Гледа знак 40,гледа механизација на пат работи,пола патот затворен(од 3 ленти се вози на 2) тој вози 110 и после незнам кој е крив.
Абе он проценува дека има услови на патот за повеќе, сигурен е во механиката на својата кола, знае дека тие знаци се од 72-ра кога се возело стоеден, знае дека има гуми што копаат у место од премиум бренд, знае дека е најпаметен од сите, другите глупи се возат пунто од 1200 кубика или Спарк и затоа возат 40, не за друго. Кој ***ац нашол он со Сеиченто да вози 40 на знак 40, прави застој во сообраќајот и ја загрозува безбедноста во сообраќајот, јебига, мора така иначе ветер ќе го дувне.
Не чинат и знаците и луѓето. За луѓето е зборувано, малку за знаците:
Знаците се ставаат се со цел да се казнува. Зошто пола Македонија има знак 50-60? Сите возат 80-120 таму. Во селата нереално е да се очекува да се намали на 40. Јас намалувам на 60, но другите воопшто не кочат, си минуваат со 80-100 по селата.
Исто така кaj нас стојат знаци 20 и 30 уште 10 години откако завршила работата на патот. Немаат смисла знациве, имам вчечаток дека повеќето не ги ни забележуваат.
Доаѓа пријателка што живее во Америка на одмор тука и го носи малиот со себе кој има 5 години и е роден во Америка и прв пат доаѓа тука.
Карши МТВ (таа населба се вика Крњево, му доаѓа источно од факултетите) се работеше на улицата и паркингот и поставиле градежна механизација а се движат и коли тука и луѓе, пошто од тука се проаѓа за накај куќите.
Шетаат пријателкава со малиов покрај механизацијата и малиов вика:
„Why is this worker just sitting in the vehicle and not working? Why it isn't safe to walk in here?“
А пријателкава му вика кратко и јасно: „Because this is Macedonia and that's why we are not living here“.
Затоа што и децата на 5 години ја знаат важноста за исправноста на поставените знаци, знаат каде треба, знаат какви знаци и знаат кога треба и знаат општо за дисциплината во општеството.
Овде кај нас магариња, експерти градежни работници, градежни инженери, менаџери и функционери, инспектори и останати штетници се тотално неспособни и неписмени и недисциплинирани. Меѓутоа рибата смрди од главата, не се они сосем криви, примарно крив е тој што им дозволува таква атмосфера и такво куропецање на работните места.