Денеска дешаванка, инспирирана од сообраќајката вчера со Аудито.
Од Климент охридски кај влада вртам лево на илинденска и одма ме претицаат Caddy TDI и Passat нов бел. Кај фонтаната натаму према зоолошка се тркаат двајцата од семафор до семафор. Јас си возам лагано и цело време сум зад/до нив. Кај зоолошка тргаат двајцата, тргам и јас и кај бивша американска амбасада на семафорот прикочуваме јас и пасатот а кедито продолжува на црвено. На следните семафори кај машински застануваме јас и пасатот а тој со кедито со 100+ прелетува на црвено право према МИДА. Застануваме со пасатот еден до друг, јас почнувам да си пцујам ко по обичај, се завртувам лево случајно и гледам на пасатов се отвара прозор.
Повозрасен човек возачот, ми вика: да го стигнеме гомново и да го научиме дека се застанува на семафор?
Јас се поклонувам у му викам: побрз си, lead the way.
Почнува момент за мене ко у старите вестерни. Накривувам капата,

префрлам на бензин, повишувам гас.....

Се пали зелено гас и двајцата, лансирање и го стигнавме следниот семафор кај МИДА и ете ти го кедито стои за во лево према педагошка. Пасатот застанува на средна лента од негова десна страна и му се залепува, јас му се залепувам веднаш позади него. Се пали зелено тргаме тројцата а ние двајцата залепени од страна и зад него. Стиска фраеров на гас, стиска и пасатот стискам и јас. Мене ми бега 10 метра ама се држам позади и ете ти го жмигавец дава десно за накај бензинската, прикочува пасатот му прави место, врти овој десно, врти пасатот, вртам и јас. Застанува кедито тука пред бифето, се залепувам јас позади него а пасатов оди пред него и му блокира пат онака на косо.
Излетува типот од кедито, скокам и јас од кола, излегува и стариов од пасатот. Момаков од кедито почнува одма: е добро де поминав на црвено,. немаше никој и сеа шо е проблемот?
Човекот од пасатот: младиќу, ако мораш да поминеш на црвено прво ќе застанеш па ако е безбедно ќе поминеш, а не со 100+ да прелетуваш. Дали се разбираме.
Типот од кедито: океј океј, моја грешка лошо проценив. Се извинувам.
Јас: ајде поздрав, да се гледаме за убаво.
Двајцата си влегоа во колите, јас си влегов во лижавчето и си заминавме по дома.