Па и јас никој не видов на форумов да наметнува дека тоа е валидна бројка за вкупен број на возила навечер, и од таму не гледам потреба тоа да се користи како аргумент. Убаво беше цитирано 100 од 300 проверени возачи. Поради тоа е валиден за таа бројка на проверени возачи. Повторувам, никој не спомна вкупен број на возачи таа вечер. Па физички тоа не е можно да се спроведе и да се добијат бројки, затоа се прават вакви контроли.
Ваквите акциски проценти се многу реален приказ. Доказ дека навечер во населби каде што има кафани и кафулиња огромен број на лица возат во алкохолизирана состојба. А тоа дали во тој даден момент овие стотина пијани од сите вкупно возачи во Скопје претставуваат не 37% туку 3.7% е толку небитно поради самиот факт што ако го земеш град Скопје како целина, преку 100 возачи (а замисли колку имало непроверени) таа вечер биле пијани и решиле да возат после журкање во град. Бројката како бројка од преку 100 пијани е катастрофален показател. Скопје е, не е Париз.