Правилото тука е да се почне од себеси и да си толку упорен што на другите ќе станеш пример. Во возењето го практикувам баш тоа, особено со врзување на појаси на сите окупирани седишта (што ми успева само кај помлади патници).
Таа навика ја стекнав од Дени, уште пред неколку години, и активно ја практикувам и за мене, и за патниците кога возам. Другарките ги гледам веќе се опаметиле и си врзуваат појаси и во други коли, не само во моја.

Малку по малку, ќе ги научам сите.
