Една многу интересна дешавка на близок семеен пријател во Луксембург, среќа не е сообраќајка, но сепак е дешавка.

Со девојката секоја година патуваат низ Европа, оваа година им беше финална цел Луксембург кај нивни пријател, и пропратно се шетаа низ околните земји со што направија 9800 километри во 18 дена. При самото пристигнување во Луксембург, првата точка на преспивање им била во некој камп, каде колата ја оставиле на паркинг а шаторот малку подалеку од колата. Забележале дека покрај многуте европски коли, имало и едно грчко возило, но не му дале многу значење.
Следното утро се будат, пакуваат шатор и се упатуваат кон колата, кога забележуваат дека поголем дел од возилата на паркингот веќе ги нема, но ги нема и таблиците од нивната кола - нивна претпоставка е дека грците ги собрале таблиците и ги џитнале некаде, само да направат штета...
Тука нормално имаш паника, не знаеш што да правиш, прва помисла им била да тргнат на пат кон некоја амбасада наша, но потоа се сетиле да пријават во полиција, со цел записникот да им служи како документација за излез од ЕУ и влез кај нас дома, а и во случај полиција да ги контролира по пат бидејќи возат без таблици. Полицијата во Луксембург прв пат се сретнала со ваков проблем, но решението што им го предложиле било извонредно - да се јават во МВР кај нас, да добијат потврда дека возилото е легално и регистрирано, потоа во Интерпол за да се уверат дека нема потерница по истото, и финално, ако се е во ред, за 30 евра да им направат таблици со цел да го продолжат патувањето. EDIT:
Се ова средено во текот на еден работен ден!Така, Голфот на пријателот за кратко време ги имаше можеби најретките таблички во Европа:


Се вратиле овде без проблем, си извади нови таблици, и така.

Сега таблиците си ги има како сувенир од патувањето.
