Ако пешаците се стари нека си седат дома или во дом а не некој да ги носи на душа, шоферот ако имал пуштено клима и радио мисли си дека ке слушне нешто? Ти брат изгледа поголемо од кола не ни имаш возено затоа мрчите по форум, јаки сте само на тастатура
Немам. Немам возено комбе/камион.
Ама јас брат, ако некогаш возам комбе: НЕМА ДА ВОЗАМ РИКВЕРЦ СО КЛИМА И РАДИО.
Исто како што ако некогаш купам ловечко оружје, нема несовесно да се однесувам со него и нема да убивам луѓе „пошто ебате, се случува“.
Туку да дочекаш и ти старост, па некако да кажеш какви глупости си мислел (и пишувал) во младоста.

Лебче мора да се купи, јадење, други потребштини. Ти ќе им ги купуваш?
Дај сите нека седат дома за ти да не мора да пазиш.
Пример оној што со камион изгази старец кај окта бензинската на булевар Србија.
А реалноста е дека конкретно тој случај било самоубиство...
Во ред за тој случај, ама што правиме за овој и за стотиците други? Сите самоубиства?
Женава имала историја на обиди за самоубиства? Со кеси полни со намирници се самоубила?
Факт е дека жената се движела по улица или преминувала улица на место каде што не е обележано. Факт не е , ама претпоставка со голема веројатност дека е точна е дека комбето возело споро, со оглед на локацијата. Кај министерство за култура и да сакаш не можеж да возишбрзо во рикверц.
И на крај! Каде се градот и општина Центар ( во случајов) да го средат сообраќајот, да ги ослободат тротоарите и да обезбедат непречен и безбеден сообраќај. И за пешаци и за велосипедисти и за “автомобилисти“. Тротоариет се претворени во паркинзи, мест за безбедно движење на пешаците нема. ВО Дебар маало, нема воопшто. Лапање 30или 45ден/час не е регулирање на сообраќај. Тоа е само пополнување на општински буџет. Градов е хаос. Треба сериозна и обемна студија за да се разрешат сообраќајните проблеми.
Баче со тебе се согласувам дека градските власти се најодговорни во случајов. Условите за возење се ужасни, и не само во Дебар маало. Криви се властите општо и на државно ниво, пошто полицијата скоро па НИШТО не работи (и ова е одлика на сите влади, не наоѓајте сега ситнопартиски поентирања таму каде што ги нема).
Но не се согласувам за тоа дека жената е единствената одговорна. Возачот е повеќе одоговорен, обврска му е да биде 100% сигурен дека може да вози во рикверц пред да тргне. Ако не е сигурен, не смее да тргне. А женава како што сам кажуваш, не можела да оди по тротоар и да сака, заради паркираните возила. Има и некои што не требало сами да се на улиција, ама ете се. Да ги испогазиме сите?
На крајот, затоа во поразбрани држави достава на продукти со закони е одредени кога се врши, а колку што знам најчесто се врши (достава) само многу рано наутро кога е најмала активноста.
Е сега овде кај нас ни топла вода не можеме „да измислиме“ и да примениме правила кои докажано функционираат подобро. Автоматски пешаците се криви. Не дека не се, често криви. Но често и не се. А тогаш возачите се кривите.