Случка од пред неколку часа.
Во моментов во Скопје се одржува Mercedes-Benz Star Experience. Настан наменет за земји као Македонија каде дилерите не можат да си дозволат да имаат на лагер премногу демо возила. Рентаат цел „настан“ од Mercedes-Benz и ги претставуваат колите неколку дена.
Дел од тој настан е и презентирање на безбедносните системи кои ги има новата S-Class. Супер. Инструкторот, германец, нè вика да му се придружиме за да ни демонстрира. Јас и уште еден (замашен) колега седнуваме на задните седишта на S400d. Со оние убавите, индивидуалните седишта што се местат во милион разични правци. Со греење, со масажа, со све. Абе да ти е мерак да седнеш.
И тргнуе Дитрих (да речеме дека се викаше Дитрих) со Мерцедесот кон првата демонстрација, а тоа е автоматско (и нагло!) сопирање од 80 километри на час до 0, во непредвидена ситуација. Колава кочи. Нагло. Јас и колегата (кој сигурно има повеќе од 120-тина килограми) буквално се одлепивме од седишта и подлетнавме нанапред. А ни он ни јас не сме лесни. Моравме да се задржиме за предните седишта да не отидеме нанапред уште повеќе.
Ама пуста македонска навика да не ставаме каиш на задни седишта. И тоа ова беше во контролирани услови, при само 80 на час.