Денес ме акна скутерче во 159ката. Ме потресе бајаги кога падна детето/дечкото. Среќа не беше повреден.
Си стана, „ок, ништо не ми е, ок сум ок сум“ и си кидна со нерегистрианиот скутер. Ни таблица ни бутур.
Јас си останав доста растревожен, со мала грепка на браник и вдлабнатина на лева задна врата. 
Ако не бил регистриран и осигуран требало да викнете полиција. Не е тоа така, треба некој да ја надомести штетата.
П.С Во реалност има многу технички неисправни такви „возилца“, кои се ризик по сообраќајот.
Прво, детето беше спремно да здува, тоа и го напраи. Него штетата на кинезот сигурно нема да му биде поголема од казната за нерегистриран и (веројатно) без дозвола), а да не збориме и штетата што треба да ја надокнади.
Второ, имав многу, многу, многу, многу побитна работа отколку да чекам полиција сам, да праам записници на слепо, или (недајбоже) да го бркам детето за да „признае“ пред полиција дека ме акнал.
Среќа се заврши без поголеми штети и уште побитно без повреди и посериозни здравствени последици.