас реков: БИ ГО ЗАОБИКОЛИЛ ВО ШИРОК КРУГ... и флојд го знам лично... и тоа многу добро се знам со него.

и немораш да веруваш де.. кој те тера да веруваш...  ПР ничив не изигравам.. ете, ти кажувам дека и со флојд се знам многу добро и лично... и со него сум седел на маса поише пати, ПА НЕ ИЗИГРАВАМ НЕГОВ ПР, НЕ ГО БРАНАМ итн итн... ете, и он ми е пријател, па не само што не го препорачувам туку и велам да се заобиколи..... сега ми ја свати поентата? и мислам дека ептен оффтопик отидовме. флојд не е овластен сервис на ништо... ни боро ни самоил не се...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #205 на: 20 Август 2015, 12:04:14 pm »
Oнак ти ја сваќам поентата, баш ради тоа наредни сервиси (мењање антифриз, глицерин, плочки и др. ) ќе идам во мехатроника. Проблемот е во тоа што ептен ги браниш Плимонт и ја гледаш само позитивната страна на нивното работење, јас нивниот проблем го гледам во недоволен број на вработени (премногу коли за монтажа и сервис и знаат да зафушерат некои работи а тоа нели не е одлика на професионалци ) и немање на време да посветат доволно внимание на секое возило кое е донесено да се вгради плински уред.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #206 на: 20 Август 2015, 22:22:30 pm »
Онак твоите пријатели во плимонт ;D ;D ;D ми ставиле околу 5мм пократки завртки на капакот на плинската боца. Воопшто не беа зафатени во навојот каде што треба да се зафатат и капакот си тропаше (што е нормално), па земав си ставив како што треба. Не сфаќам како може некој така да работи, видел дека не се фаќа (а камоли да се стега) и го оставил така со завртките за украс, секој втор мајстор стана.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #207 на: 20 Август 2015, 23:26:20 pm »
 Ајде и јас да се надоврзам на темава :)
За Плимонт имав само пофални зборови за дечките и за нивната работа(го занемарувам благиот сарказам што го користи валјда Сашо беше  :) )
Ова беше се додека ми се појави проблем да некогаш колата не пребацува на плин и после10-15мин возња и постигнати 90Ц (нарочно на влажно време).
После 2-3 пати шалтање идими-дојдими конечно установија дека губи контакт жицата од која добива импулс системот за да пребаци на плин.
Разочарувањето беше кога видов како е тоа решено... една од жицата-кабелот кој иде на бобината е соголена и на неа НАЈПРИМИТИВНО е замотана жицата за импулс.
Значи имаш соголена жица која треба да дава квалитетен напон на бобината замотана со изолир на место каде се развива висока температура (глава на мотор) и при надворешни услови влага+висока температура изолирот скапува, а оголената жица оксидира и пак го губи контактот....
После 3-4мес. ми се пофтори проблемот (не пребацуваше) и му посочив дека истото се дешава и за да ме откачи ми кажа да ја оставам колата со изговор дека веќе еднаш го преврзале и дека не било тоа проблемот.
Нормално не им ја оставив и разочаран од курајберскиот став си отидов и сам си ја преврзав и со контакт спреј го исчитив и се реши проблемот...(само незнам до кога).
Се мислам да си го решам проблемот и да си купам клемички и да го решам на кутурен начин тоа што во Плимонт го извеле фушерајски....

Отсутен plimont

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #208 на: 21 Август 2015, 11:38:01 am »
Ајде и јас да се надоврзам на темава :)
За Плимонт имав само пофални зборови за дечките и за нивната работа(го занемарувам благиот сарказам што го користи валјда Сашо беше  :) )
Ова беше се додека ми се појави проблем да некогаш колата не пребацува на плин и после10-15мин возња и постигнати 90Ц (нарочно на влажно време).
После 2-3 пати шалтање идими-дојдими конечно установија дека губи контакт жицата од која добива импулс системот за да пребаци на плин.
Разочарувањето беше кога видов како е тоа решено... една од жицата-кабелот кој иде на бобината е соголена и на неа НАЈПРИМИТИВНО е замотана жицата за импулс.
Значи имаш соголена жица која треба да дава квалитетен напон на бобината замотана со изолир на место каде се развива висока температура (глава на мотор) и при надворешни услови влага+висока температура изолирот скапува, а оголената жица оксидира и пак го губи контактот....
После 3-4мес. ми се пофтори проблемот (не пребацуваше) и му посочив дека истото се дешава и за да ме откачи ми кажа да ја оставам колата со изговор дека веќе еднаш го преврзале и дека не било тоа проблемот.
Нормално не им ја оставив и разочаран од курајберскиот став си отидов и сам си ја преврзав и со контакт спреј го исчитив и се реши проблемот...(само незнам до кога).
Се мислам да си го решам проблемот и да си купам клемички и да го решам на кутурен начин тоа што во Плимонт го извеле фушерајски....

Здраво
Накратко, поврзувањето на инсталацијата се изведува според препораките на производителите на автогасните уреди и по ист метод како што се прави во цел свет. Жалам што тоа за Вас е најпримитивно. Постот на крај се сведува на обична кафанска приказна од типот -,, мајсторите немаа врска па јас им покажав,, и секако дека е премногу тенденциозен за да се сфати сериозно. Жално е што на форимот ваквите постови го одземаат просторот на  аргументираната дискусија.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Искуства со овластените сервиси
« Одговори #209 на: 21 Август 2015, 13:10:31 pm »
Значи не сакам да бидам погрешно сфатен, Плимонт ги сметам за No.1 кога се работи за вградување ЛПГ системи во возила и секогаш нив ги препорачувам по пријатели. Но проблемот во тоа да се постигне тој Price/Performance момент, се штеди на некои банални работи кои после може да ти прават проблеми.
Не може некој да ме убеди дека жици-кабли тукутака само се врзувале, а нарочито кога се наоѓа на такво место каде има екстремни услови ( outdoor влага / - 5C температура, па висока темпратура на загреан мотор...).
Дали некој видел во фабричката инсталација на колата спојување на  две или повеќе жици/кабли другачие освен со КОНЕКТОР,КЛЕМА.... Сепак има зошто тие работи/стандарди се применуваат не само во автоиндустрија туку насекаде каде има електрика/електроника, а посебно ако се работи за екстремни услови-Outdoor.
И пак ќе кажам дека ги ценам Плимонт во нивната работа, со една забелешка која мислам дека нема да ја дигне крајната цена на плинските уреди макс. 5-10евра, а ќе се намалат проблемите на корисниците после 2-3год од користењто на уредите.