Читам и се срамам,просто се срамам.Кои муабети човече,бог да ги прости загинатите со несоодветно возило тргнале во Грчка на одмор,кој им е крив што загинале и што оставиле детенце сираче........Па дали сте свесни што зборувате,дали размисливте малку што јавно кажувате?
Па повеќето форумџии возат средна ниска класа на возила не понови од 2008 година,и некој со два грама мозок со некој СУВ од 2.5тона ви влезе во ваша лента и ве направи масакар цела фамилија ќе си речете јас сум крив не возам мерцедес Е класа од 2015 и затоа ми загина сопруга,мајка,дете?
Загинатите ни најмалку не се криви,гарант си возеле 50-70км што е и реално безбедна брзина на таа делница,целата вина ја носи гастарбајтерот,требало возачот на автобусот да не изреагира на тој начин што свртел да го избегни аудито,туку дирекно да го тресне и да го врате едно 50м назад каде и што му е и местото.
Патиштата се такви какви што се,дно дна ама има едно правило,приспособи ја брзината според усовите на патот и придржувај се кон патната сигнализација,не сакам и не морам на знак 80 јас да возам 100,можам и ќе се возам 70-60,ако на некој му смета слободно нека најде безбедно место и време и нека ме претекне,шансите да изреагирам навреме и да закочам ако некој будала ми испадне во моја лента се поголеми отколу да возам 100км/ч.
Тие што го извртеа муабетот дека возилото не било соодветно,не било безбедно,па и почнаа да прават математики и споредби што е подобро да се купи ги ставам во ист кош со гастербајтерот,размислувањето и степенот на зрелост паралелно со нивото на интелигенција им се исти.