Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3258037 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11020
  • Ќybriт Pro Max
Луѓето ако не биле воспитани на време, може да се воспитаат низ текот на времето. Истите тие луѓе (ауди со странски таблички), не се однесуваат така во земјите од кај што го изрентале возилото.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55063
  • Махер
држи вода муабетот,ама што правиме со просечна плата од 22000 денари?нема се ни за нов саглам точак,не па за нова кола.да бидеме малку реални во муабетот.ако некој неодговорно вози,неможе ти да си крив што си возел сеиченто или некое друго мало возило.патиштата се праени и за тие возила,не само за волови во ауди.
Не е важно кој е крив. Тоа е поентата. Загинати се луѓето. Види ја разликата горе во удар на Сеиченто и W210 е класа, а цената на тие две коли не е многу различна денес.
Може цените на двете возила како W210 и Сеиченто не се голема разлика ама одржувањето и тековните трошоци се прилично големи.Прво човек со ниски примања нема да може да си дозволи регистрација од околу 400 евра со зелен картон, гуми поскапи 3 пати или повеќе, сервисирање и резервни делови исто така.
Животот пари вреди.

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
држи вода муабетот,ама што правиме со просечна плата од 22000 денари?нема се ни за нов саглам точак,не па за нова кола.да бидеме малку реални во муабетот.ако некој неодговорно вози,неможе ти да си крив што си возел сеиченто или некое друго мало возило.патиштата се праени и за тие возила,не само за волови во ауди.
Не е важно кој е крив. Тоа е поентата. Загинати се луѓето. Види ја разликата горе во удар на Сеиченто и W210 е класа, а цената на тие две коли не е многу различна денес.
Може цените на двете возила како W210 и Сеиченто не се голема разлика ама одржувањето и тековните трошоци се прилично големи.Прво човек со ниски примања нема да може да си дозволи регистрација од околу 400 евра со зелен картон, гуми поскапи 3 пати или повеќе, сервисирање и резервни делови исто така.
Животот пари вреди.
Да, животот вреди пари ама не сите можат да ги заработат колку и да работат.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2221
Читам и се срамам,просто се срамам.Кои муабети човече,бог да ги прости загинатите со несоодветно возило тргнале во Грчка на одмор,кој им е крив што загинале и што оставиле детенце сираче........Па дали сте свесни што зборувате,дали размисливте малку што јавно кажувате?
Па повеќето форумџии возат средна ниска класа на возила не понови од 2008 година,и некој со два грама мозок со некој СУВ од 2.5тона ви влезе во ваша лента и ве направи масакар цела фамилија ќе си речете јас сум крив не возам мерцедес Е класа од 2015 и затоа ми загина сопруга,мајка,дете?

Загинатите ни најмалку не се криви,гарант си возеле 50-70км што е и реално безбедна брзина на таа делница,целата вина ја носи гастарбајтерот,требало возачот на автобусот да не изреагира на тој начин што свртел да го избегни аудито,туку дирекно да го тресне и да го врате едно 50м назад каде и што му е и местото.

Патиштата се такви какви што се,дно дна ама има едно правило,приспособи ја брзината според усовите на патот и придржувај се кон патната сигнализација,не сакам и не морам на знак 80 јас да возам 100,можам и ќе се возам 70-60,ако на некој му смета слободно нека најде безбедно место и време и нека ме претекне,шансите да изреагирам навреме и да закочам ако некој будала ми испадне во моја лента се  поголеми отколу да возам 100км/ч.

Тие што го извртеа муабетот дека возилото не било соодветно,не било безбедно,па и почнаа да прават математики и споредби што е подобро да се купи ги ставам во ист кош со гастербајтерот,размислувањето и степенот на зрелост паралелно со нивото на интелигенција им се исти.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55063
  • Махер
И они така возеле, нажалост. :( :( :( :( :(

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8185
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Ако се сложиме сите, тогаш форумов не би постоел.

И они така возеле, нажалост. :( :( :( :( :(
Баш.

Нема да цитирам никој друг од причина што нели секој го перцепира од неговата ментална структура.
Стојам зад кажаното, истата ситуација со некој седан со слична цена и со 6-8 аирбега наместо сеченто би имала не толку трагичен завршеток.

Нит му правам домашен есап дали имале да купат друго освен Сеиченто, нит ги обвинувам покојните, нит му судам дали требало со таква кола да тргнат кај шо тргнале или не требало.

Искрено прво на ум што ми дојде: Ебати животот на детенцево сега...

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8185
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Истата ситуација со некој седан со слична цена и со 6-8 аирбега наместо сеченто би имала не толку трагичен завршеток.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8185
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Истата ситуација со некој седан со слична цена и со 6-8 аирбега наместо сеченто би имала не толку трагичен завршеток.
Ме разбирате? Дебатираме! Не судиме и обвинуваме!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8185
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Пират , знаеш зошто е зголемена несигурноста на патиштата од тоа купување „седани“ мерцедес, гољф и слично , стари и по 20 години.......најитно треба да престане овај циркуз со увоз на стари возила не еуро 3 него еуро 4 и 5 стандарт увоз исклучиво.....носење закон сите возило до 10000 евра да одат или со ддв од 5% или без ддв  и без царина.  Така да да можеме да купиме киа рио, горд фиеста , пежо 208 наместо за 14.000 за некој 9000. Спарк наместо за 9000 да е 6000.А тие седани кои ги изнакупивте (најчесто за фрцкање пред женски во замена за малите куриња), се жив ризик, најсчесто со неисправен кочнички систем и управувачки систем. Жива опасност. Шугавиов Грујо ја претвори Македонија во најнебезбедно место за живеење од многу аспекти, па дури и како учесник во сообраќајот.
Зошто си ја квариш економската стручност со фетишот за мали куриња?

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1179
Мој став друже..не осудувам никого по колата, осудувам по однесувањето.........А однесувањето е од дома...и се рефлектира на сегде...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Што кола возиш?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34201
  • Таков е животот... јебига
Форумов е доказ дека не постои Господ.

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
И дека има тешки клошари и лоши луѓе.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Човек пролив да фати од муабетиве за колите и од „интелигенцијата“ на некои членови, да не ги набројувам кои.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29894
    • CARclub.mk
Аудито го претекнувало Сеичентото, шоферот во автобусот во тој момент на адреналин и паника свртел во лево наместо на десно. Никој од нас не знае како би изреагирал во таква ситуација.

Тој со Аудито е максимално крив. Шоферот на автобусот си сноси одговорност.

Луѓето во Сеичентото ни криви, ни должни, среќни со детенцето си оделе на одмор. Лесна им земја, стварно ми е жал. Особено ми е жал за детенцето што ќе расте без родители. Тоа ваква кола возеле, онаква кола возеле.. Дека има побезбедни возила, има. Дека можеби полесно ќе поминеле во друго возило.. Можеби. Ама секој со своите можности, услови и примања. Секој друг муабет е излишен.