Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3419838 пати)

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Ховитз бате бујрум со мене еден работен ден на дистрибутер во центар на Скопје, па после коментирај

Sent from my Lenovo A5500-F using Tapatalk


Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Kласика како за форумов, згазен пешак и автоматски сите уште на невидно го бранат шоферот... А потоа првиот што ќе каже дека шоферот во таква ситуација не може да не е крив, јаде критики од сите по ред.

Сме го правеле муабетов повеќе пати, неколку пати реков дека возачите имаат дупло поголема одговорност од пешаците. Пешаци се и: старци, болни, слепи, инвалиди, деца, итн... Луѓе кои не се секогаш способни за правилни одлуки и соодветни реакци. Еве баш соодветен пример за тоа, пошто женава да имала 20-тина години помалку ќе успеела да рипне на страна.

Шоферот најверојатно одел пребрзо во рикверц (сум гледал чести примери) и не гледал доволно внимателно, слепи агли има ама да внимавал требало да го слушне макар викањето од жената кога првично ја бутнал. Но приметил дури кога разбрал дека е комбето е качено на нешто. Нема што тука да се брани, крив е во било која замислива варијанта освен ако женава не извршила самоубиство (за што ваљда не морала прво да оди да пазари и да носи кеси со продукти).

Колку што е точно дека секој прво за себе е одговорен, и дека на жената и е сега сеедно што шоферот е крив и ќе добие кривична за убиство од небрежност, така е точно и дека шоферот е крив и дека треба да биде ригорозно казнет - за памет и на сите што управуваат со превозни средства (или било што друго). Невниманието во сооброаќајот никогаш не било оволку големо и сеприсутно, ваквите случаи се добар показател за тоа.

Не се согласувам. Не знам дали си возел комбе. Јас да и тоа многу. Најлоша работа е возење врикверц , а позади ти претрчуваат луѓе. По дефиниција постари. Хорор. Буквално ќе прегазиш човек и нема да го осетиш. Факт е дека жената се движела по улица или преминувала улица на место каде што не е обележано. Факт не е , ама претпоставка со голема веројатност дека е точна е дека комбето возело споро, со оглед на локацијата. Кај министерство за култура и да сакаш не можеж да возишбрзо во рикверц.
И на крај! Каде се градот и општина Центар ( во случајов) да го средат сообраќајот, да ги ослободат тротоарите и да обезбедат непречен и безбеден сообраќај. И за пешаци и за велосипедисти и за “автомобилисти“. Тротоариет се претворени во паркинзи, мест за безбедно движење на пешаците нема. ВО Дебар маало, нема воопшто. Лапање 30или 45ден/час не е регулирање на сообраќај. Тоа е само пополнување на општински буџет. Градов е хаос. Треба сериозна и обемна студија за да се разрешат сообраќајните проблеми.
И да, ако можат ѓубреџии да собираат ѓубре, комуналец да бања улици и луѓе на сред пладне со камионите прскалки или циганите со коњи или трицикли да роварат по булевари и контејнери во било кој дел да денот и ноќта, зошто да не може да се доставува роба во нормално работно време.
Први на листа на отстрел би ги ставил одговорнте, градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Апсолутно се согласувам. Дебар Маало го упропастија со градење, се испонаправија згради и згради без притоа да се обезбедат подземни паркинзи (а плус моментот што луѓето се мрзливи и не паркираат во гаражи кои ги имаат, или па ги користат гаражите како втор шпајз, па чуваат зимници наместо да паркираат, ама тоа е друг муабет).

Таму „ограничувањата“ од 30 км/час се чист популизам. Квази-решение кое нема ама баш никаков ефект. Некој ќе рече дека со Зонското се средиле работите, ама во реалност - исто се паркира, само сега се наплаќа.

Еден од најголемите проблеми е што во тој дел на Скопје (од Соборна према Карпош) нема ниту една катна гаража, ниту еден саглам паркинг. Односно, има зонски паркинг пред Универзална, и катната позади Универзална, ама тие до неодамна се летаа со 50 (или 100 беше.. не ми текнува) денари саат паркирање, а реално, нема доволно капацитет. Ако сакаш да паркираш нормално некаде, нема. И или паркираме по улици, или по тротоари.

Тој ХАОС таму е тотален промашај.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Многу рипна асалноста на дебармаало во тие 30 метри кај што има ступчиња на тротоар. Исто како што рипна асалноста на цела Илинденска и Партизанска.

Кај Силбо сега се оди пешки што е фасцинантно и незамисливо без ступчиња. Само тоа е на 30 метри само. И карши Чилин ставија ступчиња, исто беспрекорно фантастично функционираат и таму ступчињата. Зошто инаку за да го поминеш тој дел со хеликоптер треба да проаѓаш ако има паркирани.

Значи решение има. Барем од едната страна на секоја улица треба да е апсолутно и максимално проодно за пешаци. А пожелно е и од двете. А дека баби стално ќе проаѓаат секаде, тоа е факт. И хајнекен ќе се носи со комбиња, а не со точаци и тоа е факт.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Ховитз е видно вознемирен пошто случката е во дебар маало и многу форца удрија против другар му од сдс, повеќе од очигледно е колку е нервозен.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Те обожавам ;D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ако пешаците се стари нека си седат дома или во дом а не некој да ги носи на душа, шоферот ако имал пуштено клима и радио мисли си дека ке слушне нешто? Ти брат изгледа поголемо од кола не ни имаш возено затоа мрчите по форум, јаки сте само на тастатура

Немам. Немам возено комбе/камион.
Ама јас брат, ако некогаш возам комбе: НЕМА ДА ВОЗАМ РИКВЕРЦ СО КЛИМА И РАДИО.
Исто како што ако некогаш купам ловечко оружје, нема несовесно да се однесувам со него и нема да убивам луѓе „пошто ебате, се случува“.

Туку да дочекаш и ти старост, па некако да кажеш какви глупости си мислел (и пишувал) во младоста.  :)
Лебче мора да се купи, јадење, други потребштини. Ти ќе им ги купуваш?
Дај сите нека седат дома за ти да не мора да пазиш.




Пример оној што со камион изгази старец кај окта бензинската на булевар Србија.
А реалноста е дека конкретно тој случај било самоубиство...
Во ред за тој случај, ама што правиме за овој и за стотиците други? Сите самоубиства?
Женава имала историја на обиди за самоубиства? Со кеси полни со намирници се самоубила?




Факт е дека жената се движела по улица или преминувала улица на место каде што не е обележано. Факт не е , ама претпоставка со голема веројатност дека е точна е дека комбето возело споро, со оглед на локацијата. Кај министерство за култура и да сакаш не можеж да возишбрзо во рикверц.
И на крај! Каде се градот и општина Центар ( во случајов) да го средат сообраќајот, да ги ослободат тротоарите и да обезбедат непречен и безбеден сообраќај. И за пешаци и за велосипедисти и за “автомобилисти“. Тротоариет се претворени во паркинзи, мест за безбедно движење на пешаците нема. ВО Дебар маало, нема воопшто. Лапање 30или 45ден/час не е регулирање на сообраќај. Тоа е само пополнување на општински буџет. Градов е хаос. Треба сериозна и обемна студија за да се разрешат сообраќајните проблеми.
Баче со тебе се согласувам дека градските власти се најодговорни во случајов. Условите за возење се ужасни, и не само во Дебар маало. Криви се властите општо и на државно ниво, пошто полицијата скоро па НИШТО не работи (и ова е одлика на сите влади, не наоѓајте сега ситнопартиски поентирања таму каде што ги нема).

Но не се согласувам за тоа дека жената е единствената одговорна. Возачот е повеќе одоговорен, обврска му е да биде 100% сигурен дека може да вози во рикверц пред да тргне. Ако не е сигурен, не смее да тргне. А женава како што сам кажуваш, не можела да оди по тротоар и да сака, заради паркираните возила. Има и некои што не требало сами да се на улиција, ама ете се. Да ги испогазиме сите?

На крајот, затоа во поразбрани држави достава на продукти со закони е одредени кога се врши, а колку што знам најчесто се врши (достава) само многу рано наутро кога е најмала активноста.
Е сега овде кај нас ни топла вода не можеме „да измислиме“ и да примениме правила кои докажано функционираат подобро. Автоматски пешаците се криви. Не дека не се, често криви. Но често и не се. А тогаш возачите се кривите.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Пример оној што со камион изгази старец кај окта бензинската на булевар Србија.
А реалноста е дека конкретно тој случај било самоубиство...
Во ред за тој случај, ама што правиме за овој и за стотиците други? Сите самоубиства?
Женава имала историја на обиди за самоубиства? Со кеси полни со намирници се самоубила?

Па и за тој случај чинам на ѕидот на срамот се плукаше по возачот, се редеа слични коментари на овие тука, возел брзо, сите тие возачи на товарни возила аздисувале, цело време брзале негде.
Затоа сакав да посочам со тој случај дека предвреме донесување на заклучоци седејки само пред компјутер без да ги знаеш целосно сите информации е нонсенс.

А дека треба одговорност и внимателност од сите учесници од сообракајот, за тоа се согласувам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Порано имапе знаци таму, забрането за товарни возила. Бизнисмените си ги извадија. Таму од достава освен рикша и пијаџо не смее да се помисли нешто друго ама на кого кажуваш. Во Њујорк тоа со децении го нема, во Антверп, Прага, Берлин, Копенхаген

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Порано имапе знаци таму, забрането за товарни возила. Бизнисмените си ги извадија. Таму од достава освен рикша и пијаџо не смее да се помисли нешто друго ама на кого кажуваш. Во Њујорк тоа со децении го нема, во Антверп, Прага, Берлин, Копенхаген

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Каде? На Буњаковец тоа? Или кои бизнисмени? Со Хеликоптери да почнат да доставуваат таму? Пола тон хајнекен на пјаџо ли да носат?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Па и за тој случај чинам на ѕидот на срамот се плукаше по возачот, се редеа слични коментари на овие тука, возел брзо, сите тие возачи на товарни возила аздисувале, цело време брзале негде.
Затоа сакав да посочам со тој случај дека предвреме донесување на заклучоци седејки само пред компјутер без да ги знаеш целосно сите информации е нонсенс.

Мене ми се чини дека овде е дијаметрално спротивна ситуацијата, од таа фејсбук страница. Како што таму безобзирно напаѓаат, така овде безобзирно бранат. И исто без да се знаат сите информации.

Муабетот ми е дека вакви случаи има се почесто, а најодговорните најчесто не се повикувани. Тие што се одговорни за сообраќајот, тие што дозволуваат паркирање на тротоари, достава на производи 24/7, тие што не казнуваат сообраќајни прекршоци во 29 денови од месецот.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305


Не велам дека жената е најодговорна. Одговорноста ја префрлам најмногу на градската односно општинска власт ( се согласувам без оглед на партија на власт), но факт е дека не поминала на обележан премин!! Читам по ФБ сите фрлаат дрва и камења по возачот. Јас лично не би му ја префрлилл целосната одговорност. Посебно заради то што возел рикверц. Да возел право друга би била ситуацијата.
Проблемот е што таму има пазар и голем број дуќани, а Партизанска ја затворија со стубчињаа и единствен канал за достава на роба е тоа тесното уличе. Значи план, организација и мозок за функционирање на граѓанството и стопанството-НУЛА!!! Тука е поентата!!!
И да , знаете процентуално пешки или на точак кој најмногу поминува на црвено?  Пензионерите. Имаат многу работа и немаат време за чекање.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Порано имапе знаци таму, забрането за товарни возила. Бизнисмените си ги извадија. Таму од достава освен рикша и пијаџо не смее да се помисли нешто друго ама на кого кажуваш. Во Њујорк тоа со децении го нема, во Антверп, Прага, Берлин, Копенхаген

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Каде? На Буњаковец тоа? Или кои бизнисмени? Со Хеликоптери да почнат да доставуваат таму? Пола тон хајнекен на пјаџо ли да носат?
Па на што да носат? На подморница да не сакаш да носат...


Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=130980

Неможам да си дојдам при себе упм. Тешка сообраќајна несреќа пак во овој крај, ама не се српски државјани него „наши“ луѓе познаници. Една кола удрила во трактор кој бил необележан а од спротива идело друга кола, и овој бил заслепен и директ удрил во тракторот со прилично голема брзина. Од неофицијални информации, поточно од пумпаџијата на макпетрол кој ми рече да не возам натака, биле тројца во колата од кој едниот жител на Јосифово, младо дете дали 30год има, загинал на лице место, распарчен на два дела а другите двајца во тешка состојба. Имало повредени и на тракторот.  Сега кога се враќав од таму, колата беше цела исчукана од сите страни и беше превртена на кров, а од тракторот го видов само задното крило, беа излетани од патот. Имаше полиција на еден земјен пат, така седеа во кола.

Би требало да има повеќе информации во текот на денот, што и како се случило. Имаше и многу други случки кои секундии фалеа за сообраќајна ама не е битно тоа сега. Само жалосно е ова што се случува по патиштава.  :(

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Што се случува, сами си прават луѓево со сила, дали се самоубијци или толку не мислат со главата... Скоро секоја вечер наидувам или на необележан точак или трактор, еден точак дури ќе го соберев лани баш поради тоа што ме заслепи тој од карши.

За тоа у затвор би ги носел директно, и трактористи и велосипедисти и оние циганите што сечат дрва а се возат навечер без ниту едно светло.

Сега погодете по кој ќе се сере? Стандард по тој со колата, не ја прилагодил брзината според условите на патот, my ass...

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Реално и самите возачи сме криви на тој пат, баш поради тоа. До тоа место има знак завршува населено место Јосифово и после него има знак 70, ама дека е право пушка сите возат над 100км/ч, па и јас возам 90-100 ама кога нема никој на патот бе брате мили, а кога има кола/коли од спротива поднамалувам на 70-80, ама џабе е се ако има некој будала ваков со необележан трактор. Најголемиот виновник е тракторот во случајот. Кога и да налетам на ваков, легнувам на свирка да му текни ама не помага ова за жал. Еднаш ги пратев на една лоша кривина два трактора, еден по друг со приколка, нормално необележани, со четири жмигавци возев едно 5км да стигнат до населено место кое има улични и колку толку да се гледат, нормално после тоа следуваше свирка.

За жал згасна млад живот, голем човек беше, не и се израдува на малата ќеркичка. Синоќа во негова чест не се одржа турнирот во мал фудбал во Јосифово а и локалниот кафич исто не работеше. Нека почива во мир, а на повредените лесно опоравување. Памет во глава за сите.