Вчера за влакно сме избегнале смрт или посериозни повреди.
На полноќ се случи, бевме друштво искочени во Мај Спејс (Капиштец, во близина на Зебра), и како што искачаме од кафичот, одиме по тротоарот во правец накај Зебра, а овој лудакот од контра вози, и губи контрола на прав пат, ја сече лентата од спротива, и се забива во бандерата на 2 метра пред нас.
Точно накај нас идеше мрднатиот, над 80 возеше гарант според брзината и силината на ударот.
Да не беше таа бандера точно пред нас за да го блокира ударот, имаше да не дигне сите во ваздух.
Сребрен Jeep беше, со бугарски таблички, дечко 25 / 26 години го возеше.