Крајно, крајно глупаво решение, ама таму општо е глупаво решен сообраќајот. На излезот од катната, мораш кон Партизанска па кон Влае. Тоа е океј, ако живееш натаму. Ама ако не, треба или лево на излезот преку дупла пуна, или на Партизанска полна лева па назад, или низ Тафталиџе, или низ Карпош 4 (и таму пак да заглавиш ради колоната на влезот во Сити Мол).
Излезот од катната гаража плаче за еден кружен. Плаче. И така ја проширија улицата, можеа еден мини-кружен да напраат, и така нема таму многу сообраќај, а ќе се решат многу проблеми.