Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3426921 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Кај нас кога дете ќе земе возачка, татко му го седнува и му вика „Синко, немој случајно да пропуштиш некој во сообраќај. Куриња паѓаат од тоа.“

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Возиш во средна лента, сакаш да претекнеш од лево, гледаш во реторвизор дека имаш многу простор, даваш десни и тој позади во левата лента уклучува нитро.....

Едно 20 пати вака...сигурно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Јас генерално се имам откажано од нервирање од сообраќајната некултура во градов. Барем онаа во возење што е.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Рецептот?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Јас никогаш не се нервирам од туѓа некултура, ама кога го видов завчера косоварецот како џитна кеса со ѓубре од прозорот на аудито, кај стоп енд гоу, ми дојде да го учукам пуна, да искрши глаа тоа детето напред у скут што беше на предно седиште неврзано! 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Јас никогаш не се нервирам од туѓа некултура, ама кога го видов завчера косоварецот како џитна кеса со ѓубре од прозорот на аудито, кај стоп енд гоу, ми дојде да го учукам пуна, да искрши глаа тоа детето напред у скут што беше на предно седиште неврзано! 
На гости кај пријател во Сарај, гледаме како на средина на еден од мостовите низ селото застанува минивен со затемнети стакла (нормално), искача лик (30-40год), вади 3 големи црни ќеси ѓубре и си ги фрла у река, се растураат одма, реката цела преплавена со пластики, хартии и остало срање. Остануваме сите позинати.

Домаќинот вика: Ова не е ништо, покрај ѓубре фрлаат и телевизори, даски, шут, фотеља, тросед, столици, мртви овци, коњ исечен на пола...пробав да им објаснам дека деца си играат на рекава и дека има контињери на 50 ЕБАНИ МЕТРИ од тоа место, ми се заканија по живот, се откажав.


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Стојам на црвено на семафор кај кјуби и бев прва кола. Уште не запалено зелено ми свири едно копито зад мене да тргнам, возам со ПП таблици. Јас прво им блендирам на тие што не тргаат, а ако многу се заборават тогаш ќе свирнам. Скопјаниве чуден народ се :D како само за нив да е Ск. А кога ќе дојдат во Прилеп на еден семафор не знаат да се престројат и редовно чекаат на слободно зелено ;D


  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Ами кој знае што копито вози, ако е рег. на ск. не значи дека и шоферот е скопски. Тоа професионална деформација им е на некои. А зелено инстант свират...
Не мојте да појте негде и правда да делите. Нити пак по улици... 

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Ако имаат СК таблици не значи дека се скопјани исто така нема врска тоа од каде се и со какви таблици, сељак е сељак без разлика дали е од Прдејци или од Ротердам.


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Штом возат со СК таблици (а во СК најчесто тие свират) значи се скопјани, барем така се кажуваат :D . Како и да е, сообраќајнава култура во Македонија, а посебно во Скопје е на многу ниско ниво (Тетово и Гостивар не сум бил во скоро).

Впрочем едно прашање. Во Скопје дозволена брзина е 50км/ч. На булевар возам во лева лента 60км/ч, во средна има некој што вози исто колку мене и редовно има некој што ми блендира од позади да ме помини со преку 70км/ч. Па гледам во прва прилика да му се тргнам од патот да крши глава. Дали левата лента на булевар со 3 ленти низ град е само за престигнување како што е на автопат или не?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Не. Така мисли сељакот.


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9230
ама проблемот е шт сите си мислат дека е :D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Секоја лента е за престигнување, цепај ич да не се секираш :)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
ама проблемот е шт сите си мислат дека е :D
Да беше само тоа проблем  :-\


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Еве стар Скопјанец.

Страхопоштовање за ваквите. Особено ако поминат 7 коли на зеленото во гужва во 16:20 наместо да поминат 2 коли.