За мене порелевантна статистика би била, колкав процент од сообраќајките кај нас се причинети од возачи под дејство на алкохол. Дали тој процент е повисок или понизок од просекот во други земји, и колку. Сачекуша од кафана (често и без да ти дадат 15 мин. да подизветрее од уста алкохолот), е само за пополнување квоти и буџети. Не викам дека треба да се седне во кола пијан, но знам луѓе кои настрадале со една пијачка на ваков начин, што за мене е неправедно, кога веќе е дозволено одредено количество алкохол. Ако сакаш така, направи нула промили дозволено количество, и лови све што лапнало гриота на слава.